Спорт
Николас Пепе ги испровоцира Мароканците и жестоко го критикуваше Кристијано Роналдо
Николас Пепе, фудбалер на Виљареал, крна „прашина“ во јавноста, со интервјуто кај еден алжирски инфлуенсер. Големо внимание привлекоа неговите изјави за фудбалската репрезентација на Мароко и Кристијано Роналдо.
„Ние имаме три ѕвезди, а колку имате вие? Две? Мораме да внимаваме на Мароко на Купот на африканските нации. Колку ѕвезди имаат тие? Една? Можда ја освоија 1818 година. Не се сеќавам на таа нивна ѕвезда“, рече Пепе коментирајќи го бројот на освоени титули во африканските шампионати, кои се означени со ѕвезди на дресовите.
Со оваа изјава го навлече гневот на Мароканците. Пепе доби илјадници закани и навреди на социјалните мрежи. Многу од нив беа расистички бидејќи поделбата на Африка на „арапска“ и „црна“ носи со себе повеќе расизам отколку во некои области каде што за проблемот се зборува повеќе.
Мароканците му ветија топло добредојде на Купот на африканските нации, кој го организираат од 21 декември до 18 јануари. Сепак, поради оваа изјава Пепе не доби покана од селекторот за Купот на Африка.
Пепе имаше и некои други контроверзни изјави во тоа интервју. Тој, исто така, ја навлече омразата на фановите на Кристијано Роналдо.
„Роналдо дава многу интервјуа и често го споменува Меси во нив. Тука можете да забележите зошто е број два. Тој замина во Саудиска Арабија за да даде 200 пенали и да достигне 1.000 гола во својата кариера. Дали го знаете цртаниот филм „Змејот Кгула“ и ликовите од него? Вегета е лик кој секогаш е лут и зборува многу, Гоку е оној кој зборува малку, но секогаш е најдобар. Јасно ви е тогаш кој е Вегета, а кој е Гоку.“
Foto/ depositphotos
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Шокатнтен пораз на Баерн среде Минхен
Фудбалерите на Баерн Минхен, во 19-то коло, го забележаа првиот пораз сезонава во Бундес лигата. Лукалниот ривал од Баварија, Аугсбург, го шокираше шампионот среде Минхен.
Делуваше дека актуелниот шампион ќе забележи уште една рутинска победа кога поведе со голот на Ито во 23-та минута. Сепак, тотален шок следеше во последната фаза од натпреварот, кога гостите ги постигнаа двата гола.
Артур Чавез за 1:1 (76-та минута) и Маенго во 81-та минута.
Баерн се обиде да израмни на крајот, но Аугсбург успеа да ги одбие сите напади и да освои три важни бода во борбата за опстанок. Најдобрата шанса ја пропушти Олисе, кога ја затресе пречката.
Резултати:
Баер Леверкузен – Вердер Бремен 1:0 (1:0)
/Лукас Васкез 38/
Ајнтрахт Франкфурт – Хофенхајм 1:3 (1:0)
/Калимуендо 18 – Бургер 52, Кабак 60, Аменда 65/
Мајнц – Волфсбург 3:1 (0:1)
/Тиц 68, Бел 74, Амири 84 пен.- Амура 3/
Хајденхајм – РБ Лајпциг 0:3 (0:0)
/Баку 62, Нуса 68, Раум 71/
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Комо со шест парчиња го честеше Торино
Во италијанската Серија А се играат натпреварите од 22-то коло, а попладнево екипата на Комо го декласираше Торино со 6:0.
Дебаклот на „биковите“ го најави Гркот Дувикас во седмата минута. Само осум минути подоцна, Комо ја дуплираше предноста со прекрасен гол на Батурина.
Серијата голови во вториот дел ја отвори Де Куња од пенал, во 59-та минута. Седум минути подоцна беше постигнат четвртиот гол, по акцијата на Батурина, Дувикас го постигна својот втор гол.
Д крајот по гол за Комо постигнаа Кун и Какра.
Комо сега има 40 бода на петтото место, а Торино е сè уште на 23 бода, по четвртиот последователен пораз.
Foto/ EPA
Спорт
Историски меч – Франција ја прегази Португалија
Франција ја прегази Португалија со 46:38, во првиот мел од второто коло, во Групата 1 на ЕП.
Нестварен меч одиграа Французите, а победата ја најавија по само 10 минути игра. На крајот, Португалците загубија со само осум голови разлика.
Неколку рекорди беа постигнати на овој натпревар. Франција постигна најмногу голови во едно шолувреме (28), го изедначи сопствениот рекорд за најмногу голови на една селекција (46).
Франција и Португалија постигнаа најмног голови во едно полувреме (28:15) и најмногу голови на еден натпревар (84).
Мем со осум и Ричардсон со шест ја предводеа Франција, на спортивната страна со по пет гола се истакнаа Бранкиљо, Роча, Итуриза и Брандао.
Foto/ EPA

