Спорт
Нејмар финансиски му помага на обвинетитот за силување Дани Алвеш
Познатиот бразилски фудбалер Дани Алвеш е во притвор речиси една година. Обвинет е дека во ноќем клуб во Барселона, кон крајот на 2022 година силувал девојка. Обвинителството побара максимална казна од 12 години затвор.
Иако Алвеш ги негираше овие наводи, адвокатите на девојката сметаат дека имаат доволно докази кои ќе бидат презентирани на судењето кое ќе започне на 5 февруари, додека фудбалерот на секој начин се обидува да се „одбрани“.
Алвеш побарал помош од својот долгогодишен соиграч од Барселона и бразилската репрезентација, еден од најдобрите светски фудбалери Нејмар.
Според бразилските медиуми, тој од него побарал финансиска и правна помош за да избегне затворска казна.
Наводно, Нејмар веднаш се согласил да му помогне, бидејќи верува дека Дани Алвеш е невин. Нејмар му префрлил 150 илјади евра за да му помогне на славниот дефанзивец.
Како што пишуваат бразилските медиуми, парите биле префрлени на Судот во Шпанија заради „обесштетување на оштетениот“, што на крајот може да влијае на намалување на казната на Дани Алвеш. Како е тоа можно не е сосема јасно, но се наведува дека таков закон постои во Шпанија.
Исто така, Нејмар го ангажирал Густаво Чист, еден од најдобрите и најстарите адвокати кој работи во компанијата на таткото на Нејмар, додека Динора Сантана е „отстранета“ од случајот. Тој беше ангажиран од поранешната сопруга на Алвеш и се чини дека Алвеш не му верува целосно.
Да потсетиме, Дани Алвеш е еден од најдобрите десни бекови на сите времиња и вториот најтрофеен фудбалер во историјата на овој спорт. За време на неговата богата кариера, тој освои 44 трофеи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Познато е кој ќе настапи на ждрепката за СП пред Доналд Трамп
Британскиот пејач Роби Вилијамс и американската диско група Вилиџ Пипл ќе настапат на претстојното извлекување на групите за Светското првенство.
Извлекувањето ќе се одржи во центарот „Кенеди“ во Вашингтон во петок во 18 часот, а на него ќе присуствува и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Вилиџ Пипл ќе ја изведат својата иконска песна од 1970-тите, „YMCA“, која неодамна стана синоним за предизборните митинзи на американскиот претседател.
Пи-ар службата на Трамп објави дека претстојното Светско првенство во фудбал е национален проект број еден за претседателот и дека тој ќе дејствува така и во неговата организација.
На извлекувањето ќе учествуваат 48 национални тимови, кои ќе бидат поделени во 12 групи.
Foto/ EPA
Спорт
Влаховиќ ќе паузира најмалку три месеци
Лоши вести за Јувентус кога е во прашање Душан Влаховиќ. Српскиот репрезентативец ќе мора да се оперира и ќе отсуствува долго време.
Повредата на мускулот против Каљари е толку сериозна што српскиот напаѓач ќе мора да се оперира. Одлуката е донесена, единственото прашање е каде ќе биде извршена операцијата..
Според прелиминарните проценки, Влаховиќ ќе паузира до март.
Оваа сезона, Влаховиќ постигна осум гола на 20 натпревари во сите натпреварувања, од кои само три беа во Серија А. Договорот на Влаховиќ со Јувентус истекува на крајот од сезоната, а сè уште не е постигнат договор за продолжување на соработката.
Foto/ EPA
Спорт
Ефес до февруари без Шејн Ларкин
Најдобриот играч на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин, успешно е опериран во САД, објави неговиот клуб во средата.
Ларкин се повреди кон средината на ноември на натпреварот со Валенсија, а операцијата на тетивата на левата препона е успешно извршена, според соопштението на турскиот клуб.
Искусниот бек-шутер ќе паузира два месеци, па неговото враќање на теренот треба да се очекува дури на почетокот на февруари следната година.
Американскиот кошаркар со турски пасош ја игра својата осма сезона во Ефес, а пред повредата во Евролигата постигнуваше просек од 15,8 поени и 4,5 асистенции.
Foto/ EPA

