Спорт
Навивач на клубот му оставил 250.000 фунти, доби статуа на главната трибина
Членот на англиската четврта лига, Рочдејл, на „супернавивачот“, кој почина минатата година на 78-годишна возраст, му направи статуа вредна 10.000 фунти. Дејвид Клоф целиот свој живот бил најголемиот навивач на Рочдејл.
„Супернавивачот“, кој работниот век го минал во фурна Витлис во Литлбороу, во тестаментот се што поседувал му оставил на клубот.
Недвижностите и имотот се вредни 250.000 фунти. Клубот од тие пари инсталирал нови клима уреди, електронски семафор, нови таваници и кров во ВИП делот на стадионот.
Останатите навивачи на Рочдејл решиле да му се оддолжат на Клоф. Тие собрале 10.000 фунти. Од тие пари му подигнале статуа, која викендов била поставен на главната трибина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Мото ГП ќе се вози низ улиците на Аделаида
Трката за Големата награда на Австралија во шампионатот Мото ГП од 2027 година ќе се вози низ улиците на Аделаида, објавија организаторите на натпреварувањето.
Во соопштението се наведува дека договорот е потпишан до 2032 година, а Аделаида ќе ја замени легендарната патека „Филип Ајленд“ во Мелбурн.
Организаторите на Големата награда на Австралија објавија дека трката ќе се одржи во центарот на Аделаида со „бескомпромисни безбедносни стандарди потребни во модерната ера на овој спорт“.
Првата Голема награда на Австралија во Аделаида ќе се одржи во ноември 2027 година.
Патеката ќе биде долга приближно 4.195 километри и ќе има 18 кривини низ градските улици, што им овозможува на возачите да достигнат брзина поголема од 340 километри на час.
Организаторите изјавија дека дизајнот на патеката го следи распоредот на познатата патека во Аделаида, која беше домаќин на трки од Формула 1 од 1985 до 1995 година, со значителни прилагодувања потребни за да се обезбеди безбедноста на возачите.
Големата награда на Австралија оваа година ќе се одржи на 25 октомври во Мелбурн.
Новата сезона во шампионатот Мото ГП започнува на 1 март со Големата награда на Тајланд. Титулата ќе ја брани Марк Маркез.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Арсенал остави два бода кај последно пласираниот Вулверхемптон
Лидерот во Премиер лигата, Арсенал, вечерва, остави два бода кај поседно пласираниот Вулверхемптон. „Топџиите“ водеа 2:0, на крајот „Волците“ дојдоа до 2:2.
Бидејќи Арсенал обезбеди директен пласман во осминафиналето, во Лигата на шампионите, решија порано да го одиграат натпреварот од 27-то коло во Премиер лигата.
Она што за лидерот требаше да биде рутина, на крајот се претвори во кошмар, кога Калафјори во 94-та минута си постигна авто-гол и ги постави конечните 2:2.
Се до 56-та минута се одеше според планот на Милел Артета. Букајо Сака го отвори резултаот во петтата минута. Откако во првиот дел Арсенал не искористи уште неколку добри шанси, предноста ја дуплираше во 56-та минута, преку Инкапије.
„Волците“ се вратија во натпреварот со прекрасниот гол на Уго Буено, во 61-та минута.
Артета се обиде да го затвори натпреварот и погреши. Казната дојде за неговиот тим во судиското продолжение, кога „Волците“ израмнија со многу среќа, по големо недоразбирање во одбраната на гостите, топката се одби од стативата и заврши во ногата на Калафиори, а пото а во мрежата.
Арсенал ега има пет бодови предност пред Манчестер Сити, но доколку „граѓаните“ го добијарт својот дуел од 27-то коло ќе му се доблиѓат на лидерот на само два бода. Вулвс се последни со само 10 поени и тие сигурно наредната сезона ќе играат во Чемпионшип.
Спорт
(Видео) Без победник во дуелот Милан-Комо
Фудбалерите на Милан и Комо одиграа нерешено 1:1 во возбудлив натпревар од 24-то коло од Серија А. Натпреврот беше полн со пресврти, тензии и драма, а го обележа црвениот картон што го доби тренерот на Милан Масимилијано Алегри.
Гостите од Комо го отворија натпреварот подобро и ги искористија грешките на своите ривали. По поништениот гол во 26-та минута поради прекршок, Комо поведе шест минути подоцна. Нико Паз казни една лоша реакција во одбраната на Милан.
Милан имаше неколку шанси за израмнување во првото полувреме. Во 30-та минута, Рафаел Леао се обиде, но голманот Жан Бутез одбрани, четири минути подцна тој се истакна и по обидот на Фикајо Томори.
Серхи Роберто (Комо) потоа имаше можност во 39-та минута, но Мењан не дозволи уште еднаш да биде совлада.
Второто полувреме донесе израмнување. Во 64-та минута, Рафаел Леао ја прими топката на работ од шеснаесетникот и со прецизен удар го совлада голманот Комо.
Како што натпреварот продолжуваше, растеше тензијата на теренот, а судијата Маријани делеше жолти картон, за Нико Паз, Жан Бутез, Јакоб Рамон и Рафаел Леао. Кулминацијата се случи во 81-та минута кога тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, беше исклучен поради протест.
Foto/ EPA

