Спорт
Наполи се намачи со второлигашот Емполи, Елмас одигра 70 минути

Наполи се пласира во четврт-финалето на Копа Италија, каде што ги очекува дуел со подобриот од дуелот Рома – Специја откако со 3:2 на „Диего Армандо Марадона“ го совладаа второлигашот Емполи, кој двапати успеваше да израмни.
Џовани ди Лоренцо уште во 18-тата минута донесе водство за „партенопеи“, меѓутоа младиот Недим Бајрами во 33-тата минута израмни на 1:1. Ирвинг Лозано повторно ги донесе домаќините во предност само пет минути подоцна, но Швајцарецот Бајрами во 68. минута повторно израмни пред конечната победа да ја донесе Андреа Петања во 77. минута.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер и играше до 70-тата минута кога беше заменет од Фабијан Руиз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Конор и Мејведер преговараат за втор меч вреден милијарда долари

Конор Мекгрегор и Флојд Мејведер Јуниор веќе ги почнале „тајните“ преговори за сензационален ри-меч по спектаклот од 2017 година, кој би можел да донесе неверојатни милијарда долари.
Ова го тврди британскиот таблоид „Сан“, и иако честопати е посочуван како недоверлив извор, токму тие први ја објавија веста за првиот меч помеѓу Мекгрегор и Мејведер. УФЦ мегаѕвездата Мекгрегор ќе биде во октагонот во сабота против Дастин Поаире, додека Мејведер е официјално пензиониран по достигнувањето на 50-0 скорот, но во февруари ќе влезе во егзибициски меч против Јутјуберот Логан Пол.
За првиот меч, кој имаше 4.4 милиони купувања преку пеј-пер-вју само во САД, Мејведер заработи околу 280 милиони долари, а Мекгрегор 130 милиони долари, а сега би можеле да заработат уште повеќе ако се прифати понудата за римечот во Саудиска Арабија.
Инаку, првиот меч заврши со победа на Мејведер со технички нокаут во 10-тата рунда, иако „Ноториус“ изненади многумина во првите рунди. 43-годишниот Мејведер потоа изјави дека му „попуштал“ на Ирецот за да го заддржи интересот на публиката.
Спорт
Французите ги минаа и Исланѓаните, Египет лесно против Белорусија

Франција останува на добар пат да се бори за својата седма светска титула, откако со 28:26 триумфираа над Исланд за да го преземат првото место во групата 3 и сега во директен дуел со Португалија ќе го одлучуваат победникот во групата.
„Триколорите“ водеа во текот на целото прво полувреме, но не успеаја да се одвојат на повеќе од два гола разлика за Исланд да направи пресврт на стартот на второто полувреме и да дојде до 24:22 водство. Сепак, искуството и силата на Французите се покажа и тие успеаја да стигнат до победа од 28:26.
Блиску до четврт-финале се и домаќините Египет, откако немаа мака со Белорусија, стигнувајќи до необично лесна 35:26 победа за да го преземат првото место во групата 4, барем до вечерашнито дуел меѓу Словенија и Шведска.
СП ЕГИПЕТ, ВТОРА РУНДА
ГРУПА 3
Швајцарија – Португалија 29:33 (15:17)
Исланд – Франција 26:28 (14:16)
Норвешка – Алжир 20.30 ч.
Табела: 1.Франција 8, 2.Португалија 6, 3.Норвешка 4, 4.Исланд 2, 5.Швајцарија 2, 6.Алжир 0
ГРУПА 4
Македонија – Русија 20:32 (9:19)
Египет – Белорусија 35:26 (21:14)
Словенија – Шведска 20.30 ч.
Табела: 1.Египет 6, 2.Русија 5, 3.Шведска 5, 4.Словенија 4, 5.Белорусија 2, 6.Македонија 0
Спорт
Барса во економска криза, бара одложување на плаќањето на долговите

Според шпанскиот весник „Ел конфиденсијал“, Барселона побарале под повеќе големи банки да се репрограмира нивниот долг за да се избегне банкротирање на клубот
Барса побарала од банките „Голдман Сакс“, „Алијанц“, „Барингс“, „Амунди“ и „Пруденшл“ дозвола да не се исплатат околу 200 милиони евра од нивниот долг, бидејќи имаат негативен капитал од 600 милиони евра, плус дополнителни 100 милиони евра кај други доверители.
Ова доаѓа во ситуација кога изборите за нов претседател на клубот се одложени поради КОВИД-19, и откако пред сезоната 2019/20 беше најавено дека „Блауграна“ ќе стане првиот клуб кој заработил милијарда евра во една година, план уништен од пандемијата. „Марка“ тврди дека долгот на клубот се зголемил од 216 милиони евра на 487 милиони евра за една година (од јуни 2019 до јуни 2020).
Барса ги продаде Нелсон Семедо, Артур, Иван Ракитиќ и Марк Кукурелја во обид да ги намали трошоците за плати, но преодниот претседател Карлос Тускетс за каталонските медиуми призна дека не е исплатена платата за јануари, која обично се исплаќала предвреме. Тој исто така откри дека платите на фудбалерите се 70 отсто од целосниот буџет на клубот.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот