Спорт
„Ни успеа планот што го имавме за Ливерпул“
Играчот на Атлетико Мадрид, Киран Трипие, им одоговори на сите, меѓу кои е и тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, кои ја критикуваа играта на „јорганџиите“ во осминафиналниот реванш во Лигата на шампионите.
Атлетико, по продолженијата, во Ливерпул победи со 3:2 и со вкупен резултат 4:2 го елиминира бранителот на титулата.
Екипата од Мадрид со својот карактеристичен стил на игра успеа да победи во двата натпревара против Ливерпул. Таквиот начин на игра не им се допадна на многумина, а тренерот Клоп рекол дека Атлетико можел да игра вистински фудбал бидејќи имал добри играчи.
„Луѓето ја имаат перцепцијата дека сме дефанзивен тим, но мислам дека претеруваат со коментарите за нашата игра против Ливерпул“, рекол Трипие.
„Ако излезете да играте отворено против Ливерпул, тогаш ќе бидете поразени со 6:0. Не знам што очекуваат луѓето. Гледаме и слушаме аналитичари и коментатори, кои се жалат бидејќи ние сме се бранеле, па дали очекуваа дека ќе излеземе на ‘Енфилд’ и дека ќе нападнеме, особено ако се знае како игра Ливерпул?“
„Морате да дојдете со план и ние тоа го направивме. Моравме да се браниме, а најважно е дека победивме“, рекол десниот бек на Атлетико.
„Знаевме дека ќе изгорат поради притисокот во кој вложија толку енергија. Знаевме дека во еден момент ќе го намалат притисокот. Ни требаа повеќе од 100 минути, но победивме. Луѓето може да се жалат колку што сакаат, но ваква игра ни беше потребна за тој натпревар. Ливерпул не ги искористи своите шанси, ние победивме во двата натпревааи. Нашиот план успеа“, заклучил Трипие.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

