Спорт
Навивач го провоцираше Томас, овој се качи да му „објасни некои работи“ (видео)
Ѕвездата на Вашингтон визардс, Ајзеја Томас доби исклучување на крајот на последната четвртина од саботниот 125:108 пораз на гости кај Филаделфија 76ерс, откако се качи на трибините и се расправаше со навивач на „Велс Фарго центарот“ кој претходно постојано му викаше: „Е.и се кучко!“.
Откако успеа да оствари едно од двете слободни фрлања на 3:06 пред крајот, Томас изјави дека трчал назад и го видел навивачот со двата средни прста кон него и со фразата. Кога Визардс побараа тајмаут на 2:53, Томас призна дека отишол да се пресмета.
„Му кажав: ’Немој да покажуваш непочитување, јас сум човек пред сè’. Тој ми одговори: ’Извини, сакав ’Фрости’. Тоа ја помина линијата. Имам деца, имам фамилија, тоа не во ред и морав да му го кажам тоа“, изјави Томас, посочувајќи на промоцијата на Сиксерси – навивачите добиваа десерт ако противнички кошаркар промаши две слободни фрлања во второто полувреме.
Томас имаше 20 поени и 3 асистенции во 25 минути игра во саботата.
Isaiah Thomas goes into the stands to confront some fanspic.twitter.com/cxmR452i4I
— Hoop Central (@TheHoopCentral) December 22, 2019
@NBATV didn’t bleep out Isaiah Thomas from regurgitating what the fan in Philly said to him during tonight’s game. I give him kudos for staying calm. pic.twitter.com/rJXJt0Kr94
— Paul Bonerko (@KonerkosBonerko) December 22, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јувентус не се откажува од Влаховиќ
Спортскиот директор на Јувентус, Дамиен Комоли рече дека клубот не се откажува од Душан Влаховиќ.
Српскиот репрезентативец влезе во последната година од договорот. Сите досегашни преговори, околу евентуалниот нов договор завршија неуспешно. Влаховиќ не ги прифаќа финансиските услови. Инаку со годишна плата од 12 милиони евра, Влаховиќ е најплатениот играч во Серија А.
Јувентус му нуди договор во кој платата не би била поголема од девет милиони евра.
Дамиен Комоли, сè уште е убеден дека клубот има простор за нова рунда преговори со позитивен исход. Исто така, јасно е дека нема шанси Јувентус да го продаде Влаховиќ во зимскиот преоден рок.
„Минатото лето постигнавме договор да стопираме и повторно да седнеме на маса на крајот од сезоната. И тоа е нашиот план, ќе се сретнеме повторно на крајот од сезоната, но сме оптимисти. Ниту еден италијански клуб не може финансиски да се натпреварува со Премиер лигата, но тоа не значи дека не можеме да бидеме конкурентни“, рече Комоли.
Во текот на изминатите месеци, Влаховиќ беше поврзан со бројни клубови, но конкретни преговори немаше со ниту еден клуб.
Сепак, откако ќе стане слободен, ситуацијата лесно би можела да се промени. Но, засега, Јувентус сè уште верува дека има простор за поуспешни преговори.
Спорт
Кристијанштад го победи Вардар, Мансон го поништи учинокот на Валак и Хориха
Ракометарите на Вардар го доживеаја првиот пораз во Лига Европа. Во рамките на третото коло во Ф групата, Кристијанштад го победи Вардар со 32:31 (14:11).
Вардар одигра лошо прво полувреме, со голем број технички грешки, па ни брилијантниот Валак на голот на можеше да му обезбеди на совјот тим позитивен резултат по 30 минути игра. Вардар на 12 голмански интервенции имаше и 11 технички грешки. Кристијанштад во деветтата минута стекна три гола предност (6:3) и таа разлика ја одржуваше речиси до финишот.
Последните шест минути донесоа виситнска драмата. Предводени од Хориха ( постигна три гола во серија) вардар најпрвин изедначи, а потоа и дојде до предност. Во последната минута резултатот беше нерешен, потоа Ќосески промаши зицер на 42 секунди до крајот, а по тај-аутот, најдобриот играч на Кристијанштад, Мансон погоди на осум секунди до крајот и ги постави конечните 32:31.
Хориха со осум, односно Боно и Малус со по шест гола беа најефикасни кај Вардар, на чии гол блескаше Валак со 19 интервенции.
Мансон беше незапирлив на спротивната страна со 13 голови, а исто толку осбрани имаше голманот Ел-Кафаџи.
Foto/ rkvardar.com.mk
Спорт
Победа против Летонија како увертира за дуелот против Велс
Македонската фудбалска репрезентација втор ден се подготвува за завршните два натпревари во оваа година.
Првиот в четврток против Летонија е контролен и тоа ќе биде одлична можност за селекторот Благоја Милевски да ја провери формата на играчите кои се во комбинација и за клучниот натпревар во квалификациите против репрезентацијата на Велс.
“Секој натпревар има свој важност без разлика дали тој е контролен или квалификациски. Наша примарна цел како и секогаш е да се прикажеме во најдобро светло особено кога знаеме дека дуелот против Летонија е проверка пред исклучително важниот дуел со Велс”, истакна Александар Трајковски.
Ова е шести меѓусебен дуел, а во претходните пет имаме исто толку победи. На последните три на Летонците не им дозволивме да постигнат ниту еден погодок додека ние шест пати ја затресовме мрежата на противникот.
“Не треба да се потценува ниту еден противник. Секоја репрезентација има свои предности и недостатоци. Летонија е вистинска селекција која за еден квалитетен тест пред гостувањето во Кардиф. Овој натпревар треба да го искористиме за подобрување на одредени сегменти во нашата игра и да бидеме на уште повисоко ниво во однос на претходните натпревари”, продолжи нашиот репрезентативец.
Според моменталната ситуација на табелата во нашата квалификациска група за освојување на втората позиција ќе ни треба најмалку нерешен резултат против Велс, но овој тим никогаш не се занимавал со калкулации и секогаш одел на победа,
“Сите фудбалери и членовите на стручниот штаб на секој натпревар размислуваме само за победа. Прво сакаме триумф на мечот со Летонците и тоа ќе биде одлична увертира пред клучниот натпревар со Велс. Овој период треба максимално да го искористиме за подготовка и за соочување во Кардиф на кое ќе дадеме се од себе да одиграме најдобро што можеме и да стигнеме до резултат што ќе ни овозможи да го задржиме второто место го групата”, заврши Трајковски.
Izvor/ ffm.mk

