Спорт
Најголемиот неуспех во историјата на Реал ќе игра во Премиер лигата?
Еден Азар е слободен играч откако го раскина договорот со Реал Мадрид. Под знак прашалник е каде ќе ја продолжи кариерата, но познато е дека интерес покажал и Ал Наср. Клубот од Саудиска Арабија доби конкуренција во трката за Азар, бидејќи за Белгиецот се распрашува и Кристал Палас.
Многумина го окарактеризираа Азар како најголемиот неуспех во историјата на Реал Мадрид бидејќи шпанскиот гигант за него одвои рекордни 115 милиони евра за трансферот од Челзи во 2019 година, а за неговата плата издвои уште 30 милиони.
За возврат од него на 76 натпревари, доби седум гола и 12 асистенции.
Минатата сезона, Азар собра само 392 минути во Реал Мадрид, на вкупно 10 натпревари, постигна еден гол и забележа две асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Овиедо назначи нов тренер, трет од почетокот на сезоната
Овиедо го назначи Гилермо Алмада за свој нов тренер, објави клубот на социјалните мрежи.
Алмада е третиот тренер на Овиедо од почетокот на сезоната, по Вељко Пауновиќ и Луис Карион.
Клубот се врати во Примера по 24 години, моментално е на 19-то место на табелата со само десет освоени бода. По отпуштањето на Пауновиќ, беше доведен Карион, кој не успеа да забележи ниту една победа.
Алмада до оваа недела тој го водеше Ваљадолид, а на име на надомест, неговиот поранешен тим ќе добие 400.000 евра од Овиедо.
Алмада е Уругваец, а претходно успешно работеше во Мексико каде што ги водеше Пачука и Сантос Лагуна.
Foto/ freerangestock
Спорт
(Видео) Дончиќ ги честеше соиграчите и вработените во ЛА Лејкерс
Лука Дончиќ реши да им оддаде почит на своите соиграчи и вработени во Лос Анџелес Лејкерс пред Божиќ. Словенечката мегаѕвезда купи 103 електрични велосипеди и им ги подари на луѓето во клубот, а Лејкерси објавија видео во кое можете да видите како играчите на Лејкерси реагираа на тоа.
„Тој купи подароци за сите во кошаркарските операции, мислам дека имаше вкупно 103 подароци. Многу, многу квалитетен електричен велосипед, па со нетрпение очекувам да возам до плажа. Едвај чекам. Навистина убав гест од него. Момците навистина уживаа“, рече Џеј Џеј Редик, тренер на Лејкерси.
The squad loved Luka's Christmas gift 🙌 pic.twitter.com/xJf5WiQcnc
— Los Angeles Lakers (@Lakers) December 17, 2025
Велосипедот што Дончиќ им го подари на своите соиграчи е „Pedal All-Wheel Drive S“, кој моментално се продава за 3350 долари (околу 2860 евра) по парче.
На другите вработени им подари малку поевтин „Pedal H/T“, чија цена е 2250 долари (околу 1920 евра). Според таа пресметка, се проценува дека Дончиќ потрошил вкупно околу 300 илјади долари, или околу 250 илјади евра, за велосипеди.
Ова не е прв пат Дончиќ да им подарува електрични велосипеди на соиграчите и другите вработени во клубот за Божиќ. Тој го стори истото пред две години кога сè уште беше играч на Далас Маверикс.
Спорт
Маж осуден на 21 година затвор за нападот на парадата во Ливерпул
Британец кој со автомобилот се заби во навивачите на Ливерпул за време на прославата на титулата во Премиер лигата во мај 2025 година е осуден на 21 година и шест месеци затвор.
Пол Дојл, татко на три деца од Крокстет и поранешен член на Кралските маринци, повреди 134 лица, вклучувајќи осум деца, за само две минути кога со автомобилот се заби во толпата.
Овој 54-годишен маж е осуден на 21 година и шест месеци затвор откако призна 31 точка од обвинението за инцидентот.
Судот ги потврди тврдењата на полицијата дека Дојл го користел својот автомобил „како оружје“ во напад на бес на парадата на победата на 26 мај.
Дојл се бранеше велејќи дека бил „во паника“, кога се случил инцидентот, плашејќи се за својот живот, но снимките од неговата камера на автомобилот, како и снимките од безбедносните камери, покажаа дека го изгубил трпението и намерно возел „низ луѓе“ во напад на бес.
Полицијата во Мерсисајд го опиша фактот дека никој не е убиен во нападот како чудо.
Foto/ depositphotos

