Спорт
Напаѓачот на Челси заврши во Ипсвич
Главна задача на Челзи до крајот на преодниот рок е што повеќе да го намали ростерот. Според некои информации на платниот список на Челси има 43 фудбалери.
Деновива од клубот треба да замина Армандо Броја. Напаѓачот, кој поголемиот дел од кариерата на „Станфорд Бриџ“ го помина на позајмици се сели во Ипсвич.
Ипсвич се обврза да го купи албанскиот напаѓач за 30 милиони фунти на крајот од сезоната. Но, со еден услов, тимот да опстане во Премиер лигата.
Броја за Челзи одигра 26 натпревари и постигна само два гола. Играше како позајмен во Витесе, каде постигна 10 гола, во Саутемптон, каде постигна шест гола, а минатата полусезона во Фулам, каде што не постигна гол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Халанд му „понуди“ дрес на Ачерби, доби неочекуван одговор
Манчестер Сити и Интер одиграа натпревар без голови на стартот од Лигата на шампионите. Сепак, тоа не значи дека немаше интересни моменти на „Етихад“.
Имено, Ерлинг Халанд му пријде на стоперот на Интер Франческо Ачерби и го праша дали го сака неговиот дрес – со симулација како го влечеше во текот на целиот натпревар.
Италијанскиот дефанзивец реагираше на шега и низ смеа рече дека веќе има два од претходните дуели. Тоа предизвика реакција кај фудбалерот на Сити, кој со насмевка продолжи понатаму.
Во следното коло од Лигата на шампионите, Манчестер Сити ќе гостува кај Слован во Братислава, а веќе викендов ќе има важен натпревар во Премиер лигата против Арсенал.
Francesco Acerbi wanted not one, but two shirts off Erling Haaland after the game 🤣👕
📺 @tntsports & @discoveryplusUK pic.twitter.com/Y0suFRk8Sb
— Football on TNT Sports (@footballontnt) September 18, 2024
Спорт
Гвардиола горд на играчите по ремито со Интер
Само бод освои Манчестер сити на домашен терен на отворањето на Лигата на шампионите. „Граѓаните“ одиграа 0:0 против Интер во репризата на финалето од сезоата 2022/2023.
Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола одржа интересна прес-конференција.
„Против Интер одигравме многу подобро отколку во финалето на Лигата на шампионите минатата година“, рече тој и потсети на натпреварот во кој Сити ја освои првата европска титула со победа од 1:0.
На прашањето што особено му се допадна во играта на неговиот тим против Интер, тој одговори: „Се, апсолутно сè! Игравме толку добро. Го сакам мојот тим! Ние сме одличен тим!”
Спорт
Евертон се уште го поддржува Дајч
Раководството на фудбалскиот клуб Евертон се уште го поддржува тренерот Шон Дајч и покрај лошите резултати и елиминацијата од Лига купот, објавија британските медиуми.
Како што пренесува „Скај спортс“, раководството на чело со сопственикот Фархад Мошири, кој неуспешно се обидува да го продаде клубот, во моментов му дава поддршка на тренерот кој в сабота ќе го води тимот на гостински терен против Лестер.
Синоќа, Евертон загуби од Саутемптон на пенали во третото коло од Лига купот, а тимот ги загуби сите четири натпревари во Премиер лигата сезонава. ПОследните два порази, Евертон ги доживеа откако имаше предност од 2:0. Поради тоа незадоволните навивачи бараат промени.
„Скај спортс“, објави дека пред поразите од Астон Вила и Саутемптон, Дајч имал „доволно кредит кај сопственикот“, откако во претходните две сезони успеа да обезбеди опстанок во Премиер лигата. Договорот на Дајч со клубот важи до крајот на сезоната.