Спорт
Нејпир: Месина лаже за да ги покрие сопствените проблеми
Кошаркарот на Црвена звезда Шабаз Нејпир му одговори на тренерот на Олимпија Милано, Еторе Месина, кој откри дека плејмејкерот сака да се врати во Милано.
Месина изјави за „Кориере дела Сера“, дека Шабаз испраќа пораки преку своите пријатели дека сака да се врати.
„Ок, разбирам. Вашиот тим не започна како што сакавте, а ниту јас, но престанете да ме користите како причина. Во моментов се справувам со моите проблеми како играч, но среќен сум што сум во Црвена звезда и ќе бидам подобар за нив. Давате изјави за играч кој повеќе не е дел од вашиот тим, немојте. Престанете да ги лажете вашите навивачи за да ги решите сопствените проблеми“, напиша Напиер на Инстаграм.
Во исто време Месина го демантираше пипувањето на „Кориере дела Сера“.
„Никогаш не реков дека играчот некому ја изразил својата желба да се врати во Олимпија. Тоа беше чисто новинарско толкување. Многу ги почитувам Нејпир и Звезда, а принципиелно не зборувам за играчи од други тимови. “, рече Месина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Три репрезентации му нудат државјанство на Французинот Олисе
Михаел Олисе се надеваше но не доби повик од францускиот селектор Дидие Дешам за ЕУРо 2024.
Овој 22-годишен крилен напаѓач зад себе има одлична сезона во Кристал Палас. Во Премиер лигата постигна 10 гола.
Сепак, Дешам за ЕУРо 2024 се реши за проверени имиња, па шанса пред Олисе добија Коман, Дембеле, Турам и Коло Муани.
Прашање е дали Олисе ќе има трпение да чека на повикот од Дешам.
Интересно во оој момент на него сметаат уште три репрезентации: Англија, Нигерија и Алжир.
Олисе играше за младинските селекции на француската репрезентација, а гореспоменатите репрезентации се подобни бидејќи е роден во Лондон од татко Нигериец и мајка која е Французинка со алжирско потекло.
Спорт
Кејн се мачи со повреда во пресрет на ЕП
Напаѓачот на англиската репрезентација и Баерн Минхен Хари Кејн (30) мака мачи со повреда на грбот во пресрет на Европското првенство кое од 14 јуни до 14 јули ќе се одржи во Германија. Кејн ќе го пропушти последниот натпревар на Баерн во Бундес лигата против Хофенхајм, поради проблем со грбот.
Кејн имаше проблеми со грбот и во пресрет на реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид минатата недела, но покрај тоа што чувствуваше болка тој беше во тимот.
„Пробавме со инекции и терапија. но не помогна. Се влоши и тоа го чувствуваше во секојдневните движења. Немаше шанси воопшто да тренира“, изјави тренерот на Баерн, Томас Тухел.
На ЕП Англија ќе игра во група со Словенија, Данска и Србија. Тренерот Герет Саутгејт во вторник ќе го именува својот прелиминарен состав за турнирот.
Кејн постигна 44 гола во сите натпреварувања во неговата прва сезона во германскиот клуб, вклучувајќи четири хет-трика во Бундеслигата. Кејн со 62 гола е најдобар стрелец во историјата на англиската репрезентација.
Спорт
Севилја му нуди доживотен договор на Хесус Навас
Хесус Навас (38) во петокот навечер објави дека ја напушта Севилја по крајот на сезоната. Во објавата се пожали дека никој во клубот не му понудил нов договор.
Сепак, претседателот на Севилја, Хозе Марија дел Нидо Караско реши да реагира. Тој зборуваше на прес-конференција одржана до стадионот кој го носи името на „Хесус Нава“с, каде што настапува резервниот тим на Севилја. Караско објави дека на Навас му нуди доживотен договор.
„Се чувствувам дека треба да го истакнам ставот на клубот кога е во прашање Хесус. Не би ми паднало на памет како човек, како навивач на Севилја или како претседател да се спротивставам на најголемата легенда на клубот. Дури и овој стадион е именуван по него и јас не сакам да се судриме со него ниту јавно, ниту приватно, но не можам да дозволам да биде запишано во аналите на историјата дека Хесус не останува затоа што Севилја тоа не го сака. Станува збор за недоразбирање и јас не сакам Хуус да пати“, рече Караско и дополни.
„Од оваа позиција му нудам доживотен договор за да може да игра овде колку што сака, а потоа да продолжи да работи овде. Доколку остане при својата одлука, ќе го почитувам тоа и ќе направам се за да го добие заслуженото збогување, но се надевам дека Хесус ќе продолжи со нас затоа што го заслужува тоа и Севилја ќе му даде што сака“.
Навас кариерата ја започна во 2003 година, а во 2013 година се пресели во Манчестер сити. По четири години минати во Англија, тој се врати во Севилја.
Вкупно, тој играше за клубот од Андалузија 689 пати во сите натпреварувања, со што го држи рекордот како играч со најмногу настапи во историјата на клубот.