Спорт
Навас се сели кај „шумарите“

Кејлор Навас во финишот на преодниот рок ќе го засили Нотингем Форест.
„Шумарите“ се во потрага по голман, откако Дин Хендерсон се повреди и не е познато кога би можел да се врати во тимот. Дел од медиумите шпекулираат дека за него оваа сезона е завршена.
Навас целосно падна во втор план кај новиот тренер на ПСЖ, Кристоф Галтие, прв голма на „светците“ е Џиџи Донарума.
Претходно се шпекулираше дека Навас би можел да премине во Ал-Наср., но голманот ја одби таа можност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јувнетус ја победи Верона

Јувентс потешко од очекувањата ја порази Верона со 1:0, во последниот меч од саботната програма во Серија А. Стрелец на единствениот гол беше Мојс Кен.
Во 37. минута Јувентус ја погоди стативата преку Данило, а решавачкиот момент се случи во 56. минута.
Мануел Локатели одлично го одигра Кен, тој влета во вистинско време и рутински ја затресе мрежата на Верона.
До крајот на натпреварот по една добра шанса на двете страни.
Филипи Терачиано промаши за гостите во 83. минута, голманот Војичех Шченсни одлично реагираше, а четири минути подоцна не беше прецизен ниту Бремер на спротивната страна, шутираше високо над голот.
Јувентус се седми на табелата со 40 поени и со реални шанси и покрај казната да стигнат до четвртото место на табелата, додека Верона на 18. позиција има 19 поени.
Во следното коло Јувентус е домаќин на Лацио на 8 април, додека Верона истиот ден го пречекува Сасуоло.
Спорт
Ракометна сензација – Алкалоид го победи Вардар 1961

Дебитантот во ракометната Супер лига, екипата на Алкалоид приреди сензација во рамките на шестото коло. Екипата која од клупата ја предводи Кирил Лазаров го победи актуелниот шампион Вардар 1961 со 22:21 и внесе дополнителна неизвесност во борбата за шампионската титула.
Вардар 1961, неколку дена по големата победа над Еурофарм Пелистер, доживеа пораз поради кој може да остане без шампионската круна.
Младиот тим на Алкалоид одигра блескаво прво полувреме, во кое Вардар целосно потфрли, а избраниците на Лазаров, карактер покажаа во самиот финиш кога го одбија налетот на Вардар и по водството на црвено-црните 20:21, постигнаа два гола со кои го поставија конечниот резултат.
Голманот Трајковски со 14 одбрани се истакна кај Алкалодид, во чии редови најефикасен беше Серафимов со седум гола. Ист број на голови на спротивната страна постигна Манасков.
Вардар 1961 се уште е лидер на табелата има 21 бод, три повеќе од Еурофарм Пелистер и Алкалоид. Пелистер утре ќе го одигра натпреварот од оваа рунда.
Фото/ facebook.com/rkalkaloid
Спорт
Новиот тренер на Севилја дебитираше со победа во Кадиз

Фудбалерите на Севилја, како гости, го победија Кадиз со 2:0 во 27. коло од шпанската Ла Лига.
Новиот тренер Хозе Мендилибар со победа дебитираше на клупата на Севилја. Екипата од „Рамон Санчез Писхуан“ се искачи на 13.место на табелата, со 31 поен, но се уште е блиску до опасната зона.
Кадиз останаа на 16.место со 28 поени.
Натпреварот во Кадиз беше решено во вториот дел. Севиља поведе во 51. минута со голот на Окампос, а Ен Несири го постави конечниот резултат во 74. минута.
Претходно, Хетафе освои важен бод во брбата за опстанок на гостувањето во Билбао. По ремито (0:0) на „Сан Мамеш“, Хетафе остана на 14.место со 30 бода, Атлетик Билабо се седми со 37 бода.