Спорт
Невидениот „кикс“ на Јарстеин не беше доволен за Лајпциг (видео)
РБ Лајпциг пропушти да се се искачи на второто место во Бундеслигата и покрај тоа што голманот на Херта Берлин, Руне Јарстеин им даде неверојатен подарок, одигрувајќи 2:2 на домашен терен за второ реми во низа.
Марко Грујиќ им донесе неочекувано брзо водство на Херта уште во деветтата минута по еден корнер на гостите, но Ред бул се врати во игра преку Лукас Клостерман во 24. минута за на полувреме да се отиде со 1:1.
Шансите на тимот на Јулијан Нагелсман да освои три поени се намалија откако Марсел Халштенберг доби втор жолт картон во 63. минута од мечот. Сепак, само пет минути подоцна, Патрик Шик се најде во убава ситуација да шутира по асистенцијата на Тимо Вернер, но неговиот удар заврши директно во норвешкиот голман Јарстеин, кој направи несфатлива грешка и ја пушти топката да влезе во голот.
Juzguen ustedes. Con uno más jugando el Hertha y Jarstein hace esto:
— Zona Tipster (@zonatipster) May 27, 2020
Меѓутоа, домаќините не успеаја да го заддржат водството откако во 82. минута беше досуден пенал за гостите, а Кшиштоф Пјонтек беше прецизен од белата точка.
Сега, РБ Лајпциг има 55 поени на третото место на табелата, два помалку од Борусија Дортмунд и дури девет зад лидерите Баерн Минхен, додека Херта се на 10. место со 35 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Раониќ официјално замина во пензија
Канадскиот тенисер Милош Раониќ (35) одлучи да ја заврши кариерата.
Раониќ, освои осум титули од турнири од пониски категории. Играше во финалето на Вимблдон во 2016 година, а се бореше за титулите на Мастерс турнирите во Синсинати, Индијан Велс, Париз и Торонто.
„Дојде моментот… Се повлекувам од тенисот. Ова е моментот за кој знаете дека еден ден ќе дојде, но некако никогаш не се чувствувате целосно подготвени за него. Тенисот ми беше љубов и опсесија поголемиот дел од мојот живот“, напиша Раониќ.
Негова најдобра година беше 2016 година. Покрај финалето на Вимблдон, каде во полуфиналето беше подобар од Роџер Федерер, тој играше и во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија и на Завршниот Мастерс, финалето на Индијан Велс и ја заврши годината на третото место.
„Мамо, тато, Јелена и Момир, вечно ви сум благодарен што во многу моменти ги ставивте вашите животи настрана за да имам можност да го остварам мојот сон. Ова стана реалност само благодарение на вас. Ништо од ова не би било можно без вашиот постојан напор и емоционалната поддршка што ја вложивте во моите соништа. Колку и да сум среќен што го пронајдов тенисот, тоа бледее во споредба со тоа колку сум среќен што ве имам вас како мои родители, сестра и брат. Се надевам дека ќе ги правам мојата сопруга и син горди секој ден и дека ќе можам да бидам семејство за нив, како што бевте вие за мене“, додаде тој, меѓу другото.
Последен пат играше на Олимписките игри во 2024 година во Париз, каде што загуби од Доминик Кепфер во првото коло.
Спорт
Ѓорческа успешно стартуваше во квалификациите за АО
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, успешно стартуваше во квалификациите за пласман на Австралија опен, првиот гренд слем турнир во сезоната.
Ѓорческа, во првата рунда, ја победи 100 места подобро пласираната, Сиња Краус од Австрија.
За 62 минути, Ѓорческа победи со 2:0 (7:5, 6:0).
Мечот беше рамноправен до 5:5 во првиот сет, Ѓорческа во 12-от гем направи брејк го освои сетот, а потоа во вториот ја збриша својата противничка.
Ѓорческа во второто коло ќе игра против Тамара Зиданшек (151 на ВТА листата) од Словенија.
Foto/ facebook.com/linagjorcheska/
Спорт
Поранешен играч ќе го преземе Манчестер Јунајтед
Откако Манчестер Јунајтед го отпушти Рубен Аморим минатата недела, тимот привремено го презеде Дарен Флечер, кој не успеа да го „врати во живот“.
„Црвените ѓаволи“, одиграа 2:2, кај Барнли во Премиер лигата и доживеа елиминација во третото коло во ФА купот. Вчера Јунајтед загуби од Брајтон, на домашен терен (1:2).
Клупските челници интензивно се во потрага по нов менаџер, откако и Флеер изјави дека на тимот му е потребен вистински лидер.
Оле Гунар Солскјер јавно кажа дека сака да се врати во Манчестер Јунајтед, но се чини дека клупските челници имаат поинакви планови.
Прва опција за нов тренер е во моментов е Мајкл Карик, кој одржуваше позитивен контакт со групацијата „ИНЕОС“, под водство на Сер Џим Ратклиф, објавуви Фабрицио Романо.
Мајкл Карик веќе беше на клупата на Манчестер Јунајтед, како помошник на Оле Гунар Солскјер, а кога Норвежанецот беше отпуштен, тој го водеше тимот десет дена пред Ралф Рангник да биде назначен за нов менаџер.

