Спорт
Њукалс играше, Кристал Палас победи (Видео)
Лестер, Барнли и Кристал Палас запишаа гостински победи во 33 коло, во Премиер лигата на Англија.
Играчите на Њукасл доминираа против Кристал Палас, но на крајот бодовите од „Сент Џејмс Парк“ ги однесоа гостите од Лондон. Капитенот на Кристал Палас го постигна единствениот гол во 81 минута од пенал.
Барнли кај Борнмут имаа негатива од еден гол по само четири минути игра, а сепак забележаа убедлива победа. Предноста на домаќинот ја престигнаа уште во првиот дел со головите на Вуд и Вествуд, а ја потврди Барнс во 56 минута.
Лестер ја оправдаа фаворитската улога кај Хадерсфилд, тим што веќе испадна од Премиер лигата. Два гола постигна Варди, а по еден Тилеманс и Мадисон. Почесниот гол за Хадерсфилд го постигна Мој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Браселона на „Монжуик“ ја декласира Валенсија
Фудбалерите на Барселона ја совладаа Валенсија на домашен терен со 7:1 во 21. коло од шпанската Ла Лига.
Каталонците маестрално влегоа во мечот и поведоа во третата минута кога Ламин Јамал го пригра Френки Де Јонг за 1:0.
Само пет минути подоцна гол постигна Феран Торес кој погоди на асистенција на Алехандро Балде.
По 15 минути игра Барселона веќе имаше убедливо водство од 3:0, бидејќи и Рафиња постигна гол по додавањето на Фермин Лопез.
Асистентот за третиот гол, Балде, го постигна четвртиот гол во 24.минута. Барселона кратко застана, а потоа во четвртата минута од судиското надополнување, Фермин Лопез постигна уште еден гол за убедливи 5:.
Валенсија имаше малку подобар почеток во вториот дел, бидејќи Уго Дуро погоди на асистенција на Диего Лопез.
Сепак, Барселона ја направи победата уште поубедлива, бидејќи само седум минути подоцна погоди Роберт Левандовски, а Сезар Тарега во 75. минута кога си постигна автогол за Барселона за 7:1.
Каталонците се на третото место во Ла Лига со 42 освоени бода, додека Валенсија е на претпоследното место со 16 бода.
Спорт
(Видео) Фиорентина ја прекина црната серија, во Рим го победи Лацио
Фиорентина ја прекина серијата од седум натпревари без победа во сите натпреварувања и го совлада Лацио во Рим со 2:1.
Натпреварот практично беше решен во првите 20 минути игра кога „Виола“ ги постигна двата гола.
Гостите поведоа во 11. минута од натпреварот. Госенс го направи тоа што го прави најдобро, упати прецизен центаршут во шеснаесетникот, а Адли беше прецизен од непосредна близина.
Само шест минути подоцна веќе беше 0:2. Овој пат Додо се најде во улога на асистент, а Белтран го постигна четвртиот гол сезонава.
Во вториот дел Лацио ја имаше топката се обидуваше да нападне, но одбраната на Фиорентина на чело со голманот Де Хеа лесно ги одбиваше нападите.
Во последните 15 минути имаше многу нервоза на теренот. Адли доби црвен каротон кога веќе ја напушти играта, а потоа исклучени беа и двајцата тренери.
Малку неизвесност внесе Марушиќ во 92. минута од натпреварот ја смести топката што ја испрати Хисај. Лацио имаше уште четири минути да се обиде да дојде до бод, но не успеа. Во последните секунди Педро ја погоди стативата.
Со оваа победа Фиорентина е на шестото место со 36 бода, со три бода помалку од Лацио кој се наоѓа на четвртото место.
Спорт
(Видео) Галено го закопа Порто, промаши два пенали
Спортинг е најголемиот добитник по завршувањето на 19.коло во португалскиот шампионат. „Лавовите“ ја зголемија предноста на табелата на шест бода, откако Бенфика вчера загуби од Каса Пија (3.1), а ден подоцна Порто со Санта Клара одигра 1:1.
За мечот на „Драгао“ во Порто и Бразилецот Галено долго ќе се зборува. Галено го закопа својот тим откако не реализира пенал во 72. минута при резултат 0:1, а потоа и во 96.минута. Откако голманот Габриел Батиста му го одбрани пеналот топката дојде до Галено кој од четити метри шутираше крај голот.
Она што ги налути сите во Порто е што Галено не му дозволи на соиграчот да го изведе вториот пенал, туку му ја зеде топката од раце.
FC Porto 0-1 Santa Clara
Galeno PK ❌ 71'pic.twitter.com/aZkeH9vynM
— PortugueseSoccer.com ⚽️ (@PsoccerCOM) January 26, 2025
Fc Porto Wenderson Galeno miss last minute penalty pic.twitter.com/TxmBul4fln
— Adedamola (@DMLJ_LFC) January 26, 2025