Спорт
Нејмар: Меси е најадобар во светот, Рамос е најдобриот бек

На промоцијата во САД, на својот турнир во мал фудбал наречен „Нејмар Фајв“, Бразилецот се дружел и одговарал на прашањата на фановите.
Еден од фановите го прашал Нејмар кој е најдобриот одбранбен фудбалер кој му бил противник.
„Серхио Рамос“, без размислување одговорил Бразиелцот и дополнил.
„Сјајен стопер, најдобар бек против кого сум играл. Многу е тешко да играш против него“.
Без размислување Бразилецот одговорил и на прашањето кој е најдобриот фудбалер во моментов.
„Меси е најдобар во светот. Тој е најдобариот што некогаш играл фудбал. Заедно бевме одличен тандем. Ми беше чест што играв со него. Покрај тоа ние сме и пријатели“.
Нејмар и Меси беа соиграчи четири години во Барселона, но потоа Бразилецот реши да го сруши трансфер рекордот и за 222 милиони евра се презели во Пари Сен Жермен. Злобниците велат дека Нејамр заминал од Барселона за да излезе од сенката на меси.
Истите тие злобни јазици оваа изјава на Нејмар ја поврзаа со неговата желба да се врати на „Ноу Камп“, а зборот на Меси таму најмногу се почитува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ѓоковиќ бара да игра во попладневниот термин за да го гледа финалето ПСЖ-Интер

Според „Еуроспорт“, Новак Ѓоковиќ побарал дуелот од третото коло на Ролан Гарос, против Австриецот Филип Мишолиќ, да се игра утре попладне.
Причината е желбата на најдобриот тенисер на сите времиња да го гледа финалето на Лигата на шампионите помеѓу Пари Сен Жермен и Интер, кое е закажано за 21:00 часот.
Вчера, по победата против Корентан Муте (6:3, 6:2, 7:6), Новак за кого ќе навива на натпреварот што ќе се игра во Минхен:
„Ќе навивам за Пари Сен Жермен. Дефинитивно ќе го гледам тој натпревар ако не морам да играм во тој момент“.
Секако, некој ќе каже дека Новак е со францускиот шампион затоа што игра во Франција, но не треба да заборавиме дека во текот на својата кариера повеќе се дружел со некои поранешни париски асови, од Златан Ибрахимовиќ до Нејмар до Лео Меси.
Не треба да се заборави дека Ѓоковиќ, кога е во прашање меѓународниот фудбал, навива за Милан, кој е градски конкурент на Интер.
Спорт
Алекса Аврамовиќ во Дубаи

Кошаркарот на ЦСКА Москва, Алекса Аврамовиќ, ќе биде играч на Дубаи од следната сезона, обајви „Јурохупс“.
Дубаи ќе плати обештетување за српскиот репрезентативец и ќе потпише договор со него, останува да се види за колку сезони.
Алекса беше одличен во ЦСКА, еден од најдобрите кошаркари во тој тим, а овој трансфер во Дубаи ќе значи и негово враќање во АБА лигата и Евролигата.
По 47 настапи во Евролигата со Партизан, бекот од Чачак повторно ќе игра во елитното натпреварување со Дубаи, кој доби петгодишна лиценца од Евролигата. Јасно е дека газдите на клубот ќе формираат сериозен тим за наредната сезона.
Аврамовиќ очигледно е првата аквизиција.
Спорт
(Видео) Трајковски: Максимална концентрација против Белгија

Извор/ ffm.mk
Македонската фудбалска репрезентација ги започна подготвиките за квалификациските натпревари за СП 2026 против Белгија (6. јуни, Скопје) и Казахстан (9. јуни, Астана).
Напаѓачот Александар Трајковски смета дека сите треба максимално да се стават во функција на тимот.
„Овој циклус е многу важен за нас и мора максимално да се фокусираме на овој циклус. Првиот меч ни е дома со Белгија, потоа одиме во Казахстан, мислам дека сите треба максимално да се стават во функција на тимот. Можеби е тешко затоа што е крај на сезона, но по овие два меча може да се одмориме. Се надевам на најдоброто. Почнавме добро, се надевам дека со Белгија ќе покажеме поголема концентрација до крајот на мечот, да извлечеме поука од тој меч со Велс“.