Спорт
Никола Јокиќ на списокот на Србија за Олимписките игри
Српскиот селектор Светислав Пешиќ го објави списокот со 16 имиња на играчи за Олимписките игри во Париз. На спиското се наоѓа и актуелниот МВП во НБА лигата, Никола Јокиќ.
Српскиот селектор објави нешто поширок список од 16 имиња, кој во наредниот период ќе биде скратен. На спиското се: Василије Мициќ, Алексеј Покушевски, Богдан Богдановиќ, Никола Јовиќ, Никола Јокиќ, Владимир Лучиќ, Марко Гудуриќ, Вања Маринковиќ, Огњен Добриќ, Филип Петрушев, Никола Милутинов, Душан Ристиќ, Алекса, Дејвидгнјенц, О. Плавшиќ.
Почетокот на собирот на репрезентацијата е закажан за 24 јуни. Првите тестови зад затворени врати се на 5. и 7. јули против Холандија и Турција.
Српската репрезентација првиот официјален пријателски натпревар ќе го одигра на 12. јули против Франција во Лион. Потоа се оди во Абу Даби, каде Србија ќе се соочи со Австралија на 16. јули и со тимот на САД еден ден подоцна.
Потоа следува враќањето во Србија и дуелот со Јапонија на 21. јули во белградска Арена.
Србија на ОИ ќе биде во групата Ц на Олимпијадата, заедно со САД, Јужен Судан и најдобрата селекција од квалификацискиот турнир во Порторико, на кој покрај домаќините ќе учествуваат Мексико, Брегот на Слоновата Коска, Литванија, Италија и Бахреин.
Србија ОИ ќе ги отвори меч против американскиот дрим тим на 28. јули во Лил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Кеш доби нов договор
Еден ден откако го водеше својот тим до победа против Манчестер Сити, Мети Кеш потпиша нов договор со Астон Вила.
Како што потврди клубот, Кеш го продолжи договорот до јули 2029 година. Актуелниот договор му истекуваше во јули 2027 година, а клубот се обиде да избегне каква било можност Кеш да влезе во последната година од договорот со некои неизвесности.
Мети Кеш пристигна во Астон Вила од Нотингем Форест во септември 2020 година. Тој сега се приближува до својот 200-ти натпревар за Вила. Досега одигра 193 натпревари.
Голот што го постигна против Манчестер Сити е негов втор оваа сезона и 12 за клубот.
Спорт
Скандал го тресе турскиот фудбал
Турската фудбалска федерација (ТФФ) покрена дисциплинска постапка, откако резултатите од петгодишна истрага покажаа дека 371 од 571 судии во таа земја имаат налози за обложување, а 152 од нив активно се обложуваат.
Овие статистики ги вклучуваат и оние кои се обложувале само еднаш, иако е откриено дека 42 од нив имале уплати на повеќе од илјада натпревари, а „рекордерот“ меѓу нив се обложувал на дури 18.227 типови.
Претседателот на ТФФ, Ибрахим Хаџиосманоглу, не ги именуваше, но објави дека ќе биде покрената постапка против седум главни и 15 помошни судии од првите два ранга, како и 36 класифицирани судии и 94 помошници од пониските натпреварувачки нивоа.
Според правилата на ТФФ, тие се соочуваат со суспензија од една година, но член 27 од Етичкиот кодекс на ФИФА наметнува многу построга казна, 100.000 швајцарски франци и тригодишна забрана од какви било фудбалски активности.
По повод овој скандал, афирмативни пораки испратија бројни турски клубови, меѓу кои и Фенербахче, Бешикташ и Трабзон.
Спорт
(Видео) Јокиќ со нов трипл-дабл и Мареј со 43 поени ја срушија Минесота
Џамал Мареј постигна 43 поени, додека Никола Јокиќ запиша нов трипл-дабл, во победата на Денвер Нагетс над ослабениот тим на Минесота Тимбервулвс со 127:114.
Минесота беше без својата најголема ѕвезда, Ентони Едвардс, кој ќе отсуствува најмалку една недела поради повреда на тетивата заработена против Индијана.
Резервата Џејлен Кларк исто така беше надвор од игра, поради проблеми со листот на левата нога.
Јокиќ го заврши натпреварот со 25 поени, 19 скока и 10 асистенции, остварувајќи го својот трет трипл-дабл во три натпревари оваа сезона. Српскиот центар сега има вкупно 167 трипл-дабл во кариерата, што го прави трет на листата на сите времиња во НБА.
„Џокерот“ беше речиси непогрешлив во шутот, промаши само еден од десетте обиди од поле, но не се обиде ниту еден за тројка.
Мареј погоди 16 од 29 шута, вклучувајќи пет тројки, Нагетс постигнаа 45 поени во третата четвртина, од кои Канаѓанецот имаше 23, со што ја надомести негативата од осум поени на полувремето.
Тим Хардавеј Џуниор додаде 20 поени, додека Пејтон Вотсон уфрли 12 за Денвер.
За Тимбервулвс, Џејден МекДениелс беше најефикасен со 25 поени, Џулиус Ранд додаде 24, а Наз Рид додаде 18.
НБА, резултати:
Детроит – Кливленд 95:116
Филаделфија – Орландо 136:124
Чикаго – Атланта 128:123
Хјустон – Бруклин 137:109
Њу Орлеанс – Бостон 90:122
Сан Антонио – Торонто 121:103
Далас – Оклахома 94:101
Јута – Феникс 138:134
Минесота – Денвер 114:127
Голден Стејт – Мемфис 131:118
ЛА Лејкерс – Портланд 108:122

