Спорт
Навивачите дивееја на „Емирејтс“, УЕФА го казни ПСВ Ајндховен
УЕФА денеска го казни ПСВ Ајндховен со забрана за продажба на билети за последниот натпревар од групната фаза против Бодо/Глимт во Норвешка. Казната на холандскиот тим му е изречена поради нередите што ги направија неговите навивачи стадионот на Арсенал во Лигата на Европа.
Исто така, холандскиот клуб мора да плати казна од 40.000 евра и да му плати оштета на Арсенал за столчињата што ги искршиле навивачите.
ПСВ вечерва од 18:45 часот ќе игра на домашен терен против Арсенал во петтото коло од групата А.
Арсенал обезбеди пласман во нокаут-фазата, додека ПСВ тоа ќе треба да го направи во последните два натпревари, вечерва и на 3.ноември. На табелата, ПСВ има три поени повеќе од Бодо/Глимт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тројца ќе го напуштат Сити за да дојде Антоан Семењо
Фудбалскиот клуб Манчестер Сити ќе биде активен во зимскиот преоден рок.
Како што е познато, Антоан Семењо е блиску до трансфер на „Етихад“, но за да дојде крилниот напаѓач на Борнмут, најмалку двајца играчи ќе мора да го напуштат клубот.
За почеток, има прецртани играчи кои дури и не играат оваа сезона, станува збор за Калвин Филипс и Оскар Боб.
Филипс е на позајмица во Вест Хем, каде што речиси и да не игра. а Боб не може да се псрави со конкуренцијата во тимот.
Англиските медиуми шпекулираат дека клубот би можел да го напушти дефанзивецот, Нејтан Аке. Наводно за него интерес покажале во Барселона.
Реално е Сити да го продаде Савињо и од неговата продажба може да инкасира околу 70 милиони евра. Бразилецот требаше да замине во елтниот преоден рок, и тоа во Тотенхем. Тогаш Пеп Гвардиола во последен момент го стпираше трансферот.
Foto/ depositphotos
Спорт
Хави Галан го напушти Атлетико Мадрид
Поранешниот играч на Атлетико Мадрид, Хави Галан, потпиша договор со Осасуна, објави клубот од Памплона.
Во соопштението се наведува дека левиот бек потпишал договор со Осасуна до 30 јуни 2026 година, а клубот од Памплона издвоил надомест од 500.000 евра за овој трансфер.
„Во случај двете страни да ја продолжат соработката по 30 јуни 2026 година, мадридскиот клуб ја задржува можноста да добие дополнителни 500.000 евра за секоја сезона што Галан ќе ја игра за Осасуна. Атлетико му даде дозвола на Галан да се приклучи на Осасуна на 29 декември, откако тимот ќе се врати на тренинзи по празниците. Тој официјално ќе биде претставен како нов играч на Осасуна истиот ден“, се вели во соопштението на Осасуна.
Галан оваа сезона ја загуби довербата на Чоло Симеоне, во сите натпреварувања, левиот бек, одигра само 300 минути, 90 од нив се во Купот против четвртолигашот Атлетико Балеари.
Покрај Атлетико, Галан (31) играше за Реал Сосиедад, Селта, Уеска, Кордоба и Бадахоз.
Foto/ depositphotos
Спорт
Едноок фудбалер е приказната на денот на Африканскиот куп на нации
Буркина Фасо ја победи Екваторијална Гвинеја со 2:1 во првиот натпревар од Групата Е на Африканскиот куп на нации. Екваторијална Гвинеја водеше со 1:0 до 95-та минута со голот на Марвин Аниебо, но Буркина Фасо направи пресврт со головите во 95-та и 98-та минута. Прво, Георги Минунгу постигна гол за израмнување, додека Едмонд Тапсоба постигна гол за победа.
Со голот што го постигна 23-годишниот Минунгу, ја испиша најубавата приказна на Африканскиот куп.
Станува збор за фудбалер кој може да гледа само со едно око. Во 2022 година, тој се пресели од втората чешка лига во резервниот тим на Сиетл Саундерс во САД. По година и пол, тој беше промовиран во првиот тим и отпатува во Марбеља на подготвки, но патувањето се претвори во кошмар.
По неколку тренинзи, неговото око почна да отекува и поради инфекција. Иако на почетокот не мислеше дека е нешто сериозно, состојбата брзо се влоши.
„Поцрне, потоа поцрвене. По две недели беше целосно бело“, изјави тој за „Sport Bible“, во јуни. Дури и итната операција не успеа да му го спаси левото око бидејќи нервите целосно умреа.
Лекарите тогаш му рекле дека никогаш повеќе нема да може да игра фудбал, но тој не сакал да го прифати тоа. Го замолил клубот да му дозволи да продолжи да тренира.
„Реков: „Ако сум добар, продолжувам. Ако не сум, престанувам.““ И тој беше добар.
„Тренирав понапорно од кога било досега. Веќе не можев да гледам сè, но можев да ја почувствувам играта. Можев да ја прочитам. Се адаптирав. Неверојатно е што може да постигне мозокот. Понекогаш воопшто не го гледам дефанзивецот, го чувствувам. Потоа едноставно одам во друга насока. Инстинкт, преглед на играта, чувство, сè се спојува“, објаснува тој.
Фактот дека денес е петкратен репрезентативец и стрелец на Африканскиот куп на нации се должи на Светското клупско првенство одржано минатото лето.
„Тој турнир ме направи познат, бидејќи МЛС не екогаш се следи одблизу“, објасни тој во интервју за Африканската фудбалска конфедерација.
Foto/ EPA

