Спорт
Најскапиот трансфер го направи Манчестер јунајтед, најмногу пари потроши Челси

Англиските клубови одбележаа уште еден преоден рок. Манчестер јунајтед го направи најскапиот трансфер летово, а Челси потроши најмногу пари за нови играчи.
Најскапиот трансфер летово е тој на Антони. Манчестер јунајтед плати 95.000.000 евра за Барзиелкот на Ајакс (плус пет бонуси). Челси потроши 300.000.000 евра за нов играч, половина од потрошените пари беа наменети за двајца дефанзивци – Весли Фофана и Марк Кукуреља.
Шпанскиот гигант Реал Мадрид влегува во првата тројка за 80.000.000 евра за играчот од средниот ред Аурелиен Чуамени.
Следуваа уште три трансфери од Премиер лигата – Ливерпул плати 75 милиони за Дарвин Нунес, Јунајтед 70.600.000 за Касемиро, а Њукасл го собори клупскиот рекорд со 70.000.000 евра за Александар Исак.
Меѓу другите трансфери што го одбележаа изминатото лето беше и трансферот на Матијс де Лигт од Јувентус во Баерн, веројатно зделка на деценијата за Манчестер сити со доаѓањето на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд, а Тотенхем го купи Бразилецот Ричарлисон од Евертон.
Топ-10 ова лето:
1. Антони (Манчестер јунајтед) 95 милиони евра
2. Весли Фофана (Челси) 80,4
3. Аурелиен Чуамени (Реал Мадрид) 80
4. Дарвин Нунес (Ливерпул) 75
5. Касемиро (М. Јунајтед) 70,65
6. Александар Исак (Њукасл) 70
7. Матаис де Лихт (Баерн (67
8. Марк Кукуреља (Челзи) 65,3
9. Ерлинг Халанд (М. Сити) 60
10. Ричарлисон (Тотенхем) 58
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нема билети за вечерашниот ракометен меч меѓу Македонија и Литванија

Билетите за вечерашниот ракометен натпревар меѓу Македонија и Литванија во Спортскиот центар „Јане Сандански“ се распродадени. Во пресрет на натпреварот селекторот на Македонија го објави тимот за последниот квалификациски натпревар за Европското првенство 2026 Ќе играат истите играчи кои Талин ја победија Естонија. Голман е биде Мартин Томовски.
Натпреварот почнува во 18 часот.
Спорт
(Видео) Хамбург слави – ХСВ се врати во Бундеслига

Хамбург го слави враќањето на ХСВ во најсилната лига на германскиот фудбал. Седум години по елиминацијата славниот клуб повторно е дел од елитата во која се внедри во голем стил – победа од 6:1 против Улм пред околу 60.000 луѓе на “Фолксарк” стадион.
Тимот од најголемото германско пристаниште остана на прво место, но не го обезбеди. Тоа ќе може да го направи во последното коло против Гројтер Фирт.
Близу до пласман во највисокиот ранг е и Келн, кому му е потребен бод во последните деветдесет минути фудбал за математички да ја обезбеди таа цел.
Десетина илјади навивачи извршија инвазија на теренот во Хамбург откако судијата свирна крај на мечот со Улм.
Спорт
Александар Сорлот даде три гола за 3 минути и 57 секунди и испиша историја на шпанскиот фудбал

Александар Сорлот, напаѓач на Атлетико Мадрид, испиша историја на шпанскиот фудбал. Сорлот постигна четири гола во првите 30 минути од мечот помеѓу Атлетико и Реал Сосиедад.
Првиот гол го постигна во седмата, вториот во десетата, а третиот во 11. минута, со што веќе ги испиша првите страници на историјата на овој натпревар, бидејќи постигна најбрз хет-трик во историјата на Ла Лига.
Три гола за 3 минути и 57 секунди. Оние кои мислеа дека тоа ќе му биде доволно на 29-годишниот Норвеѓанец, се излажаа. Сорлот постигна гол и во 30. минута од мечот, правејќи нешто што никој никогаш не го направил, со четири гола во првите половина час фудбал.
Не помина ни година од последниот меч во кој овој играч постигна четири гола – тоа беше на 19. мај против Реал Мадрид минатата сезона, во дресот на Вилјареал.