Спорт
Ништо без браќата Мамиќ! Зоран е нов спортски директор на Динамо
Зоран Мамиќ, поранешниот фудбалер, спортски директор и тренер на Динамо Загреб, денеска е презентиран на „Максимир“ како нов спортски директор на „модрите“ докажувајќи дека хрватскиот шампион уште е во рацете на моќното семејство Мамиќ.
Мамиќ се враќа во Загреб откако беше тренер во Обединетите Арапски Емирати, а со него пристигнуваат и неговите соработници Крзнар, Штефаниќ и Атијас.
Зоран Мамиќ е неправосилно осуден на 4 години и 11 месеци затвор поради извлекување пари од Динамо во случај во кој се обвинети и неговиот брат, Здравко Мамиќ, синот Марио Мамиќ, поранешниот директор Дамир Врбановиќ, бизнисмените Сандро Стипанчиќ и Игор Крота и менаџерот Ники Артур Вуксан.
„Некои новинари веќе ме сместија во затвор, но тоа ќе ставиме на страна. Сега се важни резултатите и ќе работиме со тренерот на носење нови засилувања“, изјави Мамиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Салах останува во Ливерпул
Мохамед Салах најави дека и во следната сезона ќе го носи дресот на Ливерпул. Салах е член на црвените од 2017 година.
Египќанецот има договор со Ливерпул до јуни следната година, а поради одредени понуди за кои се пишуваше, послабата форма во вториот дел од сезоната, како и заминувањето на тренерот Јирген Клоп, се шпекулираше дема тој би можел да го напушти клубот.
Сепак, Салах со објава на Инстаграм потврди дека нема намера да оди никаде во следната година.
„Знаеме дека во Ливерпул се бараат само трофеи и ќе направиме се што е можно да ги освоиме следната сезона. Нашите навивачи го заслужуваат тоа, а ние играчите ќе се бориме до крај да го оствариме тоа“, изјави Салах.
Брилијантниот напаѓач одигра вкупно 250 првенствени натпревари во Ливерпул и постигна 155 голови.
Спорт
Слот ќе биде главен тренер, а не менаџер на Ливерпул
Ерата на Јирген Клоп во Ливерпул заврши во неделата. Германецот по девет успешни сезони реши да замине на долг одмор. На заминување самиот го промовираше новиот тренер Арне Слот, кој во Ливерпул доаѓа од Феенорд.
Англиските медиуми објавија дека Слот, за разлика од Клоп нема да биде вработен како менаџер, туку како главен тренер.
Холанѓанецот е 23. предводник на Ливерпул, а прв што нема менаџерска улога.
Според британските медиуми, промената е одраз на следењето на модерните трендови на фудбалот. Повеќето англиски клубови сега го прават она што европските клубови го прават со децении, ја одвојуваат улогата на тренер од онаа на спортски директор или менаџер.
Ливерпул по објавата на Јирген Клоп дека го напушта клубот направи голема реорганизација. Затоа што Клоп не е единствениот што заминува. Клубот го напушта и фудбалскиот директор Јорг Шматке, како и неколку важни членови на стручниот штаб.
Во клубот се враќаат Мајкл Едвардс како шеф на фудбалот и Џулијан Вард како технички директор. Педро Маркез ќе биде директор за фудбалски развој на целата спортска групација Фенвеј, а Ричард Хјуз ќе биде новиот спортски директор. Сите тие, како и Арне Слот, ќе ги преземат своите должности на 1 јуни.
Клубот верува дека титулата главен тренер ќе му даде можност на Слот да се концентрира на најважните аспекти од работата со првиот тим. Тој дефинитивно ќе биде неприкосновен авторитет и ќе има целосна контрола врз тимот.
Спорт
ПСЖ го договори трансферот на Јоро
Лени Јоро има 18 години, сезонава играше станардно за Лил, со што го привлече вниманиетот на големите клубови. За ова момче стручњаците велат дека е најталентиранот стопер во својата генерација. За неговиот потпис се бореа Реал Мадрид и ПСЖ.
Трката за неговиот потпис ја доби ПСЖ. Реал се повлече бидејќи Флорентно Перез на сакал да издвои 50 милиони евра. Медумите пишуваат дека Реал за Јоро понудил 30 милиони евра.
За разлика од Реал, ќелниците на клубот од Парзи веднаш се согласиле да ја платат бараната сума.
Лени Јоро оваа сезона одигра вкупно 44 натпревари за Лил и постигна три гола.