Спорт
Никола Ѓорѓиев со Љубљана го освои Купот на Словенија
Капитенот на одбојкарската репрезентација на Македонија, Никола Ѓорѓиев, стигна до нов голем успех во кариерата. Со својот тим Љубљана тој го освои Купот на Словенија.
Во драматичен меч, Љубљана славеше со 3:2 во сетови (24:26, 25:22, 25:23, 22:25, 15:10) во финалето против Калцит Камник.
Следната цел на Ѓорѓиев ќе биде да ја предводи селекцијата на Македонија на Европското првенство на кое нашата земја е ко-домаќин во август.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Атлетико Мадрид доживотно им забрани влез на „Метрополитани“ на девет навивачи
Атлетико Мадрид доживотно суспендираше девет навивачи поради расизам и недолично однесување, објави клубот. Атлетико Мадрид ја заврши истрагата по инцидентите кои се случија на дербито против Реал Мадрид и на натпреварот од Лигата на шампионите против Бенфика.
За време на мадридското дерби беа фрлени голем број предмети и факели од долните трибини во јужниот дел на стадионот, додека во Лисабон дел од навивачите се однесуваа на расистички начин.
Процесот на идентификација на инволвираните траеше речиси еден месец, а клубот во соработка со полицијата го прегледа целиот аудиовизуелен материјал што беше на располагање.
Клубот успеа да идентификува девет лица на кои им беше доживотна забрана за присуство на натпреварите на Атлетико.
„Уште еднаш повторуваме дека силно го осудуваме секое изразување на насилство и нашата посветеност да се бориме против ваквите ставови на кои не им е место во фудбалот и кои го нарушуваат имиџот на Атлетико Мадрид“, соопштија од клубот.
Спорт
(Видео) Денвер се самоуништи во финишот – Нагатс поразени од Минесота
Денвер Нагетс со ужасен финиш си дозволија пораз кај Минесота во реприза на минатогодишното нивно соочување во полуфиналето на плеј-офот. „Волците“ славеа со 119:116. Едвардс ги постигна решавачките поени, Гобер на 10 секунди до крајот реализираше две слободни фрлања, а потоа успеа доволно да му попречи на Јокиќ кој не успеа да избори продолженија.
Јокиќ го заврши натпреварот со 26 поени (8-16 од поле), 9 скока и 13 асистенции, Арон Гордон имаше 31 поен и 11 скока, Мајкл Портер Јуниор исто така постигна 31, а Џамал Мареј имаше 6 пред да ја напушти играта во третиот период по судирот со Рендл.
Јокиќ стана првиот играч во историјата кој забележал најмалку 150 поени и по 50 скока и асистенции во првите пет натпревари од сезоната.
„Мислам дека имавме осум поени предност во последните три-четири минути, но не ги реализиравме добро нападите, практично ги промашив сите мои шутеви во последните две-три минути. Дадоа лесни поени, стигнаа до отворени позиции. Овој пораз е моја одговорност, морам подобро да ги вклучам соиграчите. Лош финиш за мене“, изјави Јокиќ.
„Волците“ ги предводеше Едвардс со 29 поени (11-23 од поле), Џулиус Рендл додаде 23 поени, а Гобер 17 поени и 14 скока.
Резултати:
Шарлот – Бостон 109:124
Кливленд – Орландо 120:109
Детроит – Њујорк 98:128
Атланта – Сакраменто 115:123
Бруклин – Чикаго 120:112
Торонто – ЛА Лејкерс 125:131
Њу Орлеанс – Индијана 125:118
Портланд – Оклахома 114:137
Спорт
(Видео) Кобна грешка на Бањаја – Мартин на чекор од насловот
Хорхе Мартин, возачот на Прамак Дукати победи во спринтот пред главната трка во Малезија. Наговиот единствен ривал за титулата Пеко Бањаја не ја заврши трката. Шпанецот со овој триумф дојде на чекор до титулата во Мото Гп шампионатот.
Мартин ја забележа седмата победа во спринтот сезонава на патеката Сепанг и благодарение на излетот на бранителот на титулата Франческо Бања, во недела има шанса да го постигне најголемиот успех во кариерата.
По ваквиот исход, Мартин има 29 бода предност пред возачот на Дукати, што значи дека ако во недела освои девет бода повеќе од Бањаја ќе ја освои титулата.
Најблиску до возачот на Прамак во спринтот беше Марк Маркез на Гресини Дукати, додека на третото скалило на победничкиот подиум беше возачот на фабричкиот тим на Дукати, Енеа Бастианини.
По нивната неверојатна борба во квалификациите, дуелот меѓу Бањаја и Мартин продолжи и во спринтот. Пред почетокот на трката започна да паѓа дожд. Шпанецот поведе, актуелниот шампион беше многу блиску, додека нив ги следеше постариот Маркез. И токму кога Мартин имаше неколку мали грешки и се чинеше дека Бањаја може да го нападне, во четвртиот круг направи една од најголемите грешки во сезоната (а ги имаше доста) и излета од патеката.
THAT COULD BE IT! 🚨
THAT COULD BE THE MOMENT WHERE @PECCOBAGNAIA LOSES THE 2024 #MotoGP WORLD CHAMPIONSHIP! 💥#MalaysianGP 🇲🇾 pic.twitter.com/LC8AmtSm2t
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) November 2, 2024
Маркез на тој начин го наследи второто место, додека Бастианини дотогаш стигна до третото место, а до финишот немаше промени.
Помладиот Маркез, Алекс, откако падна по поредокот на стартот, успеа да стигне до четвртото место, пред Фабио Квартаро на Јамаха, пред вториот возач на Прамак, Франко Морбидели. Освојувачите на поени ги комплетираа тркачкото дуо на КТМ Бред Биндер и Џек Милер, односно Педро Акоста од Гас Гас КТМ.