Спорт
„Нема шанса Осимен да си замине во јануари“
Потпретседателот на Галатасарај, Ибрахим Хатипоглу изјави дека Виктор Осимен нема да го напушти клубот во јануари, по шпекулациите дека во зимскиот преоден рок ќе се пресели во Јувентус. Осимен дојде во Галатасарај на позајмица од Наполи.
Галатасарај оваа сезона на Осимен ќе му плати шест милиони евра, а откупната клаузула во неговиот договор е намалена од 130 на 75 милиони евра, објавија италијанските медиуми.
Нигерискиот фудбалер го продолжи договорот со Наполи на уште една година пред да се пресели во Галатасарај.
„Нема шанси Осимен да замине во јануари. Всушност, планираме Осимен да игра за нас и следната сезона“, изјави Хатипоглу за турските медиуми.
Италијанските медиуми објавија дека Јувентус е меѓу италијанските клубови заинтересирани за Осимен.
Веб-страницата „Калчомеркато“ наведе дека директорот на Јувентус, Кристијано Џунтоли има добри односи со менаџерот на нигерискиот фудбалер Роберт Календа, па 25-годишниот напаѓач може да биде опција за Јувентус на крајот од сезоната, особено ако Душан Влаховиќ не се истакне до крајот на сезоната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

