Спорт
Наполи на Сардинија го декласира Каљари
По почетниот пораз од Верона, екипата на Наполи ја најде вистинската форма и ја забележа третата победа во низа со која по некомплетното четврто коло се искачи на првата позиција во Серија А.
Во својот прв старт во светло синиот дрес, блескаше Ромалу Лукаку со гол и две асистенции, го предводеше Наполи до победата во Каљари со 4:0.
Лукаку во 18. и 66.минута им аситираше на Ди Лоренцо и Кварацхелија за првите два гола на натпреварот. На истекот на 70,миута Белгиецпт ја искористи грешката на голманот Скуфет и погоди за 3:0.
Конечниот резултат, со првиот гол во дресот на Наполи го постави Бонџорно во судиското надополнување на времето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фуксе Берлин пресилен за Еурофарм Пелистер
Фото/ EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Ракометарите на Еурофарм Пелистер го забележаа вториот пораз сезонава во Лигата на шампионите. Во А групата, Фуксе Берлин победи во Битола убедливо со 30:22 (15:9).
Пелистер против фаворитот шансите за поволен резултат ги загуби во последните десетина минути од првото полувреме. Во тој период Фуксе Берлин направи серија 5:0 и дојде до највисоката предност 15:8.
Во вториот дел гермнскиот тим три пати имаше предност и од девет гола.
Најефикасни кај Пелистер беа Радивојевиќ со пет и Кузмановски со четири гола. Фуксе го предводеа Данците Андерсен со седум и Гидсел со шест гола.
Во наредното коло, на 26.септември, Пелистер ќе гостува во Букурешт.
Спорт
Арсенал подолг период ќе биде без Едегор
Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета потврди дека капитенот на тимот Мартин Едегор е тешко повреден.
Норвежанецот се повреди во Лигата на нации, во дресот на Норвешка против Австрија.
„Снимката покажа дека има оштетување особено на еден од лигаментите на коленото. Тоа е нешто што е големо… Ќе бидеме без него некое време“, изјави Артета.
Мартин Едегор е исклучително важен за Арсенал, тоа се почувствува против Тотенхем во последниот дуел, а ќе биде интересно да се види како без него ќе изгледа Арсенал против Манчестер Сити во недела.
Спорт
Спарта со победа се врати во ЛШ, Болоња дебитираше со реми без голови
Фудбалерите на Спарта со победа стартуваа во Лигата на шампионите. На домашен терен чешкиот првак го победи Салцбург со 3:0. Во вториот меч одигра од 18.45 часот на „Ренато Далара“, Болоња и Шахтјор одиграа без голови.
Спарта на најдобар начин по 19 години се врати гчваната фаза, во Лигата на шампионите. На стадионот „Летна“ во Прага, Спарта го победи Салцбург со 3:0.
Фудбалерите на Спарта сѕурово ги казнија сите грешки што ги направија младите фудбалери на Салцбург.
Каиринен во втората минута го постигна првиот гол, а на две минути до крајот на првото полувреме Олатунџи ја золеми предноста. Во раната фаза на второто полувреме Олатунџи му асистираше на Лачи кој го постави конечниот резултат.
Болоња со реми без голови дебитираше во Лигата на шампионите. Домашниот тим имаше неколку добри шанси, пред сите Кастор, но Шахтјор ја имаше шансата на натпреварот.
Во четвртата минута Скорупски го одбрани пеналот на Матвијенко.