Спорт
Невил: Ќе има бунт ако Солскјер не остане во Манчестер јунајтед

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Гери Невил, предупредува на бунт меѓу навивачите доколку по завршувањето на сезоната, Оле Гунар Солскјер не остане на тренерската функција.
Норвежанецот во декември ја презеде функцијата од Жозе Мурињо, а екипата под негова команда доживува ренесанса. Има десет натпревари без пораз во Премиер лигата, победи двапати во Купот, каде што Јунајтед ќе игра во четврт-финалето, а единствениот пораз го доживеа од ПСЖ во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите.
„Мислам дека во овој момент доколку некој друг ја добие таа позиција, поинаква одлука ќе предизвика бунт меѓу навивачите“, рече Невил, кој му беше соиграч на Солскјер во периодот од 1996 до 2007 година.
„Навивачите веќе пеат песни за него. Во овој момент е блиску. Не гледам начин како клубот ќе може да го заобиколи по завршувањето на сезоната“, дополни Невил.
Јунајтед во моментот се наоѓа на петтата позиција во Премиер лигата со бод помалку од четвртопласираниот Арсенал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.