Спорт
„Не сакам Ѓоковиќ да освои повеќе грен-слем титули од мене“
Рафаел Надал признал дека не сака Новак Ѓоковиќ кариерата да ја заврши со со повеќе освоени грен-слен титули од него.
Светскиот рекет број 2, оваа недела ќе учествува на турнирот во Акапулко.
„Имам убави спомени од овој турнир. Тука се чувствувам како дома. По Австралија опен ова е многу важна недела за мене. Сакам да видам како ќе се чувствувам на теренот“, рекол Надал на средбата со новинарите.
Надал на првиот грен-слем во сезоната, Австралија опен, испадна во полу-финалето од Доминик Тим. Тој признал дека во финалето навивал против Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер на крајот ја освои 17 грен-слем титула и го презеде врвот на АТП листата од Надал.
На вечната листа Надал сега има две грен-слем титули повеќе од Ѓоковиќ.
„Светот во кој што живееме понекогаш е превртлив. Имам добар однос со Доминик, имам добар однос со Ѓоковиќ. Но ако ме прашате дали би сакал Новак да освои повеќе грен-слем титули во повеќе од неме, тогаш одговорот е не. Таква е реалноста. Но, кога Ѓоковиќ ќе освои трофеј јас секогаш му честитам“, рекол Надал и дополнил.
„Тоа е чист професионализам. Верувам дека доколку го прашате Новак дали би сакал Ролан Гарос да го освојам јас или Доминик, веројатно одговорот ќе биде, Доминик“.
Надал на првото коло на турнирот во Акапулко ќе игра против Пабло Андухар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

