Спорт
Нереални бројки на Хари Кејн

Foto/ EPA
Челниците на Баерн беа во првао кога во летниот преоден рок инсиситираа на трансферот на Хари Кејн. Долго време преговараа со Тотенхем, откако Кејн прифати да се пресели во Минхен. Во финишот на преодниот рок падна договорот, Тотенхем доби 95.000.000 евра, а Кејн го облече дреост со број 9 на германскиот великан.
Хари Кејн блеска од почетокот на сезоната во дресот на новиот клуб. Синоќа беше двоен стрелец во победата на Баерн против Галатасарај во Лигата на шампионите.
Во досегашниот дел од овогодинешната Лига на шампиони, Кејн на четири натпревари постигна четири гола и имаше две асистенции.
Уште поимпресивен е неговиот настап во Бундеслигата, каде на 10 натпревари постигна 15 голови со пет асистенции.
Досега на 14 натпревари постигна вкупно 19 гола и имаше седум асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Далас Маверикс стекна право на прв пик

Далас Меверикс на вчерашната лотарија го доби правото на првиот пик, за првпат во историјата на франшизата.
За прв пик веќе извесно време е предвиден талентот на генерацијата, 206 сантиметри високата ѕвезда, крилниот центар Дуке Купер Флег.
Флег оваа сезона бележеше 19,2 поени, 7,5 скока и 4,2 асистенции, со успешност од 48,1 процент од игра, 38,5 за три и 84 проценти слободни фрлања.
Спорт
Анчелоти ќе заработува 770.000 евра месечно на клупата на Бразил, Италијанецот станува најплатениот селектор

Карло Анчелоти и официјално е потврден за нов селектор на бразилската фудбалска репрезентација, објавија синоќа многу светски медиуми. Анчелоти ќе го преземе местото на 26 мај, веднаш по завршувањето на сезоната со Реал Мадрид. Со овој потег завршува неговиот втор мандат на клупата на Кралскиот клуб, со кој претходно освои две Ла Лига и три Лига на шампиони.
Анчелоти имаше уште една година од договорот со Реал Мадрид, но по пријателските разговори со челниците на клубот и Бразилската фудбалска федерација, беше договорен неговиот предвремен отказ. Според „Атлетика“, Италијанецот на крајот на април ја известил управата на Реал за својата одлука, а во меѓувреме биле финализирани сите детали од договорот со Бразил. Неговиот мандат е закажан до крајот на Светското првенство во 2026 година, кое ќе се игра во САД, Канада и Мексико.
АС Мадрид откри дека Анчелоти ќе добие „астрономска“ сума на клупата на Бразил. Според извештаите, Италијанецот треба да заработува 770.000 евра месечно или 9.200.000 евра годишно. Ова е двојно повеќе од сумата што ја добија последните двајца бразилски тренери Тите и Доривал Јуниор.
Спорт
Вие сте најголемото ѓубре на светот – Киргиос ги нападна навивачите на социјалните мрежи

Австралиецот Ник Киргиос е во расправија со навивачите на социјалните мрежи кои се радуваат по повредата на најдобриот играч од Бостон Џејсон Тејтум.
Кошаркарите на Бостон Селтикс беа поразени од Њујорк Никс со 121:113. Екипата на Бостон сега има негатива од 3:1 во полуфиналето на Источната конференција во НБА. Покрај поразот во четвртиот меч останаа и без својот најдобар играч Џејсон Тејтум кој најверојатно си ја скина тетивата.
Тејтум не е баш меѓу омилените кошаркари во целата НБА лига, па фановите се радуваат на социјалните мрежи по неговата повреда. Тоа не му се допадна на Ник Киргиос, кој е голем фан на Селтикс.
„Кој и да ја слави повредата на Тејтум или повреда на било кој спортист, вие сте најголемото ѓубре на светот“, изјави Ник Киргиос.
Џејсон Тејтум се здоби со една од најтешките спортски повреди. Џејсон мораше да ја напушти салата во инвалидска количка. Тој плачеше и ги држеше рацете на лицето.