Спорт
НБА ги прогласи најдобрите дефанзивни петорки

НБА лигата објави кои десет играчи се најдоа во најдобрите две одбранбени петорки оваа сезона. Листата ја предводи бекот на Бостон Селтикс Маркус Смарт, а Дрејмонд Грин, од Голден стејт Вориорс, го најде своето место во една од овие петорки, по седми пат во својата десетгодишна кариера.
Смарт доби 99 гласа за место во првата петорка и вкупно 198 поени, пет повеќе од Микел Бриџис од Финикс Санс. Во првите пет им се придружија францускиот центар на Јута Џез, Руди Гобер, суперѕвездата на Милвоки Бакс, Џанис Адетокумбо и Јарен Џексон Јуниор. од Мемфис Гризлис.
Во втората одбранбена петорка е уште еден играч на Бостон, центарот Роберт Вилијамс, како и Бам Адебајо од Мајами Хит, Џру Холидеј од Милвоки Бакс , Матис Тибул од Филаделфија Сеентисиксерс и споменатиот Дрејмонд Грин.
Kia NBA Defensive Player of the Year Marcus Smart of Boston and runner-up Mikal Bridges of Phoenix received the most voting points in balloting for the 2021-22 Kia NBA All-Defensive Team.
More ➡️ https://t.co/VpKETU9caP
Voting results ⬇️ pic.twitter.com/dUxDi2L2oc
— NBA Communications (@NBAPR) May 21, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Италија прва во финалето на СП во ватерполо, го чека подобриот од мечот Шпанија-Хрватска

Италија е првиот финалист на Светското првенство во ватерполо во Будимпешта, Унгарија, откако во неочекувано тесното полуфинале со 11:10 (4:2, 2:3, 1:1, 4:4) ја совладаа Грција.
Италијанците, претходно во четврт-финалето го направија најголемото изненадување, елиминирајќи ги првите фаворити, домаќините Унгарија, а против Грција имаа одличен старт за да поведат со 4:2 по првата четвртина, за потоа грчките ватерополисти да ја вратат рамнотежата до самиот крај.
Во второто полуфинале, играат Хрватска и фаворизираната Шпанија од 19.30 часот.
Претходно, во борба за пласман од 5. до 8. место, Србија ја доби соседската пресметка со Црна Гора, победувајќи со 10:7 (2:2, 3:2, 3:2, 2:1).
Спорт
Пирло ќе остане без 500.000 евра капар откако вилата што сакал да ја купи била запленета од италијанските власти

Легендата на италијанскиот фудбал, а сега тренер на турскиот Карагумрук, Андреа Пирло најверојатно ќе остане без 500.000 евра кои ги дал како капар за купување на вилата „Версилија“ во Форте деи Марми, откако судот ја запленил вилата која била во сопственост на руски олигарх, тврди „Ла национе“.
По руско-украинската војна, италијанските власти почнаа да запленуваат вили и јахти на руски милијардери кои имаат врска со рускиот претседател Владимир Путин, меѓу нив и неименуваниот руски милијардер кој купил две вили во Форте деи Марми.
43-годишниот Пирло, кој го платил капарот на 30 мај и треба да доплати уште 2.5 милиони евра до 31 август, ќе остане без своите пари и својата скапа вила.
Спорт
Челси ќе врши истрага за „токсичната култура“ во клубот

Челси ангажираше надворешни соработници за да извршат истрага по обвинувањата за „токсична“ работна култура во тимот, по написот кој го објави „Њујорк тајмс“.
Во написот објавен во среата, повеќе сегашни и поранешни вработени во маркетинг одделот на клубот се пожалија на условите за работа и за „токсичноста“ на шефовите, која предизвикала заминувае на најмалку 10 вработени. Ричард Бигнел, поранешниот шеф на „Челси ТВ“ во јануари се самоубил, а истрагата покажала дека бил во депресија откако бил отпуштен.
Новите газди на клубот, Тод Бели и „Клирлејк капитал“, кои го откупија клубот од Роман Абрамович, веднаш наредија истрага.
„Новиот борд на клубот верува во безебедно место за работење, во кое вработените ќе се чувствуваат вклучени, безбедни, вреднувани и доверливи. Направени се првите чекори во оваа насока. Нашето сочувство оди до целото семејство на Ричард. Неговата смрт влијаеше на сите негови колеги и на фудбалската заедница. Клубот именуваше надворешен ревизор кој ќе ги испита обвинувањата кои беа направени под претходното сопствеништво“, се вели во објавата на Челси.