Спорт
НБА лигата објави „магична“ сезона според посетеноста на натпреварите
Минатиот викенд заврши регуларниот дел од сезоната во НБА лигата, претстои плеј-офот, а оваа сезона веќе влезе во аналите.
Според официјалните податоци, повеќе од 22 милиони луѓе гледале натпревари во НБА во салите низ Соединетите Американски Држави, Канада и остатокот од светот, што е рекордна посетеност во историјата на најсилната лига во светот.
Точно 22.234.502 гледачи беа во салите и го надминаа рекордот од сезоната 2017/18, кој изнесуваше посета од 22.124.559 фанови.
НБА натпреварите во просек ги следеле 18.077 гледачи, со што за првпат била надмината „магичната“ бројка од 18.000, а исполнетоста на салите била фантастични 97 проценти.
Пред полни трибини се одиграа дури 791 натпревар, што е исто така рекорд, претходно сите седишта биле пополнети на 760 натпревари во сезоната 2018/19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Алегри го напушти Јувентус?
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри пред крајот на денешниот тренинг го напуштил тренинг центарот на клубот, што предизвика големо внимание и полемики во италијанската јавност.
Тој излетал од „Континаса“ со своето „фиќо“, а снимката експресно се појави на социјалните мрежи.
Многумина сметаат дека неговото заминување од Јувентус е веќе завршена работа, а ова видео само го потврдува тоа.
„Старата дама“ во средата го освои Купот на Италија, со минималната победа над Аталанта. Стрелец на единствениот гол на мечот беше Душан Влаховиќ.
Инаку, Алегри во финишот на натпреарот изведе перформанс кога го фрли палтото и вратоврската, за мелку ќе ја искинеше и кошулата поради што доби црвен картон, а по натпреварот имаше вербална пресметка со локалните новинари, кои со месеци го критикуваа.
Сепак, и покрај овој освоен трофеј, никој не е убеден дека Алегри наредната сезона ќе го предводи Јувентус.
Спорт
Францuзите поради Ембид останале без Мајк Џејмс
Французите во пресрет на Олимписките игри поради Џоел Ембид останале без Мајк Џејмс. Кошаркарскиот сојуз долго време го чекаше Ембид, кој доби пасош, но на крајот реши да игра за САД. Чекајќи го Ембид им пропадна можноста да го нагажират најдобриот стрелец во историјата на Евролигата.
Кошаркарскиот сојуз на Франција потврди дека бекот на Монако сакал да игра за „триколорите“.
Како што пренесува „Лекип“, претставници на Џејмс се обратиле до КС на Франција со прашањето дали може да игра за Франција.
Французите ја разгледувале можноста, но процесот беше одложен поради верувањето дека Џоел Ембид ќе ја избере Франција, а не Америка.
Откако Ембид ја донесе одлуката, Французите немаа време да реагираат, па на најголемиот спортски настан ќе настапат со домашни кошаркари.
Во меѓувреме, тренерот Винсент Коле го објави списокот за Олимписките игри на кој се:
Ендру Албиси, Метју Стразел, Тео Маледон, Килијан Хејс, Френк Нтиликина, Нандо де Коло, Еван Фурние, Билал Кулибали, Николас Батум, Исаја Кординие, Ели Окобо, Усман Диенг, Надир Ифи, Гершон Јабуселе, Руди Гобер, Виктор Вембањама, Матијас Лесор, Џејлен Хорд.
Спорт
Тухел, дефинитивно, заминува од Баерн
Томас Тухел дефинитивно ќе го напушти Баерн на крајот од сезоната. Клубот преговараше со тренерот откако неколкуте кандидати одбија да го преземат Баерн.
Баерн со месеци безуспешно бара нов тренер, испратија понуди до Чаби Алонсо, Јулијан Нагелсман и Ралф Рагник, но сите рекоа „Не“.
Поради ова, чените луѓе на Баерн влего во преговори со Тухел.
Сепак, како што потврди на денешната прес-конференција, неговата мисија во Минхен е при крај. Очигледно двете страни не успеале да постигнат договор.
Меѓу другото, тренерот побарал повеќегодишен договор, а не да биде преодно решенија за следната сезона.
„Ова е мојата последна прес-конференција на клупата на Баерн. Точно е дека имаше разговори меѓу нас, но не беше постигнат договор“, изјави Тухел.
Германецот веројатно ќе се врати во Премиер лигата, според шпекулациите тој е најсериозниот кандидат да го замени Ерик тен Хаг на клупата на Манчестер Јунајтед.