Спорт
Натпревар на познатиот „Вестфален“

Германија против Данска ќе бара пласман во четвртфиналето на Европското првенство.
Данска сепак ќе бара шанса за победа за да покаже дека е способна за висок пласман и за крај на турнирот.
Досега, гледајќи ја групната фаза, Данците не изгледаа многу убедливо. Забележаа три реми дуели со Англија, Словенија и Србија, го освоија второто место во групата Ц и се пласираа во нокаут рундата.
Натпреварот ќе се игра на познатиот „Вестфален“ кој од 2005 година го носи името „Сигнал Идуна Парк“ и „БВБ Стадион Дортмунд“ за време на Европското првенство.
Тој е еден од најпознатите и најпрепознатливите стадиони во светот благодарение на „Жолтиот ѕид“ и исклучителната атмосфера што ја создаваат навивачите на Борусија.
Енергичниот и добредојден Дортмунд се наоѓа во центарот на Северна Рајна-Вестфалија. Фудбалот игра важна улога во срцата и животите на повеќе од 600.000 жители.
Спортот и културата се главните адути на Дортмунд.
Некогаш високата зграда на локалната пиварница, сега е центар на уметноста и креативните индустрии што продолжува да ги плени посетителите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
По Синер, и Ѓоковиќ и Алкараз го откажа настапот во Торонто

Шпанската тениска ѕвезда Карлос Алкараз ќе го пропушти АТП Мастерсот во Торонто, кој започнува во недела. Петкратниот освојувач на Гренд слем турнири го објави ова преку социјалните мрежи.
Претходно, настапот во Торонто го откажаа првиот тенисер во светот Јаник Синер, петтиот Џек Дрејпер и рекордерот Новак Ѓоковиќ, инаку шести на АТП листата.
„По многу недели континуирано натпреварување без пауза, не можам да играм во Торонто оваа година. Имам мали мускулни проблеми и треба да се опоравам физички и психички за она што следи во сезоната. Многу ми е жал за турнирот и за моите фанови во Канада. Се гледаме следната година“, објави Алкараз преку социјалните мрежи.
Третиот тенисер во светот, Германецот Александар Зверев, кој сега е прв носител, се чини дека има отворен пат до победа. По раната елиминација од Вимблдон, Зверев откри дека имал ментални проблеми и објави дека нешто во него мора да се промени.
Турнирот во Торонто ќе се одржи од 27 јули до 7 август.
Спорт
Нено Димитријевиќ се враќа во Русија

Репрезентативецот на Македонија, Ненад Димитријевиќ, ќе ги напушти редовите на Олимпија Милано и ќе се врати во руската лига, тврдат италијански инсајдери.
Новинарот Андреа Калцони објави дека Димитријевиќ ќе потпише двегодишен договор за вкупно три милиони евра со Зенит. Пред да дојде во Италија, 27-годишникот играше за Уникс, со кого ја освои ВТБ лигата во 2023 година.
Според Калцони, Олимпија ќе му плати на Димитријевиќ 500.000 евра, што треба да претставува разлика во договорот и на тој начин Димитријевиќ ќе стане слободен агент.
Димитријевиќ беше MВП на Суперкупот на Италија, кој Армани го освои во 2024 година, а во последната сезона во Евролигата имаше просек од 7,6 поени, 1,6 скока и 2,9 асистенции по натпревар.
Foto/ X
Спорт
Брих: Нејмар е легенда на симулирањето

Нејмар (33) исклучителено талентиран играч и голем глумец на теренот. Поранешниот германски судија Феликс Брих (49) даде интересен одговор на прашање во интервјуто за Фокус Онлајн.
Кога беше прашан кој е најдобар глумец светскиот фудбал, Брих рече: „Денес е потешко за кралевите на симулирањето поради ВАР. Но, во времето пред тоа, знаев кои се моите „стари пријатели“. Тој особено го издвои Нејмар:
„Нејмар беше речиси легендарен во тоа, и сосема со право. Колку повеќе болка му се гледаше на лицето, толку поспокоен бев и ја пуштав играта да продолжи. Играч кој навистина чувствува голема болка веднаш останува да лежи и не се тркала бесконечно по тревата“.
Фото/ Принтскрин