Спорт
Неверојатно опасно – скелетон санкачка налета на метла на патеката!

Скелетон санкањето дефинитивно не е спорт за тие со слабо срце – одите со глава напред на замрзната писта со брзини од над 100 км/ч, а последниот пример од Австрија покажува што може да се случи ако не се внимава.
Првото „пуштање“ на патеката во Инсбрук од ИБСФ Светскиот куп беше откажано и сите резултати беа поништени, откако санкачката од Девствените Острови, Кејти Таненбаум удри во метла која беше оставена на патеката од страна на работниците кои ја чистат патеката пред секое возење.
35-годишната Таненбаум, која беше 18-та санкачка од 20 натпреварувачи во петокот, за среќа помина без повреди, но организаторите решија да ги поништат сите резултати.
— Альберт (@d2w7MEA0b5hrjHG) December 11, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Специја ја елиминираше Рома во драматичен меч со два црвени картони за 30 секунди

Специја ја елиминираше Рома во осминафиналето од Купот на Италија со 4:2 победа по продолженија, иако „волчицата“ се врати од 0:2 негатива, по што доби два црвени картони во продолжението за 30-тина секунди. Следен за Специја во четврт-финалето е тимот на Наполи.
Специја го шокираше фаворитот на „Олимпико“ со два гола во првите 15 минути. Бугарскиот напаѓач Андреј Галабинов во петтата минута беше прецизен од белата точка, пред Рикардо Сапонара во 15-тата минута да зголеми на 0:2.
Лоренцо Пелегрини во 43. минута, повторно со удар од белата точка, намали на 1:2, пред Хенрик Мхитарјан во 73. минута да израмни на 2:2. Потоа следуваше шокот за Рома во продолжението – Џовани Манчини доби втор жолт картон во 92. минута, а веднаш потоа директен црвен заслужи голманот Пау Лопез. Со 9 играчи, Рома не можеше да се спротистави, и Специја во четврт-финалето ја однесе Даниеле Верде во 107. минута, пред Сапонара во 119. минута да ги „дотепа“ римјаните.
Спорт
Сусо со „голчиште“ донесе победа за Севилја

Севилја се врати на победите, откако со 2:1 го совлада на гости Депортиво Алавес, за да се искачи на четвртото место на табелата во Ла лига, со само еден поен заостанување зад второпласираната Барселона.
Јусеф Ел Несири донесе експресно водство за гостите од Андалузија уште во третата минута, но Алавес се врати преку Едгар Мендез во 15-тата минута, пред Сусо во 30-тата минута да го врати водството на Севилја со фантастичен гол од најмалку 25 метри. Алавес имаа совршена шанса да израмнат во 90-тата минута, но Хоселу не беше прецизен од белата точка.
Претходно, Леванте, без Енис Барди во составот, пропушти 0:2 водство да одигра 2:2 кај Кадиз, а со ист резултат заврши и мечот Валјадолид-Елче.
ЛА ЛИГА, 19.КОЛО
Кадиз – Леванте 2:2
Валјадолид – Елче 2:2
Алавес – Севилја 1:2
Спорт
Лестер е на врвот во Англија, нова мизерија за Челси

„Кошмарот“ за Френк Лампард и за навивачите на Челси продолжи, откако на гостувањето на „Кингс пауер“, неговиот тим беше декласиран при 2:0 победата на Лестер, за „сините“ да го доживеат третиот пораз во последните пет меча и да останат 9 поени зад новите лидери, Лестер сити.
Вилфрид Ндиди уште во четвртата минута ги донесе домаќините во водство, за Џејмс Медисон во 41. минута да зголеми на 2:0, резултат од кој немаше враќање за Челси. Лестер ја контролираа играта во првото полувреме, а Челси се жалеа што досудениот пенал во 38. минута беше преименуван во слободен удар по проверката со ВАР системот. Во второто полувреме, Челси имаше повеќе од играта и поседот на топката, меѓутоа не можеше да направи ништо повеќе, а ВАР повторно им го сврте грбот, кога во 86. минута го поништи голот на Тимо Вернер (кој влезе како замена) поради офсајд ситуација.
Лестер сега се први со 38 поени, пред Манчестер јунајтед со 37 (и натпревар помалку) и Манчестер сити со 35 (и два натпревари помалку), додека Челси се само осми со 29 поени.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира