Спорт
Најмладиот дебитант во историјата на Спортинг пристигна на „Стенфорд бриџ“

Челзи го официјализираше своето прво засилување во летниот преоден рок. Играчот од средниот ред Дарио Есуго од Спортинг се пресели на „Стенфорд Бриџ“.
20-годишникот, кој минатата сезона ја помина на позајмица во Лас Палмас, потпиша договор со Челзи до 2033 година.
Есуго игра за младата репрезентација на Португалија, а минатата сезона одигра 27 натпревари за Лас Палмас. Тој е продукт на академијата на Спортинг и е најмладиот дебитант во Спортинг. Со само 16 години и шест дена кога играше за првиот тим.
Се очекува Челзи наскоро да го официјализира доаѓањето на Лиам Делап од Ипсвич.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Второ полуфинале на Лигата на нациите – Франција сака да ѝ се одмазди на Шпанија за поразот на ЕП
Победниците на последните две изданија на Лигата на нации, Шпанија и Франција во Штутгарт ќе го одиграа второто полуфинале, по што ќе биде познта противникот на Португалија во финалето. Португалците синоќа ја победија Германија со 2.1.
Дуелот помеѓу Шпанија и Франција ќе биде реприза на финалето од сезоната 2020/2021 и полуфиналето на ЕУРО 2024.
Шпанија стигна до полуфиналето по драматичната победа над Холандија во четвртфиналето.
По нерешениот резултат 2:2 во Ротердам, а потоа и трилерот 3:3 во Валенсија, „црвената фурија“ победи во изведувањето на пенали со 5:4, благодарение на победничкиот шут на Педри.
Шпанците се победници од 2023 година и второпласирани од 2021 година на ова натпреварување.
Со свежи спомени од освојувањето на ЕУРО 2024, тие се враќаат во Германија со надеж за нов триумф.
Иако недостасуваат клучни играчи кои победуваат во натпреварите како Карвахал и Родриго, тренерот Луис де ла Фуенте има способност да го извлече максимумот од помалку искусните фудбалери кои горат од желба за победа.
Минатото лето, Јамал и Олмо ѝ зададоа клучни удари на Франција во полуфиналето на Европското првенство.
Дали „црвената фурија “ има сила за уште еден подвиг?
Франција, исто така, стигна до полуфиналето преку пенали, откако се врати од негатива од 2:0 во првиот натпревар против Хрватска.
Михаел Олисе и Усман Дембеле го израмнија вкупниот резултат во Париз, потоа Мајк Мањан го одбрани решавачкиот пенал, додека Дајо Упамекано го постигна победничкиот гол во уште едно изведување на пенали кое заврши 5:4.
Французите ќе сакаат да и се реваншираат на Шпанија за поразот во полуфиналето (1:2) на ЕУРО 2024.
Со седум играчи кои играа во финалето на Лигата на шампионите, прашањето е како Дидие Дешан ќе ги подготви за натпреварот, кој може да биде клучен за исходот од натпреварот.
Повредите на тројца од четворицата стандардни дефанзивци го принудија тренерот да ги промени своите планови.
Можни состави:
Шпанија: Унаи Симон – Мингеса, Кубарси, Хујсен, Кукуреља – Педри, Руиз – Јамал, Олмо, Вилијамс – Мората
Отсутни: Родри, Карвахал, Лапорт, Ајозе Перез, Феран Торес
Франција: Мењан – Калулу, Конате, Ленгле, Ернандез – Коне, Рабио – Дембеле, Олисе, Дуе – Мбапе
Отсутни: Камавинга, Кунде, Салиба, Упамекано
Спорт
Алкалоид го освои ЕХФ Еврокупот за сезоната 2024/2025

Фото/ facebook.com/rkalkaloid
Ракометниот клуб Алкалоид од Скопјe е победник на ЕХФ Еврокупот, објави Европската ракометна федерација (ЕХФ).
Според одлуката на ЕХФ, реваншот од финалето е регистриран со службен резултат 10:0 за Алкалоид, по одлуката на грчки АЕК да не излезе на теренот, во дуелот што требаше да се оигра на 25. мај во Скопјe.
Алкалоид го доби првиот натпревар во Атина со 29:25, со што го освои трофејот со две победи во финалето.
„Ракометниот суд на ЕХФ ја донесе својата прва одлука во врска со случајот покренат по откажувањето на реваншот од финалето на Еврокупот помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК Атина, првично закажан за 25. мај во Скопјe.
Ракометниот суд утврди дека АЕК бил должен да го одигра закажаниот натпревар. Со одбивањето да го стори тоа, клубот ги прекршил релевантните прописи на ЕХФ и затоа е одговорен“, соопшти ЕХФ.
„Првиот финален натпревар заврши со победа од 25:29 за Алкалоид. Затоа, Алкалоид е победник на Еврокупот за мажи за сезоната 2024/2025, вклучувајќи ги сите последици и придобивки што произлегуваат од оваа титула. Секоја жалба против овие одлуки нема да има суспензивен ефект“, се вели во соопштението.
Одлуката се однесува само на аспектите на случајот поврзани со натпреварувањето, а во тек се посебни дисциплински постапки поврзани со одбивањето да се игра натпреварот, поврзаната компензација и распределбата на билетите, се додава во соопштението.
АЕК може да поднесе жалба до Апелациониот суд на ЕХФ во рок од седум дена.
Ракометарите на АЕК одбија да играат бидејќи на грчките навивачи кои немаа билети за натпреварот не им беше дозволено да влезат во арената „Борис Трајковски“, иако претходно беше објавено дека за навивачите на АЕК биле обезбедени само 200 билети од безбедносни причини.
Не е прв пат оваа сезона АЕК да биде вклучен во инциденти, откако натпреварот против Партизан во Белград не се одигра на 30 март поради немири. Како домаќин, Партизан мораше да игра во реваншот од четвртфиналето во Шумен, Бугарија, и загуби по изведување пенали.
Еврокупот е трето по ранг европско клупско ракометно натпреварување, по Лигата на шампионите и Европската лига.
Алкалоид стана третиот македонски клуб со европска титула. Претходно Кометал Ѓорче Петров во 2002 година и РК Вардар во 2017 и 2019 година триулфираа во Лигата на шампионите.
Спорт
Расел Мартин ги презеде „полицајците“ од Глазгов

Англискиот стручњак Расел Мартин е новиот тренер на Глазгов Ренџерс.
Мартин потпиша тригодишен договор со челниците на клубот од Глазгов и ќе се обиде да ја прекине доминацијата на вечниот ривал Селтик во шкотската Премиер лига.
На клупата на освојувачот на Купот на победниците на куповите во 1972 година, тој го наследи Бери Фергусон, кој го водеше тимот како привремен тренер од февруари до крајот на сезоната.
Во својата тренерска кариера досега, Мартин ги предводеше Саутемптон, Свонси и МК Донс.
Со Саутемптон избори промоција во Премиер лигата, пред две сезони, но поради лошите резултати, беше отпуштен во текот на сезоната.