Контакт

Спорт

Наполи продолжува да „гази“, Лацио со многу среќа во Торино!

Објавено пред

Наполи го продолжи неверојатниот старт на новата сезона во Серија А, забележувајќи ја петтата победа во пет кола, доминирајќи во Џенова кај Сампдорија за 0:4 победа. Со трите поени, тимот на Лучано Спалети , кој му даде шанса на Елиф Елмас да влезе во игра во последните 20-тина минути, во се врати на првото место на табелата со максимален учинок, со два поени пред Интер и Милан.

Нигериецот Виктор Осимен, кој минатата сезона беше критикуван поради недостатокот на  голови, уште во 10. минута го отвори резултатот, пред Фабијан Руиз да зголеми на 2:0 во 39. минута. Осимен во 50. минута го постигна својот втор гол, а Пјотр Зиелински само девет минути подоцна зголеми на 4:0.

Торино пак, примија гол во 91. минута од пенал, за да пропуштат победа над Лацио, во меч кој заврши 1:1. „Џокер“ на „биковите“ повторно беше Марко Пјаца, кој постигна гол во 76. минута од мечот, но Чиро Имобиле од пенал во 91. минута донесе поен за гостите од Рим.

СЕРИЈА А, 5.КОЛО

Сампдорија – Наполи 0:4

Торино – Лацио 1:1



(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-33-37475”));

Standings provided by SofaScore LiveScore



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Семејството на Роналдо ќе расте – Георгина очекува близнаци!

Објавено пред

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригез објавија дека нивното семејство ќе се зголеми за уште два члена, потврдувајќи дека Георгина е бремена со близнаци.

36-годишниот Роналдо, кој има уште четири деца, од кои едно со 27-годишната Георгина, го потврдија ова на Инстаграм објавувајќи дека нивните срца се „полни со љубов“.

„Пресреќни сме што можеме да објавиме дека чекаме близнаци. Нашите срца се полни со љубов, едвај чекаме да ве сретнеме“, се вели во објавата.

Роналдо има 11-годишен син Кристијано Јуниор, четиригодишните близнаци Ева и Матео и тригодишната ќерка Алана, чија мајка е Георгина. Оваа вест доаѓа откако Георгина во промоцијата на новиот документарец на „Нетфликс“ за нејзиниот живот изјави дека очекува Кристијано да ја побара за жена.

Прикажи повеќе...

Спорт

Безумие во Бразил – менаџер избол фудбалер поради брашно! (вознемирувачки)

Објавено пред

Од Бразил ни доаѓа една бизарна и вознемирувачка приказна, во која еден фудбалер бил избоден со нож од својот менаџер во расправија за брашно.

Клубот ЦДЦ Ново Арипуања се натпреварувал во регионалното натпреварување во Манаус во Амазоненсе Серија Б и по лошите настапи – 5 порази во 5 меча, во ФААР-фондацијата, каде што престојувал клубот, се случила неверојатната случка. Фудбалерот Дуран забележал дека тренерот краде брашно и по расправијата, менаџерот го нападнал со нож. Случката била на 20 октомври, но сега станува јавна преку објава на веб-страницата „Глобо“.

Фудбалерот го пријавил инцидентот до локалната полиција и, за среќа, поминал со мали повреди. Претседателот на клубот, Роберто Соареш, немаше коментар за „Глобо“.

Прикажи повеќе...

Спорт

Мајк Дин, легендата меѓу фудбалските судии

Објавено пред

Мајк Дин, еден од најчудните фудбалски судии во англиската Премиер лига, уште еднаш покажа дека знае како да прославува откога даде гол за победа во меч помеѓу англиските фудбалски судии.

53-годишниот Дин доби топка од Пол Тирни, успеа да даде гол по слабата реакција на голманот по што прославуваше како да освоил ЛШ заедно со Ентони Тејлор и Мартин Еткинсон.

Ова не е првпат Дин да прославува гол и да предизвика контроверзии. Во 2015 година на дуелот од ФА-купот помеѓу Тотенхем и Астон вила, судијата, инаку страстен навивач на Транмир и честопати е на трибините на нивните мечеви, го славеше голот на Муа Дембеле.

„Не го славев голот, туку ја славев предноста што ја дадов на Тотенхем. Малку се занесов. Беше фаул и решив да дозволам играта да продолжи. Можеби не требаше да ги кренам рацете така“, изјави тогаш Дин.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Седуммина починати и 436 новозаразени од коронавирус во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.732 тестирања, а регистрирани се 436 нови случаи на...

