Спорт
Навивачите на Борусија Дортмунд се најверните!

Борусија Дортмунд најверојатно ги има најдобрите навивачи на светот, откако последните податоци на „ЦИЕС фудбалската опсерваторија“ ги постави на прво место по посетеноста на домашните мечеви во последните пет години.
ЦИЕС ги објави најдобро посетените топ 50 клубови и „милионерите“ се на прво месо со просек од 80.230 навивачи на „Сигнал идуна парк“, благодарение на релативно евтините сезонски билети и фантастичната фудбалска култура во Дортмунд.
Манчестер јунајтед се втори со просек од 75.218 гледачи на „Олд Трафорд“, додека Барселона се блиску зад нив со 74.846 фанови на „Ноу камп“. Баерн Минхен се втори најпосетени во Бундеслигата, но место во топ 10 имаат и Шалке, Хамбург и Штутгарт, показател дека германските навивачи се најверни.
Реал Мадрид и Арсенал исто така се во топ 10, како и американскиот МЛС тим, Атланта јунајтед, кои се прв не-европски клуб на листата, што е импресивно бидејќи клубот е формиран во 2014 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Силекс победи во Струмица, кикс на Работнички во Охрид

Силекс ја оправда фаворитската улога против АП Брера и со победата во Струмица ја намали предноста на лидерот Шкендија на два бода. За разлика од Силекс, Работнички и Гостивар кикснаа против екипите од долниот дел на табелата.
Силекс со два гола во последните20 минути ја победи Брера со 2:0. Марко Ѓорѓиевски во 69.минута го отвори резултатот, а победата на екипата од Кратово ја потврди Алиќ во 80.минута.
Работнички во Охрид, кај Воска спорт имаше предност од 14.минута со голот на Гандо. И кога се очекуваше крај на натпреварот, Осеи во 94.минута ги шокира „романтичарите“.
Тиквеш го победи Гостивар во Кавадарци со 2:, со головите на Берат Садик во 15.минута од пенал и Александар Варселовски зголеми на 2:0 во 58.минута од дуелот.
Пелистер, со играч помалку, го изненади Шкупи на Чаир и славеше со 0-1. Стрелец на победничкиот гол беше Александар Ристевски во 74.минута.
Беса оствари триумф над актуелниот првак Струга со 3:2. Стружани поведоа со голот на Папе Јаре Фал во 11.минута, а потоа си дозволи три гола во својата мрежа. Стрелци за Беса беа Шефит Шефити, Меџит Незири и Ремзифаик Селмани. Во финишот, Струга постигна и втор погодок преку Христијан Малески.
Резултати, 24.коло:
АП Брера – Силекс 0:2
Беса – Струга 3:2
Шкупи – Пелистер 0:1
Воска спорт – Работнички 1.1
Тиквеш – Гостивар 2:1
Табела:
Спорт
Марк Маркез со рекорд до пол-позицијата во Аргентина

Возачот на Дукати, Марк Маркез, ја освои пол-позицијата пред ГН на Аргентина, втората трка од овогодинешниот шампионат во Мото ГП.
Осумкратниот светски првак уште од почетокот на акцијата ги поместуваше границите на патеката „Термас де Рио Ондо“, а на пат до втората пол-позиција сезонава, постави нов рекорд, 1:36.917 минути.
Исто како и пред две недели во Тајланд, најблиску до него беше неговиот помлад брат, Алекс, возач на Гресини Дукати, кој заостануваше 246 илјадитинки. На браќата Маркез во првиот стартен ред им се приклучи сензационалниот Жоан Зарко на ЛЦР Хонда.
Вториот стартен ред го заврши Фабио ди Џанантонио од тимот БР46, следен од Фабио Квартаро на Јамаха и тимскиот колега Франко Морбидели. Меѓу првите десет се најдоа Марко Бецеки од Априлија и фабричкиот возач на Хонда Жоан Мир.
Спринт трката во Аргентина е закажана за 19 часот, додека Големата награда е закажана за во недела во истиот термин.
Спорт
Тадиќ потпишал за Ајакс

Душан Тадиќ потпиша договор со Ајакс и ќе се врати во Холандија, пренесуваат турските медиуми. Поранешниот српски репрезентативец по две години се враќа во Амстердам, тврдат овие извори.
По елиминацијата на Фенербахче од Лига Европа и промашениот пенал на Тадиќ, навивачите го критикуваа исто како и целиот тим. Српскиот играч за врска по се изгледа одлучи дека најдобар потег е враќањето во Ајакс.
Тадиќ имаше понуда од Фенербахче да го продолжи договорот и се чинеше дека ќе ја прифати понудата. Но откако по промашениот пенал од лутите навивачи доби пораки дека е „најдобро да не се враќа во Истанбул“, по се изгледа дека решил да ја прифати понудата од поранешниот клуб.
Доколку тврдењата на турските медиуми се точни, Тадиќ по две години ќе се врати на арената Јохан Кројф, каде што играше од 2018 до 2023 година.