Спорт
Нели ви е срам од Сер Алекс Фергусон?

Сер Алекс Фергусон пред една деценија го напушти Манчестер јунајтед, а еден статистички податок покажува колку „црвените ѓаволи“ потоана откако тој замина во пензија.
Во летото 2013 година, легендарниот Шкотланѓанец замина во заслужена пензија, откако на Манчестер јунајтед му донесе уште една во низата шампионски титули на Англија.
Не само што е последната титула во Премиер лигата што ја освои Јунајтед, туку во меѓувреме овој тим целосно ја загуби својата некогаш позната непобедливост на „Олд Трафорд“.
Последниот пораз од градскиот ривал Манчестер сити од 3:0 е особено ги боли навивачите на „црвените ѓаволи“, а англиските статистичари објавија и разочарувачки податок за сите наследници на славниот шкотски менаџер:
„Манчестер Јунајтед загуби 34 натпревари на „Олд Трафорд“ во англискиот шампионат за 10 години, исто како под водство на Фергусон за 26 години“.
Статистичарите не го извлекоа податокот колку порази индивидуално доживеале Дејвид Мојс, Луис ван Гал, Жозе Мурињо, Оле Гунар Солскјер, Ралф Рангник и Ерик тен Хаг, но на сите нив треба да им се постави прашањето.
„Нели ви е срам од Сер Алекс Фергусон?“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Џејмс Тарковски ќе остане во Евертон

Англискиот фудбалер Џејмс Тарковски го продолжи договорот со Евертон до крајот на јуни 2028 година, објави клубот од Ливерпул.
Тарковски (32) е член на Евертон од 2022 година и во тој период одигра 128 натпревари и стана заменик-капитен.
„Многу сум возбуден и горд што сум играч на Евертон и што го продолжувам ова патување. Беа луди неколку години со огромни падови и огромни подеми. Успеавме да ги надминеме тешките времиња и се надеваме дека сега нè очекува попозитивна и возбудлива ера“, рече Тарковски.
Во текот на својата кариера, Тарковски играше и за Олдам, Брентфорд и Барнли.
Евертон е на осмото место на табелата во Премиер лигата со 11 бода, а во следното коло ќе го пречека Манчестер Сити.
Спорт
Аморим уште долго ќе го предводи Манчестер Јунајтед

Најбогатиот Британец, ко-сопственик на Манчестер Јунајтед, воедно задолежн за спортскиот сектор, Џим Ретклиф нема намера да му врачи отказ на Рубен Аморим, без оглед на лошите резултати на клубот.
Сер Џим Ратклиф, во подкастот „Бизнис“, рече дека тренерот ја има неговата целосна поддршка. Повтори дека на Аморим ќе му се даде време да ги имплементира своите идеи во тимот и дека доколку мнозинскиот сосптвеник, семејството Глејзер побара да му врачи отказ на Амрим, дека неговиот одговор ќе биде „Не“.
Потоа објасни зошто…
„Вистина е дека Аморим не ја има најдобрата сезона во клубот. Но, на Рубен му требаат три години за да покаже дека е одличен тренер. Тогаш јас би ги донел одлуките…“, рече Ратклиф, кој издвои 1,6 милијарди фунти за партнерство со Глејзерс во февруари 2024 година за 26,1 процентен удел во Манчестер Јунајтед.
Дел од договорот е неговата компанија ИНЕОС да ги преземе спортските работи на „Олд Трафорд“, па затоа следеше смената на Ерик Тен Хаг, односно промоцијата на Аморим.
Сепак, во првите 50 натпревари на „Олд Трафорд“, Португалецот сè уште има негативен скор, поради што е сè почесто под притисок од јавноста.
„Не можете да водите клуб и да паѓате на колена под притисокот на медиумите секоја недела одново и одново“, изјави неодамна најбогатиот Британец.
Спорт
Јанис (засега) останува во Милвоки

Јанис Адетокумбо, кошаркарот на Милвоки Бакс, реши да се огласи по повод шпекулациите дека во блиска иднина би можел да ја напушти франшизата од Висконсин.
Јанис Антетокумпо е жива легенда на Милвоки Бакс и, заедно со Карим Абдул-Џабар (Лу Алсиндор), оставија најдлабок белег во историјата на овој клуб.
Токму двајцата ги донесоа единствените две шампионски титули. Јанис беше МВп на финалната серија против Феникс во 2021 година.
Со денови се зборува дека Јанис би можел наскоро да замине, и дека бил многу блиску до преселба во Њујорк Никс ова лето.
„Веќе многу пати кажав, сакам да бидам во ситуација каде што можам да победувам и да освојувам титули и сега сум тука. Верувам во овој тим, верувам во моите соиграчи. Тука сум за да бидам лидер на тимот, да видиме до каде можеме да стигнеме и сигурно нема да ни биде лесно. Сега, за шест или седум месеци, можам да се предомислам. И јас сум човек. Дозволено ми е да носам свои одлуки, но сега сум целосно фокусиран и посветен на овој тим“, рече Адетокумбо.
Фото/ Принтскрин