Спорт
Ненад Димитирјевиќ ја растури ЦСКА Москва

Кошаркарите на Уникс од Казан ја совладаа ЦСКА во „Мегаспорт арената“ со 78:84 во ВТБ лигата. Натпреварот, со нестварна партија, го обележа македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ.
Димитријевиќ постигна рекордни во кариерата 38 поени, запиша и пет асистенции. Од поле промаши само еднаш 12-13 (8-8 за два, 4-5 за три, 10-11 слободни фрлања). Половина од поените Димитријевиќ ги постигна во последната четвртина.
Ваквата партија му донесе индекс на корисност 48. Маркос Најт беше следен најефикасен кај Уникс со 12 поени.
Кај ЦСКА, Мело Тримбл имаше 17 поени, Ливио Жан-Шарлс еден помалку.
Уникс сега е прв на табелата од втората фаза од ВТБ лигата. Тиимот на Димитирјевиќ има победа повеќе од ЦСКА.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вардар победи во Струга

Фото/ facebookFKVardarSkopje
Вардар победи во Струга во првиот натпревар од 20.коло во Првата македонска фудбалска лига. „Црвено-црните“ славеа над актуелниот шампион Струга ТЛ со 2:0.
Вардар, со победата во Струга, избега од опасната зона, по некомплетното 20.коло, најтрофејниот македонски клуб се наоѓа на деветтото место со 16 поени. Струга и по оваа рунда ќе остане на петтата позиција.
Црвено-црните натпреварот во Струга го решија со два гола во втората половина од вториот дел. Закариќ во 68.минута го постигна првиот, а Мато во 82.минута го постави конечниот резултат.
Табела:
Спорт
(Видео) ВАР го спаси Јунајтед од пораз кај Евертон

Евертон и Манчестер јунајтед одиграа нерешено 2:2 во 26. коло од Премиер лигата.
Гостите и на овој натпревар беа на работ од бездната, скршени, безидејни, без енергија и без шут кон голот 70.минути.
Еветон белскаше во првиот дел со два гола, преку Бето во 19. и Докуре во 33.минута.
На Евертон му требаше уште еден гол за да ја турне во бездната екипата на Рубен Аморим, но овојпат Манчестер успеа да се извлече.
Дваесет минути убав фудбал, дваесет минути енергија, желба и труд им беа доволни на гостите да го израмнат резултатот. Изедначи Фернандеш во 72.минута од слободен удар, а од пораз Јунајтед го спаси Угарте во 80.минута.
Среќата на „црвените ѓаволи“ им беше наклонета во 93.минута, кога судијата Енди Медли ја смени својата одлука и и го поништи пеналот што го дисуди за Евертон.
Спорт
Лојд поднел барање за полско државјанство

Џордан Лојд, поранешен играч на Торонто Репторс, Црвена звезда, Макаби, сега член на Монако, во Париз поднел барање за добивање на полско државјанство, јавуваат полските медиуми.
Американецот наскоро би можел да заигра за оваа европска земја на инсистирање на селекторот Игор Миличиќ. Се очекува Лојд да го замени 38-годишниот Еј Џеј Слејтер.
Покрај асот на Монако, Полјаците сакаат да натурализираат уште еден Американец Џерик Хардинг кој моментално е член на Андора.
„Сакаме да имаме двајца натурализирани играчи поради повреди и други непредвидени околности. Треба да бидеме јаки во сите линии, бидејќи следниот Евробаскет е многу важен за Полска“, изјави Игор Миличиќ.
Како што истакна Миличиќ, двајцата играчи изразиле желба да играат за Полска не само на континенталниот шампионат, туку и во годините што следат.