Спорт
Неверојатната Волш повторно урна светски рекорд
Гречен Волш продолжува да си поигрува со светските рекорди на планетарното првенство во 25-метарски базени во Будимпешта.
Брилијантана Американка, најпрвин постави нови светски рекорди во дисциплините 50 метри делфин (два пати, во квалификациите и во финалето) и 100 метри мешано, а утрово постави нов планетарен рекорд во трката на 100 метри делфин.
Во квалификациите, в оваа дисциплина таа исплива 53,24, надминувајќи го достигнувањето на Канаѓанката Мекнил од 2022 година за дури 81 стотинка.
Волс веќе собра 100.000 долари за соборување светски рекорди во Унгарија, бидејќи секој најдобар резултат во историјата носи 25.000 зелени банкноти. Таа ја проби бариерата двапати во 50 метри делфин и еднаш на 100 метри мешано и претпладнево на 100 метри делфин.
Во каква форма дојде на СП во Будимпешта реално е да се очекува дека Волш ќе урне уште некој светски рекорд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Гвардиола: Имам силна поддршка од претседателот на клубот
Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изјави дека има силна поддршка од клупските ќчелници, пренесува „Скај Спортс“.
Манчестер сити забележа една победа, две нерешени и девет порази во последните 12 натпревари во сите натпреварувања. И покрај серијата лоши резултати Гвардиола вели дека има поддршка од претседателот Калдун Ал Мубарак.
„Зборуваме секоја недела и чувствувам силна поддршка од него. И двајцата знаеме дека треба да донесеме некои одлуки кога ќе се случи нешто погрешно. Секогаш сме оптимисти кога решаваме за наредните чекори“, рече Гвардиола.
Фудбалерите на Манчестер сити се на седмото место на табелата во Премиер лигата со 27 бодови од 17 натпревари. Манчестер сити, во четврток, на домашен терен ќе го пречека Евертон во 18. коло од Премиер лигата.
Спорт
Боргес ќе биде новиот тренер на Спортинг
Експериментот на Спортинг Лисабон со Жоао Переира доживеа фијаско. „Лавовите“, во понеделникот одиграа 0:0 со Жил Висенте, подоцна Бенфика победи и го презеде лидерското место на табелата.
Падот на Спортинг започна со заминувањето на Рубен Аморим во Манчестер јунајтед. Со Аморим, Спортинг имаше добра позоција да избори место меѓу најдобрите осум во Лигата на шампионите, во првите четири кола тимот освои 10 поени, но со Переира ги загуби наредните два.
Клупскиите челници свесни за грешката што ја направија решија експресно да делуваат, му врачија отказ на Переира. Негов наследник ќе биде Руи Боргес.
Станува збор за 43-годишник кој минатото лето пристигна во Виторија Гимараеш од Мореиренсе, со кој заврши на шестото место на табелата. Тој ја продолжи одличната работа во својот нов клуб, бидејќи Виторија во моментов е и шестопласирана во португалското првенство и првата фаза во Конференциската лига ја заврши без пораз, со четири победи и две нерешени, на второто место веднаш за Челзи.
Иако веќе има осум клуба во своето тренерско резиме, кариерата на Боргес допрва започнува. Се очекува Спортинг официјално да го промофира Боргес во текот на денот.
Спорт
Коркмаз доби отказ во Монако
Турскиот кошаркар Фуркан Коркмаз (27) повеќе не е член на Монако и е слободен да избере нов тим.
Евролигашот од Монте Карло се уште официјално не ја објави оваа информација, но таа формалност е само прашање на време откако клубот го отстрани Коркмаз од ростерот до крајот на сезоната.
Турскиот кошаркар сега е слободен да избере нова средина и останува прашањето дали ќе најде нова работа во некој од клубовите од Евролигата или ќе се одлучи за некоја друга опција.
Во секој случај, неговото толку рано заминување од Монако е донекаде изненадување бидејќи станува збор за играч со големо НБА искуство, кое го собра во седум сезони во дресот на Филаделфија. Во најсилната лига на светот одигра 361 натпревар.
Престојот во Монако сепак не помина според очекувањата на двете страни.
Коркмаз оваа сезона одигра само три натпревари во Евролигата, иако повредите го спречија да биде поприсутен на теренот. За тоа време тој имаше просек од 4,7 поени и 2,3 скока по натпревар.
Не блескаше ниту во француското првенство, имаше просек од 4,3 поени и 1,8 скока по натпревар.