Спорт
„Нејмар има чувствителни стапала затоа толку се `тркала` по теренот“

Никој не може и не треба да го оспори квалитетот што го поседува фудбалерот на ПСЖ, Бразилецот Нејмар, но повеќето фудбалски фанови се иритирани од неговото превиткување по теренот по прекршок врз него.
Пред вчерашниот меч против Лајпциг во ЛШ, на кој токму Нејмар од пенал ги постави конечните 1-0 за „светците“, помошниот тренер во клубот, Унгарецот Золт Лоу објасни дека не се работи за актерство ниту пак за изнудување казна за противникот, туку за медицински феномен.
„Нејмар има неверојатно чувствителни стапала. Кога и да го удрат, чувствува екстремна болка“ рече Лоу за „Билд“.
Помошникот тренер објасни дека таквите реакции во комбинација со неговиот егоистичен стил на игра изнудуваат лутина кај навивачите.
„Тој е многу топла и отворена личност. Секако дека понекогаш изгледа арогантно поради тоа што го прави на теренот, но ако го фаулираат, во првата наредна прилика ќе се обиде да го издрибла токму тој играч. Тоа е неговиот одговор“ смета Лоу.
Нејмар од доаѓањето во Париз пред 3 години има доста проблеми со повреди, но во клупската кариера веќе постигна 248 гола надополнети со 156 асистенции на 413 настапи.
За „кариоките“ одиграл 103 меча и има 64 гола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вајналдум решил да го напушти Ливерпул

Репрезентативецот на Холандија, Жоржињо Вајналдум, решил да не го продолжи договорот со Ливерпул, кој му истекува на крајот од сезоната. Вајналдум, летово ќе бара нов клуб. До до крајот на овој месец може да преговара со сите заинтересирани клубови.
Вајналдум, во Ливерпул пристигна од Њукасл, за „црвените“ има одиграно 211 натпревари на кои постигнал 21 гол.
Холанѓанецот неколку месеци се поврзува со Барселона. Вајналдум со тренерот на Барселона, Роналд Куман, имаше успешна соработка во репрезентацијата на Холандија.
Инаку, Вајналдум во Ливерпул има неделна плата од 75.000 фунти.
Спорт
„Меси сам ќе реши дали ќе игра против Атлетик“

Барселона и Атлетик Билбао, утре од 21 часот, ќе се борат за првиот трофеј во новата сезона, Суперкупот на Шпанија.
Барселона во полу-финалето, по изведувањето на пенали го победи Реал Сосиедад, додека Атлетик со 2:1 го порази Реал Мадрид.
Барса го мина Реал Сосиедад без повредениот Лионел Меси. Настапот на Аргентинецот е незивесен и за утрешниот натпревар.
„Тренираше индивидуално, ќе видиме дали ќе може да игра. Самиот ќе донесе одлука, дали ќе игра ќе знаеме утре претпладне. Јас се надевам дека ќе игра, но и доколку не настапи ние че ја играме нашата игра“, рекол на прес-конференцијата тренерот на Барселона, Роналд Куман.
Холандскиот тренер истакнал дека е важно са неговиот тим да го освои трофејот.
„Важно е да се освојуваат трофеи. Можеби не е најважниот трофеј во сезоната, но сепак е трофеј“.
Домашен
Дебакл во Каиро – Македонија на минус 19 против Египет

Македонската ракометна репрезентација доживеа уште еден тежок пораз на 27 Светско првенство. По поразот од Шведска, во четвртокот (32:20), вечерва домаќинот Египет ја декласира Македонија со 38:19 (20:6). Поразот од Египет е најтешкиот за Македонија во седмото учество на светските првенства.
Двата одиграни натпревари на Светското првенство го поставуваат прашањето дали Македонија воопшто требаше да ја прифати понудата и како прва резерва да отпатува во Египет.
Со Шведска избраниците на Данило Брестовац се држеа во првите 15 минути, со Египет се предадоа од самиот почетокот.
По 10.минути игра Египќаните водеа со 7:3, а четири минути подоцна резултатот беше 10:3. Данило Брестовац потоа побара минута одмор, по што Македонија постигна три гола и тоа беше се што го покажаа на овој натпревар.
При резултат 10:6 во 18.минута, судијките од Франција, сестрите Бонавентура, му покажаа црвен картон на Кузмановски.
Од тој момент Египет повторно се врати во ритам и до крајот на полувремето го наполни голот на македонската репрезентација.
Во 26.минута, Египет создаде двоцифрена предност 16:6, а првиот дел „фараоните“ го завршија со 14 гола повеќе од противниците (20:6).
Вториот дел наликуваше на тренинг меч, Македонија до двоцифрен број на голови дојде во 40 минута, а во истата минута Египет имаше плус од 20 голови (30:10).
Махмуд со осум гола го предводеше Египет, кај Македонија Лазаров, Марковски и Пешевски постигнаа по три гола. Единствена светла точка во редовите на македонската селекција беше голманот Томовски со осум одбрани.
Египет со оваа победа избори пласман во втората фаза.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира