Спорт
НБА-лигата нема да тестира на марихуана во новата сезона

НБА-лигата се согласи со Асоцијацијата на НБА-играчите (НБПА) да не се вршат случајни допинг-тестови на марихуана во сезоната 2020/2021.
„Поради невообичаените услови заедно со пандемијата на Ковид-19, се согласивме со НБПА да го суспендираме случајното тестирање на марихуана во 2020/2021 и да се фокусираме на тестирањето на состојки што може да ги подобрат перформансите“, потврди портпаролот на НБА, Мајк Бас.
НБА имаше слична политика и во меурот во Дизниленд во Орландо, Флорида, ова лето, каде што 22 од 30-те НБА-тима играа осум меча од редовната сезона и целосен плејоф, во кој Лос Анџелес лејкерс ја освои титулата.
Во вторникот почнаа тренинг-камповите за тимовите иако на кошаркарите им се дозволени и индивидуални тренинзи поради Ковид-19. Целосните тренинзи треба да почнат в недела, а првите мечеви од претсезоната од 11 декември. НБА-сезоната 2019/2020, која ќе брои 72 меча, 10 помалку од вообичаено, почнува на 22 декември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Рекорд на Браун, Бостон го декласираше Кливленд

Џејлен Браун, Демијан Лилард и Гордон Хејворд блескаа изминатата ноќ во НБА-лигата.
Бостон Селтикс ја прекина серијата од три порази против Кливленд Кавалирс. Селтикси предводени од Џејлен Браун го „прегазија“ Кливленд со 141:103. Браун постави нов рекорд во НАБ-лигата, тој за само 19 минути успеа да постигне 33 поени.
Шарлот Хорнест забележа победа на Флорида, против Орландо 107:104. Хорнетси последниот период го добија со 33:18. До победата ги предводеше Гордон Хејворд со 39 поени и 9 скока.
Портланд тесно го совладаа Њујорк Никс, 116:113. Најзаслужен за победата беше Демијан Лилард со 39 поени, 5 скока и 8 асистенции.
За издвојување е и улогата што ја имаше Јанис Адетокумбо во победата на Милвоки над Атланта 129:115. Гркот забележа 23 поени, 14 скока и 8 асистенции.
Резултати:
Бостон-Кливленд 141:103
Орландо-Шарлот 104:107
Милвоки-Атланта 129:115
Сан Антонио-Вашинготн 121:101
Портланд-Њујорк 116:113
Спорт
Краузер постави светски рекорд во фрлање ѓуле

Рајан Кразузер постави нов светски рекорд во фрлање ѓуле во сала. На митингот во Фејвил, Краузер го фрли ѓулето на далечина од 22,82 метри.
Рекордот, Краузер го постави во првата серија. Тој за 16 сантиметри го подобри рекордот, кој во 1989 година го постави Ренди Барнс.
Американецот е актуелен светски и олимпписки шампион.
Спорт
Суарез „стрелаше“ на својот 34. роденден, Атлетико се врати за победа над Валенсија

Атлетико Мадрид триумфираше над Валенсија со 3:1 за да се одвои на седум поени предност на врвот на Ла лига пред градскиот ривал Реал Мадрид и тоа со натпревар помалку, откако Жоао Феликс, Луис Суарез и Анхел Кореа стрелаа откако претходно „лилјаците“ дојдоа до шокантно водство на „Ванда Метрополитано“.
Србинот Урош Рачиќ во 11. минута од мечот постигна еден од најубавите голови во Ла лига оваа сезона, удар кој ниту Јан Облак немаше шанси да го стигне. Жоао Феликс во 23. минута успеа да израмни на 1:1 со интересен гол, по што во второто полувреме, „рохибланкос“ ја презедоа контролата – Суарез го постигна својот 12. гол во 15 меча оваа сезона во 54. минута, за Кореа да го потврди триумфот во 72. минута.
Тимот на Диего Симеоне сега има 47 поени на врвот од табелата по 18 меча, додека со 19 одиграни меча, Реал е втор со 40, а Барса трета со 37 поени. Валенсија е само 14. со 20 освоени поени досега и само четири победи.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот