Спорт
„Не би го менувал Лева за ниту еден друг играч“
Тренерот на Барселона, Чави Ернандез изјави дека за ниту еден друг играч не би го менувал полскиот напаѓач Роберт Левандовски.
Во саботата Барселона со голот на Левандовски ја победи Мајорка со 1:0 во натпреварот од седмото коло на шпанската Ла Лига.
„Не би го заменил Роберт за ниту еден друг играч во светот. Искуството е од клучно значење. Тој е зрел, а неговиот начин на игра им помага на младите фудбалери. Тој освои сè, но пристигна во Барселона како скромен играч. Тоа што го прави е извонредно Тој е за пример, работи за тимот и му помага на стручниот штаб. Левандовски прави разлика, тој е навистина извонреден фудбалер“, рече Чави.
Левандовски пристигна во Барселона во летниот преоден рок од Баерн за 50.000.000 евра. Тој постигна 12 гола на девет натпревари во сите натпреварувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Хамилтон: Само сакам да се исклучам од Матриксов
Луис Хамилтон едвај чекаше да заврши сезоната во Формула 1, сезона во која ги забележа најлошите резултати во кариерата.
Се очекуваше многу од Британецот, за кого ова беше прва сезона во Ферари, но целата сезона беше катастрофална.
Хамилтон никогаш не успеа да стигне до подиумот во сезоната, која штотуку заврши, додека единствената победа ја забележа во спринтерската трка во Кина.
Од друга страна, ниту Ферари не блескаше, тие имаа една од најлошите сезони во поновата историја.
„Во моментов, само се радувам на паузата, сакам целосно да се исклучам. Да не разговарам со никого. Никој нема да може да ме пронајде оваа зима. Нема да го имам телефонот со мене. Искрено, се радувам на тоа. Само сакам да се исклучам од Матрицата (Matrix). Секогаш го имам телефонот со мене, но овој пат оди во корпа за отпадоци“, објави Хамилтон.
Луис ја заврши сезоната со дури 86 поени помалку од својот клупски колега Шарл Леклер.
Foto/ freerangestock
Спорт
Корејка го уценувала Сон, ќе лежи четири години во затвор
Жена од Јужна Кореја беше осудена на четири години затвор за изнуда поврзана со капитенот на националниот тим и ѕвездата на МЛС, Сон Хеунг-Мин, објави новинската агенција Јонхап.
Гореспоменатата жена побарала пари од фудбалерот, тврдејќи дека е бремена и дека тој е татко на детето.
ената е обвинета за изнуда на 300 милиони вони (170.000 долари) од Сон кон крајот на 2024 година, откако му испратила, резултати од преглед направен со ултразвук и му се заканила јавно дека ќе објави дека е бремена со него. Потоа се обидела да изнуди дополнителни 70 милиони вони од него со помош на нејзиното тогашно момче, кое е осудено на две години затвор за обид за уцена, објави Јонхап.
Двајцата се во притвор од мај. Обвинетите ја искористиле славата на Сон и неговата „ранливост“ за видот на кривично дело што го сториле, предизвикувајќи му значителна ментална болка, според пресудата на судот.
Фудбалерот одбил да го плати преостанатиот износ и поднел тужба. Судењето се одржа минатиот месец на затворено рочиште каде што се појави 33-годишниот Сон, моментално играч на Лос Анџелес.
Foto/ freerangestock
Спорт
(Видео) Ѓоковиќ: Португалија ќе го освои Светското првенство
Новак Ѓоковиќ ја гледаше последната трка во Формула 1, во Абу Даби минатиот викенд, му честиташе на Ландо Норис за неговата прва шампионска титула, но даде и изјава што многу ќе му се допадне на неговиот пријател Кристијано Роналдо.
Имено, кога го прашаа кој ќе биде следниот светски шампион во фудбал на Светското првенство во 2026 година, Новак без размислување рече;
„Ќе бидам смел во моето предвидување: Португалија ќе го освои Светското првенство. И тоа со победа над Мексико во финалето.“
Новинарот беше изненаден кога го слушна Мексико, па го замоли Новак да потврди дали слушнал правилно
„Како што реков, ќе бидам храбар: Португалија и Мексико во финалето, а Португалија победува“, повтори Ѓоковиќ.
Foto/ freerangestock
🇷🇸 Novak Djokovic makes his World Cup prediction:
"I'm going to be blunt about it, Portugal… and they're going to beat Mexico in the final."
Thoughts? ⚽ 🇵🇹 🏆pic.twitter.com/MnetTPtaXv
— Swish 🍒 Tennis (@Zwxsh) December 8, 2025

