Спорт
Неверојатно, но вистинито! Челси направиле профит од трансфери ова лето!
Челси ја комплетираа продажбата на Давиде Запакоста во Аталанта за 8 милиони фунти, што значи дека и покрај тоа што дадоа 115 милиони евра (98 милиони фунти) за Ромелу Лукаку, ова лето оствариле профит од трансфери.
29-годишниот Запакоста се врати дома по четири години на „Стемфорд бриџ“, иако немаше играно за Челси од финалето на Лига Европа во 2019 година. Со овој трансфер, Марина Грановскаја, првиот човек на Челси успеа да направи профит – дадоа 98 милиони фунти, но заработија 98.4 милиони фунти!
„Сините“ го продадоа Теми Абрахам на Рома за 34 милиони фунти, Фикајо Томори на Милан за 25 милиони фунти, и Марк Гуехи на Кристал палас за 18 милиони фунти, додека помалку пари заработија на Виктор Мозес, Тино Ливраменто, Оливие Жиру, Луис Бејт и Мајлс Пирт-Херис.
ЧЕЛСИ, ЛЕТЕН ПРЕОДЕН РОК
Дојдоа: Ромелу Лукаку (Интер, 98 милиони фунти), Маркус Бертинели (Фулам, бесплатен трансфер). ВКУПНО: 98 милиони фунти
Заминаа: Теми Абрахам (Рома, 34 милиони фунти), Фикајо Томори (Милан, 25 милиони фунти), Марк Гуехи (Кристал палас, 18 милиони фунти), Давиде Запакоста (Аталанта, 8 милиони фунти), Тино Ливраменто (Саутемптон, 5 милиони фунти), Виктор Мозес (Спартак Москва, 4.5 милиони фунти), Луис Бејт (Лидс, 1.5 милиони фунти), Мајлс Пирт-Херис (Брентфорд, 1.4 милиони фунти), Оливие Жиру (Милан, 1 милион фунти). ВКУПНО: 98.4 милиони фунти
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Ентони Џошуа му ја скрши вилицата на јутјуберот Пол
Шест рунди му беа потребни на британскиот тешкаш Ентони Џошуа да го нокаутира јутјуберот и боксерски почетник Џејк Пол во борба која од самиот почеток беше прогласена за една од најнееднаквите во историјата на боксот.
Пол го помина поголемиот дел од борбата избегнувајќи да влезе во дуел со Џошуа, на крајот потклекна на моќта на двократниот светски шампион.
Џошуа изгледаше сè пофрустрирано додека Пол ја избегнуваше борбата и танцуваше низ рингот. Сепак, британскиот боксер конечно се наметна и го нокаутира јутјуберот двапати во петтата рунда. Пол повторно беше на подот во шестата рунда пред Џошуа да го изведе тврдиот и чист десен удар, му ја скрши вилицата на Пол, што донесе ненадеен крај на надреалната ноќ во центарот Касеја во Мајами. Иако Американецот не успеа да се стане од подот на време, во салата имаше олеснување кога стана и го напушти рингот без помош.
Anthony Joshua finally lands the knockout blow in round 6! #JakeJoshua pic.twitter.com/fLBZKhZW4Y
— Netflix UK & Ireland (@NetflixUK) December 20, 2025
„Не беше ова мое најдобро издание“, рече 36-годишниот Џошуа. „Крајната цел беше да се нокаутира Џејк Пол и да се повреди. Потребно беше малку подолго од очекуваното, но десницата конечно ја пронајде својата дестинација.“
Исходот од мечот беше очекуван, а контроверзниот натпревар повторно ги отвори прашањата за безбедносните ризици создадени од таков јаз во искуството, големината и силата.
За Џошуа, ова беше 29-та победа во 33 професионални настапи, а сега може да се сврти кон вистински предизвици – пред сè, долгонајавуваната пресметка со Тајсон Фјури.
Foto: Profimedia
Спорт
(Видео) Болоња преку Интер до финалето на Суперкупот
Актуелниот освојувач на Купот на Италија, Болоња, ќе се бори за трофејот во Суперкупот. Болоња во Ријад го победи Интер по изведувањето пенали со 3.2. Во регуларниот дел натпреварот заврши 1:1.
Интер беше подобар во текот на целиот натпревар, но тоа не успеа да го претвори во победа. Турам му донесе предност на Интер во втората минута. Болоња изедначи од пенал во 35-та минута, преку Орослини.
Во пенал серијата, во херој се претвори голманот на Болоња, Раваља. Тој ги одбрани ударите на Бастони и Бони, а Барела шутираше над голот.
Финалниот натпревар се игра в понеделник од 20 часот. Противник на Болоња ќе и биде актуелниот првак Наполи.
Спорт
Алекс Фергусон: Можно е Манчестер Јунајтед уште 10 години да не биде шампион
Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, даде загрижувачка прогноза за иднината на клубот, предупредувајќи дека може да помине уште една деценија пред повторно да го кренат трофејот од Премиер лигата.
Јунајтед ја освои последната титула во лигата во 2013 година, точно во последната сезона на шкотскиот стручњак на клупата.
Фергусон денес има 83 години и освои 13 титули во англиското првенство и две Лиги на шампиони со Јунајтед. Тој го водеше клубот 27 години, од 1986 до 2013 година.
Според Фергусон, клучната причина за долгогодишниот пост лежи во лошиот избор на играчи. Тој истакна дека подобрувањето на процесот на регрутирање и доведување засилувања е неопходен предуслов за враќање на клубот на патеките на старата слава.
Тој посочи три нови играчи, за кои смета дека се засилувања
„Аморим е добра личност, не му е лесно. Кога јас пристигнав, Ливерпул беше одличен. Тие беа европски шампиони, но потоа им требаа 30 години за повторно да ја освојат титулата во англиската лига. Таква е ситуацијата со Јунајтед. Може да потрае уште десет години пред да ја освоиме титулата во лигата.
Мора да се погрижиме да доведеме подобри играчи. Голманот Ламенс беше доведен за да направи разлика. Тој е млад, агилен, висок и знае како да игра со рацете и нозете. Тука се и Мбеумо и Куња, за кои мислам дека исто така ќе бидат од голема помош“, им рече Фергусон на новинарите во Бахреин.
Foto/ depositphotos

