Спорт
Никола Јокиќ ќе игра на Европското првенство

Никола Јокиќ ѕвездата на Денвер Нагетс ќе игра за Србија на претстојното Европско првенство.
Ова го напиша американскиот новинар Иван Сидери, кој работи за Форбс.
„Никола Јокиќ, Лука Дончиќ и Јанис Адетокумбо ќе настапат на Евробаскетот следниот месец за своите земји. За сите фанови на НБА кои сакаат да гледаат акција со голем влог. Евробаскетот секогаш го исполнува тоа“, напиша Сидери.
Американските медиуми очигледно знаат нешто, што сè уште не го знаат ниту во Србија, бидејќи дури ни српските репрезентативци не можеа да потврдат дека најдобриот играч на светот ќе игра за репрезентацијата.
Европското првенство ќе се игра од 27 август до 14 септември во четири земји.
Фото/ Принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ПСЖ остана без Дембеле и Дуе

Француската репрезентација ја оправда улога на фаворит и ја победи Украина со резултат од 2:0, но остана без двајца играчи.
Селекцијата предводена од клупата од Дидие Дешан нема да може да смета на Усман Дембеле и Дезире Дуе исто како и нивниот клуб ПСЖ.
Дембеле имаше проблеми со повредата пред да и се приклучи на репрезентацијата, а ја обнови дури против Украина. Сега се проценува дека ќе мора да паузира шест недели.
Слична пауза го очекува и Дуе. Младиот напаѓач ќе биде надвор од терените во следните четири недели, а сето ова се случува пред почетокот на Лигата на шампионите, натпреварувањето каде ПСЖ го брани тронот.
Дембеле беше напаѓачки лидер на ПСЖ и минатата сезона, а се предвидува дека ќе биде таков и оваа сезона. Од друга страна, Дуе е новата млада ѕвезда на францускиот фудбал, меѓутоа, двајцата сега ќе мора да земат непланиран одмор.
Спорт
ФИБА: Испаѓањето на Србија е изненадување на векот

Кошаркарската репрезентација на Србија доживеа шокантна елиминација од Евробаскетот од Финска во осминафиналето со пораз од 86:92.
Пред турнирот, Србите беа поставени како главен фаворит, а против Финците исто така беа голем фаворит, на теренот не го покажаа тоа.
Финска ја надигра Србија, доминираше во офанзивниот скок и на крајот славеше и покрај вкупниот шут од 41 отсто.
Сензацијата е главна тема во светот на кошарката. На никого не му е јасно како репрезентацијата која го има Никола Јокиќ си дозволи да биде елиминирана во осминафиналето.
ФИБА, светската кошаркарска федерација, елиминацијата на Србија, поточно сензационалната победа на Финска ја објави со овој наслов. „Изненадувањето на векот. Финска ги исфрли Србија и Никола Јокиќ од Евробаскетот!“
UPSET OF THE CENTURY.
FINLAND 🇫🇮 KICK SERBIA AND NIKOLA JOKIC OUT OF EUROBASKET 🤯#EuroBasket
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) September 6, 2025
Спорт
Сабаленка ја одбрани титулата на Ју-ес опен

Арина Сабаленка успеа да ја одбрани титулата на Отвореното првенство на САД.
Тенисерката број еден во светот ја победи Американката Аманда Анисимова во финалето со 6:3, 7:6.
Анисимова го загуби и второто гренд слем финале оваа година. Претходно на Вимблдон беше поразена од Ига Швионтек.
Со победата во Њујорк, Сабаленка успеа да освои три Гренд слем титули оваа година, не успеа само на почетокот на годината да го освои Отвореното првенство на Австралија.
Ова е нејзина осма Гренд слем титула во кариерата.
Foto/ EPA