Македонија4 часа

Седумнаесетгодишна пациентка почина од коронавирус

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби утрово од коронавирус почина 17-годишна пациентка од село Сопотиница, Демир Хисар. Според...

Македонија5 часа

Борисов: Гарантирам дека нема да преговараме со Северна Македонија додека бугарското малцинство не биде во Уставот

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов истакна дека нема да има преговори со Северна Македонија додека бугарското малцинство не биде внесено...

Македонија6 часа

Арсовска: Срамно е што моето семејство станува цел на црната кампања

Ниската црна кампања на Заев и Шилегов го допре дното инволвирајќи го моето најтесно семејство, реагира независната кандидатка за градоначалничка...

Македонија6 часа

(Видео) Петровска: И сопругот на Данела Арсовска има бугарска лична карта

СДСМ објави дека и сопругот на кандидатката за градоначалничка на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, има бугарска лична карта....

Македонија6 часа

ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Советот на Град Скопје, рече Митева

Парламентарната опозиција во македонското собрание согласно бројот на освоени гласови на претстојните локални избори има апсолутно мнозинство во Советот на...

Македонија6 часа

Судење за „Плацови на Водно“ – сведок кажуваше како се купувале плацовите и становите на Груевски

Александар Ивановски-Теранова, во својство на сведок во случајот „Плацови на Водно”, посочуваше како биле купувани плацовите, но и становите на...

Забава8 часа

Пиштолот на Алек Болдвин испукал оловен проектил, вели шерифот

Револверот „колт“ со калибар 45, користен на сетот на филмот „’Рѓа“, не бил темелно проверен пред да му го дадат...

Македонија8 часа

Лични карти ќе можат да се подигнат и во сабота и недела

Во пресрет на одржување на вториот круг од локалните избори, што ќе се одржи в недела, на 31 октомври 2021...

Свет9 часа

Рекордни 48 милиони внатрешно раселени лица во светот

Бројот на внатрешно раселените лица поради конфликтот ширум светот достигна 48 милиони на крајот на 2020 година, што е највисока...

Регион10 часа

Во Србија сè поголем број деца заразени со Ковид-19, на респиратор приклучени и бебиња

Уште 64 лица починаа од инфекција со коронавирус во Србија вчера. Истиот ден шест деца биле приклучени на респиратор и...

Европа10 часа

(Видео) Ураганот продолжува да ја уништува Сицилија, драматични сцени од поплави

Југот на Италија се подготвува за уште два дена разорни дождови и поплави, додека реткиот медитерански ураган наречен Медикен го...

Свет21 час

(Видео) Тројца ракувале со пиштолот со кој пукаше Болдвин – пронајден смртоносниот куршум

Полицијата тврди дека поседува куршум испукан од пиштолот што го користел актерот Алек Болдвин кога случајно ја застрела и уби...

Македонија1 ден

Регистрирани нови 444 случаи на Ковид-19, починале осум луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.210 тестирања,...

Свет1 ден

Шпанија ќе им ги врати парите на граѓаните казнети за прекршување на карантинот

На сите шпански државјани што беа казнети поради прекршување на мерките за време на минатогодишното тримесечно заклучување ќе им бидат...

Македонија1 ден

(Видео) Петровска: Данела Арсовска има и бугарска лична карта

Данела Арсовска, освен бугарско државјанство, има и бугарска лична карта, издадена во 2017 година, тврди пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска....

Македонија1 ден

(Видео) „Името го добив по дедо ми Дане“ – Арсовска тврди дека не го менувала своето име и нема бугарско државјанство

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, и денеска на прес-конференција ги негира обвинувањата дека поседува...

Македонија1 ден

Италија забрани туристички патувања за нашите државјани, Данска ги олесни ковид-правилата за влез

Со најновата одлука на италијанските власти Република Северна Македонија се преместува од листата Д во листата Е, со што не...

Свет1 ден

Два процента од богатството на Илон Маск ќе го реши гладот ​​во светот

Мала група исклучително богати поединци може да помогнат во справувањето со гладот ​​во светот само со мал дел од нивното...

Регион1 ден

САД размислуваат за укинување на визите за Бугарија

Бугарија е една од земјите за кои американскиот министер за внатрешна  безбедност, Алехандро Мајоркас, изјави дека САД размислуваат да ги...

Досие