Спорт
Неапол е луд по својот клуб – прво дете кое доби име по Квича Кварацхелија!
Во исчекување на првото скудето од славната ера на Диего Армандо Марадона, навивачите на Наполи направија идоли од своите фудбалери, посебно од дуото Квича Кварацхелија и Виктор Осимен.
Додека Осимен доби многу посвети, посебно по својата маска, една брачна двојка отиде чекор подалеку во своето обожавање на грузискиот репрезентативец Кварацхелија, давајќи го името на 22-годишниот Кварацхелија на својот новороден син.
Според „Кориере дело спорт“, бебето добило име Даниеле Квича бидејќи неговите родители, Армандо и Клара се фанатични навивачи на клубот. Интересно и самиот татко, Армандо, го добил името по Диего Армандо Марадона, легендарниот Аргентинец кој ги донесе единствените две титули на клубот во историјата.
A couple in Naples have named their son Daniele Khvicha after Kvaratskhelia 😂
Born on March 31st he’s the first baby born with the name in Naples 👶🏻
His dad was born in 1986 and is named Diego Armando after Maradona 🇦🇷
Only in Napoli 💙
📰 Spazio Napoli pic.twitter.com/ufYe0ypx9n
— Italian Football TV (@IFTVofficial) April 7, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тухел ќе ја предводи Англија до 2028 година
Тренерот на фудбалската репрезентација на Англија, Томас Тухел, ќе остане на клупата на националниот тим барем до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Тоа е епилогот од новата соработка што Фудбалската асоцијација на Англија ја договори со германскиот стручњак. По совршената квалификациска кампања за Светското првенство, самодовербата е на исклучително високо ниво.
Поранешниот стратег на Челзи, Баерн Минхен и Пари Сен Жермен стави крај на шпекулациите за можен трансфер во Манчестер Јунајтед, Тотенхем или Реал Мадрид со парафирање на договорот. Сите три клуба неодамна ги сменија тренерите, но ќе мора да бараат нов на друга адреса.
„Многу сум среќен и горд. Едвај го чекам Светското првенство, одлична можност да ја направам нацијата горда. Имам огромна поддршка од извршниот директор Марк Булингам, колегите од Федерацијата и навивачите каде и да одам, без двоумење решив да ја продолжам оваа работа од соништата. Европското првенство 2028 ќе биде многу посебен турнир, можност да се натпреварувам со најдобрите на најголемата можна сцена“, рече Тухел.
Англичаните повторно влегуваат во големото натпреварување со епитетот еден од главните фаворити за трофејот.
Во групата Л ќе се натпреваруваат против Хрватска, Гана и Панама, па се очекува релативно лесен пласман во нокаут фазата. Пред четири години во Катар беа елиминирани во четвртфиналето, каде што беа запрени од Франција.
Foto/ depositphotos
Спорт
Словенец исфрлен од ЗОИ поради алкохол
Главниот тренер на финската репрезентација за скијачки скокови, Игор Медвед, е дисквалификуван од Зимските олимписки игри поради скандал поврзан со алкохол, објави „Афтонбладет“.
Финските спортисти ќе бидат без својот словенечки тренер до крајот на Игрите, кој беше испратен дома поради кршење на тимските вредности.
„Медвед се врати дома денес. Проблемот е поврзан со алкохолот. Прекршувањето на правилата го сфаќаме многу сериозно и ќе реагираме брзо“, изјави Јане Ханинен, раководител на елитни спортови во Финскиот олимписки комитет.
Селекторот се извини за своите постапки.
„Направив грешка и длабоко жалам за тоа. Сакам да им се извинам на целата финска репрезентација, спортистите и навивачите. Им посакувам на екипата мир и спокојство за да можат да се фокусираат на Олимписките игри“, рече 44-годишниот Медвед, кој е главен тренер на репрезентацијата во скијачки скокови од летото 2024 година, а претходно работеше во словенечката репрезентација.
Медвед е поранешен член на словенечката репрезентација во скијачки скокови.
Спорт
Ко-сопственикот на Манчестер Јунајтед: Велика Британија е колонизирана од имигранти
Британскиот премиер Сер Кир Стармер побара од милијардерот и ко-сопственик на Манчестер Јунајтед, Сер Џим Ратклиф, да се извини за тоа што изјавил дека Велика Британија е „колонизирана од имигранти“.
Во интервју за „Скај њуз“, Ратклиф рече: „Не можете да имате економија со девет милиони луѓе кои примаат социјална помош и огромен прилив на имигранти. Мислам, Велика Британија е колонизирана. Тоа чини премногу“.
Тој додаде: „Велика Британија е всушност колонизирана од имигранти, нели?“
Ретклиф, исто така, наведе неточни податоци за растот на населението, тврдејќи дека бројот на жители се зголемил од 58 милиони во 2020 година на 70 милиони денес, додека официјалните проценки покажуваат многу помало зголемување – од околу 66 на 69 милиони.
Стармер ги нарече неговите коментари „навредливи и погрешни“, велејќи дека Велика Британија е „горда, толерантна и разновидна земја“ и дека таквата реторика „им оди во прилог на оние кои сакаат да ја поделат нашата земја“.
Ратклиф, исто така, рече дека политичарите мора да бидат „подготвени да бидат непопуларни некое време за да решат големи проблеми“, сугерирајќи дека премиерот бил „премногу фин“ за да спроведе „строги мерки“ за имиграцијата и економијата.
Неговите забелешки беа осудени од навивачките групи на Манчестер Јунајтед и антирасистичките организации, велејќи дека тоа е реторика што потсетува на крајно десничарски наративи и може да ги продлабочи поделбите во општеството.
Foto/ depositphotos

