Спорт
Ник Кирјос се повлече од УС Опен
Австралискиот тенисер Ник Кирјос се повлече од УС Опен, па годинава ќе остане без ниту еден меч на гренслем турнирите.
Финалистот на минатогодишниот Вимблдон цела година се мачеше со повреди и сезонава успеа да одигра само еден меч.
Тој во јануари го пропушти домашниот гренслем турнир во Мелбурн поради повреда на коленото, која мораше да се реши хируршки. Потоа ја пропушти целата сезона на земјена подлога за да се подготви за настапите на трева.
Сепак, одигра само еден меч во Штутгарт, каде загуби од Кинезот Ву Јибинг. Тој се повлече од Вимблдон поради повреда на зглобот, а сега најави повлекување од УС Опен, кој започнува на 28 август.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Паоло Фонсека го презеде Лион
Пет дена по отказот на Пјер Саж, Олимпик Лион официјално објави дека е ангажиран нов тренер.
Како што беше најавено на денот кога Саж доби отказ, нов тренер е Пауло Фонсека.
Лион во петокот потврди дека постигнал договор со Фонсека, која потпиша договор до 30. јули 2027 година.
Олимпик моментално е шести на табелата со 30 бодови од 19 натпревари и моментално е на четири бода од третото место.
Фонсека во својата кариера го водеше Лил од 2022 до 2024 година, од каде се пресели во Милан. На „Сан Сиро“ се задржа до крајот на декември минатата година кога доби отказ.
Фонсека ќе дебитира во недела кога неговиот нов тим ќе гостува кај Марсеј.
Спорт
Лука Јовиќ сепак ќе остане во Милан
Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ ќе остане во Милан до крајот на сезоната, открија италијанските медиуми.
Италијанскиот весник „Тутоспорт“ објави дека Монако и Монца, односно Спартак Москва покажале интерес за 27-годишен напаѓач, но нивните понуди биле одбиени.
Тренерот на „росонерите“ Серж Консеисао во разговор со српскиот фудбалер истакнал дека е задоволен од она што го покажува на тренинзите и му ветил шанса во остатокот од сезоната.
Јовиќ е член на тимот на Милан од септември 2023 година, а неговиот договор истекува на 30 јуни годинава.
Спорт
Нејмар потврди дека се враќа во Сантос
Прашање на време е кога Нејмар и официјално ќе се врати во Сантос. Фудбалерот неодамна го раскина договорот со Ал Хилал.
Нејмар во последните месеци не крие дека сака да се врати во Сантос. Бразилецот објави интересно видео кое е краток преглед на неговата кариера. Во него тој откри дека ќе потпише договор со Сантос.
„Се чувствувам како времето да се вратило назад. Овде сум со пријателите и семејството, кои веќе ја знаат мојата одлука да потпишам за Сантос, со што се исполни мојата голема желба. Како вчера да беше кога пред 12 години го напуштив Сантос. Моите чувства кон клубот и навивачите никогаш не се сменија“, рече Нејмар во видео пораката.
Нејмар последните 18 месеци беше во Ал Хилал, но одигра само седум натпревари за клубот. Неодамна го раскина договорот и доби 62 милиони евра. Помеѓу Сантос каде што ја започна фудбалската кариера и Ал Хилал играше и за Барселона и Пари Сен Жермен, а сè уште го држи рекордот за најголем трансфер, кога Пари Сен Жермен во 2017 година плати 222 милиони евра.
🤍🖤 🇧🇷 pic.twitter.com/iuZZ2ggE1J
— Neymar Jr (@neymarjr) January 30, 2025