Спорт
Наследникот на Аморим ќе добие отказ по осум натпревари
Не е прашање дали туку кога Жоао Педро ќе добие отказ на клупата на Спортинг. Маледиот тренер беше прекомандуван од вториот во првиот тим на Спортинг, во моментот кога Рубен Аморим замина во Манчестер јунајтед.
Жоао Педро го презеде Спортинг во момент кога тимот доминираше во Португалија, на лидерската позиција имаше пет поени повеќе од Бенфика, а во Лигата на шампионите имаше три победи и реми.
Од вчера, Спортинг го дели второто место со Порто, лидер е Бенфика со бод повеќе од најголемите ривали. Во Лигата на шампионите со Педро на клупата Спортинг загуби од Арсенал и Клуб Бриж.
Накратко, откако Жоао Педро го презеде Спортинг, „лавовите“ одиграа осум натпревари, забележаа три победи, од кои две беа во купот,само една победа во првенството.
Инаку, Жаоа Педро потпиша договор до 2027 година, но како што објави „А Бола“, отказот ќе го наплати со четири милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јувентус го отпушти Игор Тудор
Италијанскиот гигант Јувентус одлучи да му се заблагодари на Игор Тудор за соработката по серијата лоши резултати што кулминираа со пораз од Лацио во Серија А, пишуваат италијанските медиуми.
Веста за неговата замена ја потврди „Скај Спорт Италија“, со кратко и јасно соопштение на платформата „X“:
„ Игор Тудор повеќе не е тренер на Јувентус“.
Поразот против Лацио беше трет по ред во домашното првенство, а Јувентус е без победа осум натпревари по ред, на последните четири тимот не постигна ниту еден гол.
Последниот триумф на тимот од Торино беше на 13 септември против Интер. Оттогаш, тие освоија само пет од можни 24 бода во Серија А и Лигата на шампионите, далеку под традиционалните стандарди на клубот.
Тудор го предводеше Јувентус од 23 март оваа година. Забележа десет победи, осум нерешени и шест порази.
Спорт
Прогноза на Суперкомпјутерот: Реал ќе ја освои титулата во Шпанија
Ден по победата на Реал над Барселона (2:1), во „Ел Класико“, Суперкомпјутерот пресмета дека „кралскиот клуб“ ќе ја освои титулата во Шпанија оваа сезона.
Пред натпреварот со Барселона, шансите беа еднакви, пишуваат денес шпанските медиуми, но по триумфот, рапидно пораснаа шансите на Реал.
„АС“ пишува дека според Суперкомпјутерот, Реал Мадрид на крајот ќе ја освои титулата со 87 поени, седум повеќе од Барселона. На третото место ќе биде Атлетико Мадрид.
Според оваа проекција од лигата ќе испаднат Овиедо, Леванте и Џирона, клубот што играше во Лигата на шампионите минатата сезона.
Спорт
Арсен Венгер: Ел класико – натпревар на мажи против момчиња
Легендарниот тренер тренер Арсен Венгер ја опиша победата на Реал Мадрид од 2:1 над Барселона во „Ел Класико“ како натпревар на „мажи против момчиња“, а воедно ја пофали работата на тренерот Чаби Алонсо.
„Кралскиот клуб“ доминираше на „Сантијаго Бернабеу“ и со победата им избега на своите најголеми ривали на пет бода на врвот на Ла Лиг.
Венгер беше директен во својата анализа, истакнувајќи ја тактичката и физичката супериорност на Реал.
„Ел Класико беше малку како дуел помеѓу мажи и момчиња. Одбраната на Реал Мадрид беше многу посилна од онаа на Барселона“, рече Венгер.
„Во нападот, Мадрид секогаш изгледаше способен да постигне гол, додека Барселона изгледаше неефикасна. Имаа многу посед, но никогаш не изгледаа способни да постигнат гол. Честитки за Чаби Алонсо“, додаде тој.
Foto/ EPA

