Спорт
НБА отвара истрага за случајот на Харден

НБА лигата отворила истрага околу ситуацијата на ѕвездата на Филаделфија 76ерс, Џејмс Харден и неговите јавни критики кон претседателот на кошаркарски операции на клубот, Дарил Мори, тврди „ЕСПН“.
Лигата сака да утврди дали Харден посочил на прекршување на колективниот договор на лигата за 2023/24 или зборувал за потенцијално прекршување на селери капот, откако тој го нарече Мори „лажго“ по ветувањата дека ќе биде продаден ова лето. Клубот му соопшти на Харден дека нема шанси за трејд во Лос Анџелес клиперс и дека го очекува на стартот на тренинг-кампот во септември.
33-годишниот Харден ја искористи опцијата од 35.6 милиони долари за сезоната 2023/24 во јуни, очекувајќи дека ќе му биде дозволен трејд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Пикси: Ќе предложам да одиграме хуманитарен натпревар против Македонија

Србија оваа недела ќе одигра два натпревари со Австрија, во борбата за опстанок во А дивизијата во Лигата на нации.
Во пресрет на гостувањето во Виена, прес конференција одржа селекторот на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси.
Пред почетокот на прес конференцијата, Стојковиќ изрази сочувство до семејствата на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
„Пред да започнеме со конференцијата во врска со натпреварите, вчера се случи страшна несреќа. Невидена трагедија во Македонија. Би сакал да изразам сочувство до луѓето и семејствата на жртвите. Ќе предложам ФСС да стапи во контакт со Фудбалскиот сојуз на Македонија за да можеме во иднина да играме натпревар. Секако натпреварот би бил од хуманитарен карактер. По нашите трагедии, ова е уште една“, рече Стојковиќ.
Србија гостува во Виена на 20.март, реваншот во Лесковац е три дена подоцна.
Спорт
Во Барселона пристигнала понуда за Рафиња

Манчестер јунајтед и понуди на Барселона 70 милиони евра за 28-годишниот Бразилец Рафиња, објавија во понеделникот британските медиуми. На „Олд Трафорд“ веруваат дека со својата брзина, дриблинг и шутирање од различни позиции, Рафиња претставува идеално решение за проблемите во нападот на тимот.
Бразилецот оваа сезона за Барселона постигна 27 гола и имаше 21 асистенција во сите натпреварувања. Неговите одлични настапи го привлекоа вниманието на бројни европски гиганти, но само Јунајтед испратиле конкретна финансиска понуда.
Договорот на Рафиња со Барса истекува во јуни 2027 година, но се претпоставува дека Каталонците би можеле да ја прифатат понудата поради тешката финансиска ситуација.
Бразилскиот репрезентативец пристигна во Барселона во јули 2022 година од Лидс за 58 милиони евра и постигна 47 гола и даде 46 асистенции на 124 натпревари за клубот.
Спорт
Австрија без еден од најдобрите против Србија

Австрискиот репрезентативец Марсел Сабицер нема да игра против Србија во бараж натпреварите за да опастанк во А дивизијата во Лигата на нации.
Фудбалерот на Борусија Дортмунд се повреди во саботата на натпреварот на неговиот тим против Лајпциг.
Тој мораше да ја напушти играта во 33. минута поради повреда на коленото, па на негово место во игра влезе Бенсебаини.
„Марсел Сабицер доживеа повреда на коленото и ќе оди на рехабилитација во следните четири недели. Ти посакуваме брзо закрепнување Заби“, се вели во соопштението на Дортмунд.
Тоа значи дека селекторот на Австрија, Ралф Рагник нема да може да смета на него за двата плејоф натпревари за опстанок во А дивизијата од Лигата на нации.
Првиот натпревар ќе се игра на 20 март во Виена, а вториот три дена подоцна во Лесковац.