Спорт
Неверојатна трка и златен медал за Влхова во слалом

Петра Влхова од Словачка е олимписка шампионка во слалом. Влхова со брилијантна втора трка успеа да дојде до најсјаjното одликување. Првата трка ја заврши на осмото место.
Влхова, по првата трка заостануваше зад водечката за 72 стотинки. Во втората трка „леташе“ по патеката, со вкупно време 1:44.98 минути.
Второто место, со само осум стотинки послаб резултат од Влхова го освои Катарина Линсбергер од Австрија. Со бронзата се закити Венди Холендер од Швајцарија.
Водечката по првата трка, Лена Дир, на крајот го освои четвртото место, со 19 стотинки послаб резултат од Влхова.
Големата фаворитка, Михаела Шифрин, не ја заврши трката. Како и во велеслалом, Шифрин ја заврши трката на самиот почеток.
“Slovakia win their first Alpine ????!” ?
Incredible scenes as Petra Vlhova wins gold for Slovakia in the women’s slalom ?
Look at the emotion – an ???????? day for Slovakian sport ???#Beijing2022 | #AlpineSkiing pic.twitter.com/QINSfW91qh
— Eurosport (@eurosport) February 9, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Два европски гиганта: спектаклот помеѓу Партизан и Панатинаикос потврден

Партизан и Панатинаикос ќе ги вкрстат копјата на пријателски натпревар во Австралија во септември 2025 година, официјално е потврдено.
Како што претходно беше најавено, Партизан и Панатинаикос ќе го продолжат своето пријателство и ќе бидат главни актери на меморијалниот турнир „Павлос Јанакопулос“, именуван по поранешниот сопственик на „зелените“.
Сега е официјално потврдено, а турнирот, на кој ќе настапат и Сиднеј Кингс и Аделejd 36ерс, ќе се одржи од 18 до 22 септември оваа година во Мелбурн и Сиднеј.
„Два европски гиганти. Два австралиски предизвикувачи“, објави ПАО во соопштението за настанот.
„Ова е неверојатен момент за НБЛ (Австралиската кошаркарска лига) и кошаркарските фанови во Австралија. Да се натпреваруваат два од најголемите европски тима на турнир од ваков калибар, заедно со два од најголемите австралиски клуба, е одраз на репутацијата што НБЛ ја стекнува на глобално ниво, но исто така го нагласува растечкиот интерес што Австралијците го имаат за играта“, рече Никола Миливојевиќ, директор на НБЛ.
Партизан и Панатинаикос прво треба да одиграат пријателски натпревар на 18 септември на арената „Џон Кејн“ во Мелбурн, а потоа да учествуваат на турнирот со „Кингс“ и „36ерс“ на арената „Кудос Банк“ во Сиднеј на 21 и 22.
Спорт
Кошаркар на Монако загина во сообраќајна несреќа додека се враќал од натпревар
Кошаркарскиот клуб Монако објави трагична вест дека еден од нивните млади кошаркари загинал во сообраќајна несреќа. Монако се обрати до јавноста со шокантната вест во ноќта помеѓу 11 и 12 мај.
Загинатиот играч е младиот кошаркар Лоренцо Рену, кој играше за нивниот тим кој играше во лигата „Национале 3“, петта во Франција.
Несреќата се случила додека тимот се враќал од натпревар, а покрај починатиот играч, повредени се уште пет лица кои моментално се на лекување (тренерот, тројца играчи и возачот).
Како одговор на оваа трагедија, на натпреварот помеѓу првиот тим на Монако и Бурж ќе се одржи минута молчење.
„Во овие трагични околности, претседателот на клубот и другите членови изразуваат најдлабоко сочувство до семејството и најблиските на починатиот, а исто така се со сите повредени“, се вели во соопштението на Монако.
Спорт
Кошаркарите на Уникаха ја освоија Лигата на шампионите со победа на Галатасарај

Кошаркарите на Уникаха во финалето на ФИБА Лигата на шампиони ја победија турската Галатасарај со резултат 83:67 и стана шампион на ова натпреварување. Со оваа победа тие го одбранија трофејот ФИБА ЛШ кој го освоија минатата година победувајќи го Тенерифе во големото финале во белградската Арена. Сега Уникаха “му прочита лекција” на истанбулскиот Галатасарај во “Синан Ердем Домот” во нивниот град.
Тајсон Картер имаше 14 поени со 3 скока и 5 асистенции, Кендрик Пери додаде 13 со 4 скока и 3 асистенции, а 13 и 11 скокови имаше Тајсон Перес, додека Тајлер Калиноски имаше 11 поени и исто така беше двоцифрен.
На другата страна, имаше 14 поени на Тајрон Валас, а толку имаше и Вил Каминџ, додека 12 запиша Робертс Блумберг, а Џејмс Палмер 11 со по 4 скока и асистенции.