Спорт
Неверојатен расплет околу Осимен, Италијанците пишуваат дека тој има нов клуб
Виктор Осимен сепак, на крајот, заминува од Наполи. Нигериецот кого Наполи не го регистрира сезонава по неуспешниот трансфер во Арабија, заминува во Турција и до крајот на оваа сезона треба да игра во Галатасарај.
Италијанските медиуми пишуваат дека агентите веќе отпатувале за Истанбул и дека се ќе биде готово до 13 септември, кога трае преодниот рок во Турција.
Италијанците тврдат дека на Осимен му се допаѓа опцијата да замине во Истанбул.
Тој пристигна во Наполи во 2020 година за 78 милиони евра од Лил. За италијанскиот клуб постигна 76 гола со 18 асистенции на 133 натпревари. Летово требаше да направи голем трансфер во Челзи, кој пропадна, а потоа и во Ал Ахли, од кого Наполи во последен момент бараше повеќе од договорените 80 милиони евра.
Кога тоа не успеа, Наполи одби да го регистрира Осимен, на кого претходно му кажа дека повеќе не е добредојден во тимот. Да потсетиме, Нигериецот на почетокот на преодниот рок изјави дека повеќе не сака да игра за Наполи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сака ќе потпише нов договор со Арсенал
Букајо Сака и Арсенал нема намера да го напушти Арсенал. Фудбалерот и клубот се договориле за нов, подобрен петгодишен договор.
Еден од најдобрите играчи на Арсенал ќе остане во клубот до летото 2031 година. Финансиските детали од новиот договор не се објавени.
Актуелниот договор на Сака исекуваше во 2027 година.
Foto/ freerangestock
Спорт
Фиорентина доби засилување од Аталанта
Марко Брешанини е новото засилување на Фиорентина за вториот дел од сезоната.
Тимот кој собра само 13 бода од почетокот на сезоната и кој, според сите очекувања, ќе се бори за опстанок, мора да се засили и да биде таму каде што му диктира репутацијата – во горниот дел од табелата.
Виола е далеку од тоа, но Брешанини е делот што недостасува за клубот, а тренерот Паоло Ваноли веќе разговарал со него и се чини дека би можел да добие вреден играч во средниот ред.
Брешанини веќе тренираше со тимот, а договорот е до крајот на сезоната, станува збор за позајмица со право на откуп, што ќе се дискутира на крајот од сезоната.
Брешанини одигра само осум натпревари за Аталанта оваа сезона.
Foto/ freerangestock
Спорт
Алдегер се здобил со фрактура на бутната коска
Тимот на Гресини Рејсинг потврди дека младиот шпански возач Фермин Алдегер доживеал фрактура на бутната коска на левата нога за време на тренингот во Валенсија, само неколку недели пред почетокот на предсезонските тестирања.
20-годишниот Алдегер го имаше своето деби во Мото ГП шампионатот минатата година со тимот на Гресини, возејќи Дукати со спецификација од 2024 година, и ја круниса сезоната со титулата најдобар почетник, со историска прва победа на Големата награда на Индонезија. Оваа година требаше да се натпреварува со Дукати со спецификација од 2025 година, но неговите подготовки сериозно се нарушени од поредата.
Како што објави тимот, Алдегер ја претрпел фрактурата за време на тренингот во четврток во Валенсија, а операцијата е закажана за денес во Барселона.
Деталите за инцидентот не се откриени.
Повредата доаѓа во незгодно време, точно еден месец пред првиот предсезонски тест за сезоната 2026, кој е закажан за 3-5 февруари во Малезија. Официјалната презентација на тимот е закажана за 31 јануари во Куала Лумпур, додека тестирањето ќе продолжи на 21 и 22 февруари во Бурирам.
Сезоната започнува една недела подоцна со Големата награда на Тајланд.
Foto/ freerangestock

