Спорт
Нејмар има две опции, во Европа нема да се врати
Иднината на Нејмар веќе некое време е неизвесна, бидејќи неговиот договор со Сантос истекува на крајот од годината.
Во еден момент, медиумите го селеа во Европа, се споменуваше дека може да оди во Серија А, но се чини дека ништо нема да се случи од неговото враќање на Стариот континент.
Според каталонски „Спорт“, Нејмар има две опции. Прва опција е да го продолжи договорот со Сантос и да остане во Бразил.
А втората е трансфер во МЛС лигата, каде што би го носел дресот на Интер од Мајами. Таму би го чекале неговите соиграчи од Барселона, Лионел Меси и Луис Суарез.
Нејмар сака да игра на Светското првенство во 2026 година, но за тоа ќе му треба континуитет и сериозен фудбал. Затоа сакал да се врати во Европа, но истиот извор наведува не постои интерес за неговите услуги на „Стариот континент“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шефилд Венздеј поднесе барање за стечај
Проблемите во кои се наоѓа Шефилд Венздеј се влошија во петокот, клубот поднесе барање за банкрот.
Финансиските проблеми се натрупаа до тој степен што Венздеј сега ѝ должи на владата еден милион фунти за даноци.
Англиската фудбалска лига му изрече неколку казни на клубот во текот на изминатите седум месеци, а EФЛ забрани регистрација на нови играчи поради доцнење на плаќањата на играчите и персоналот во клубот Шефилд Венздеј.
Притисокот врз Дејфон Чансири да го продаде клубот трае веќе долго време, а навивачите ја изразија својата загриженост со бројни протести, поранешни играчи, па дури и политичари. Навивачите бојкотираат веќе некое време и не доаѓаат на натпреварите што Венздеј ги игра на „Хилсборо“.
Поради новата ситуација и барањето за банкрот, на Шефилд Венздеј автоматски ќе им бидат одземени бодови, што официјално ќе биде потврдено од EФЛ. Венздеј е последен на табелата во Чемпионшип.
Последниот клуб во EФЛ што прогласи банкрот беше Дерби Каунти во 2021 година, а EФЛ потоа реагираше со одземање на 12 бода.
Спорт
Шкендија победи и обезбеди уште едно место за Македонија во европските купови
Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Победата на Шкендија над Шелбурн (1:0), во второто коло од Конференциската лига е историски момент за македонскиот фудбал. Шкендија стана првиот македонски клуб со победа во главната фаза од едно меѓународно натпреварување. Трите бода се исклучително значајни за македонскиот фудбал.
Благодарение на оваа победа, Македонија ја престигна Црна Гора на листата на УЕФА за национални коефициенти и се проби меѓу првите 50 фудбалски земји во Европа според тој параметар.
Ова значи дека од сезоната 2027/2028, Македонија ќе има четири претставници во европските натпреварувања, додека Црна Гора ќе падне на три.
Зад Црна Гора која е на 51-во место останаа само четири земји: Гибралтар, Грузија, Велс и Сан Марино.
Скокот на Македонија, од друга страна, потврдува дека континуитетот и инвестирањето може да донесе резултати.
Спорт
Рафа Бенитез го презеде Панатинаикос
Рафа Бенитез е новиот тренер на Панатинаикос. Клубот потврди дека Шпанецот препладнево потпишал две годишен договор.
Познатиот шпански стручњак, кој ја освои Лигата на шампионите со Ливерпул, стана најплатениот тренер во историјата на грчкиот фудбал.
За две години од неговите услуги, Панатинаикос ќе издвои четири милиони евра.
Целата приказна е генерално доста чудна, особено од аспект на платата, бидејќи кариерата на Бенитез одамна е во слободен пад. Неговата последна работа беше во Селта, каде што беше отпуштен во март и остана два бода над зоната за испаѓање.
Патанатинакос е 17-тиот клуб што Рафа ќе го води од клупата.
Тој имаше најголем успех во Ливерпул и Валенсија, а донесе и трофеи на Интер, Челзи, Наполи и Њукасл.
Патанаикос ја чека титулата грчки шампион од 2010 година. Последната титула беше Купот освоен во 2024 година. Во четврток, Панатинаикос беше поразен од Феенорд со 3:1 во Лигата на Европа.
Во ова натпреварување, новиот тим на Бенитез има една победа и два нерешени порази. Што се однесува до грчката лига, Панатинаикос има девет бода од шест натпревари.
Шпанецот ќе го има своето деби во недела, кога Астерас ќе гостува кај Панатинаикос.

