Спорт
Ниту Барди не го спаси Леванте од пораз против Алавес (видео)
Нов неуспех на шпански Леванте на домашен терен, пораз од 1-0 од Алавес во рамки од 20. коло на шпанската Ла Лига.
Домаќините беа фаворити на хартија пред натпреварот, но не успеаја да го пронајдат патот до противничката мрежа.
Првото полувреме не понуди допадлив фудбал, па во вториот дел двете екипи заиграа поофанзивно за да стигнат до бодовите.
Алавес изведе добра тимска акција која со гол во 64 минута ја круниса Алекс Видал.
Македонскиот фудбалски репрезентативец влезе во игра кај Леванте во 55 минута, но ниту тој не успеа да помогне Леванте да не ги загуби бодовите.
По денешниот пораз Леванте останува на 11 позиција, а Алавес е 14-ти со 23 бода, за бегство од опасната зона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Рома доминираше, Милан освои бод во Рим
Фудбалерите на Рома и Милан, во Рим одиграа нерешено 1:1 во натпреварот од 22-то коло од италијанската Серија А.
Милан водеше од 62-та минута со гол на Кони де Винтер, по асистенција од Лука Модриќ. Лоренцо Пелегрини го израмни резултатот од пенал во 74-та минута.
Претходно, фудбалерот на Милан, Давиде Бартезаги, играше со рака во сопствениот шеснаесетник.
Рома беше подобриот тим на теренот. Во првиот дел избраниците на Џанпјеро Гасперини, не реализираа неколку чисити шанси. Се „истакна“ Дониел Мален, промаши две шанси, а Мајк Мењон му одбрани зицер и на Зеки Челик.
Милан е втор на табелата во Серија А со 47 бода, лидерот Интер има 52, а Рома е на третото место со 43.
Во следното коло од Серија А, Милан ќе ја пречека Болоња, додека Рома ќе игра против Удинезе.
Foto/ EPA
Спорт
Ватерполистите на Србија го освоија европското првенство
Класик во финалето на Европското првенство во ватерполо, во натпреварот за титулата најдобар на Стариот континент, Србија ја победи Унгарија по голема борба, 10:7. Србија шести пат во својата историја ја освои европската титула.
Со гранитна одбрана и фантастичен борбен дух, Србија се врати на европскиот ватерполо трон. По нерешениот резултат во првото полувреме (5:5), Србија прва стигна до предност од два гола на почетокот на третата четвртина, кога Василије Мартиновиќ го искористи напад со играч повеќе и постигна гол за 7:5. Унгарија потоа го намали резултатот на 7:6, што беше резултат со кој селекциите влегоа во решавачката четвртина.
На четири минути и 13 секунди пред крајот, Србија повторно дојде предност од два гола, а на три минути пред крајот, Ѓорѓе Лазиќ го зголеми резултатот на 9:6, во тој момент најголема предност, а прашањето за победникот дефинитивно го реши Мандиќ со гол за 10:6 една минута и 46 секунди пред крајот на натпреварот.
Голманот на Србија, Милан Глушац, дебитант на големите натпреварувања е вистинскиот херој на својата репрезентација. Во финишот на финалетоцелата „Арена“ скандираше „МВП, МВП“. Младиот голман заслужи да добие овации на отворена сцена, одбрани 11 од 18 шутеви на унгарските ватерполисти, за процент на успешност од 61,1 отсто.
Стрелците на Србија ги предводеше Душан Мандиќ со четири гола, на споритвната страна гол помалку постигна Венгел Вигвари.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Убедлив триумф на Јувентус во дуелот со актуелниот првак
Фудбалерите на Јувентус убедливо го победија шампионот на Италија, Наполи со 3:0 (1:0), во дерби натпреварот од 22-то коло на Серија А. Во центарот на вниманието беа тренерите Антонио Конте и Лучано Спалети, играа против своите поранешни клубови.
„Старата дама“, го искористи фактот дека Наполи пристигна ослабен и оствари убедлив триумф. Шампионот на Италија за прв пат оваа сезона прими три гола во еден натпревар од Серија А.
Канаѓанецот Џонатан Давид ја најави победата во 22-та минута по асистенцијата од Мануел Локатели.
Во вторите 45 минути, уште два пати беше совладан Алекс Мерет, кој бранеше наместо повредениот Вања Милинковиќ Савиќ.
Во финишот на натпреварот, Јувентус постигна два гола, Вториот е дело на Кенан Јилдиз по додавање на Фабио Мирети, кој штотуку влезе во играта. А потоа и најубавиот гол на натпреварот, фантастичен удар на Филип Костиќ за конечни 3:0.
Kostic finds the back of the net! Juventus with a powerful strike!#JUVNAP #SerieA #Footballpic.twitter.com/gKrHrXcwcl
— goalpostX (@GoalpostX) January 25, 2026
Наполи сега има девет поени помалку на табелата од лидерот Интер и се чини дека полека го губат чекорот во шампионската трка.
Foto/

