Спорт
Њукасл ја продлабочи кризата на Челси
Њукасл јунајтед на паузата поради Светското првенство заминува како третопласиран тим во Премиер лигата. Во дербито на 15.коло, Њукасл го победи со 1:0 Челси и ја продлабочи кризата на екипата од „Стенфорд Бриџ“.
Њукасл славеше триумф со голот на поранешниот напаѓач на Арсенал, Џо Вилок во 67.минута.
„Страчките“, со 30 бода се трети на табелата. Овој дел од сезоната го завршија со само еден пораз, колку што засега има и лидерот Арсенал.
Челси нема победа во Премиер лигата на последните пет натпревари, на кои освои само два бода. Последен пат во првенството „сините“ победија кај Астон Вила на 16.октомври.
Екипата на Греем Потер се наоѓа на осмото место на табелата со 21 бод.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Ривс ги реши Вориорс, Фила победи во Бостон, Јокиќ и Денвер немоќни пред Феникс
Кошаркарите на ЛА Лејкерс, Феникс Санс и Филалделфија Севентсиксерс забележаа победи во натпреварите во НБА лигата.
Спектакуларен меч во Сан Франциско одиграа Голден стејт Вориорс и ЛА Лејкерс. Гостите од ЛА славеа со 115:113 со поените на Остин Ривс во последните секунди.
Неверојатна завршница имаше натпреварот во Сан Франциско. Вориорс успеаја да дојдат до 113:113, откако погодија три тројки во последната минута, но Кари не успеа да го режира пресвртот на својот тим. Ривс на две секунди до крајот ги постигна последните поени на натпреварот.
AUSTIN REAVES WINS IT FOR THE LAKERS ON #NBAXmas! pic.twitter.com/7SFj98Lmuh
— NBA (@NBA) December 26, 2024
Ривс со трипл-дабл ги предводеше Лејкерси, забележа 26 поени и по 10 скока и асистенции. Џејмс беше незапирлив со 31 поен и 10 скока, Руи Хачимура придонесе со 18 поени и Макс Кристи со 16.
Кај Вориорс, Кари постигна 38 поени, од кои осум тројки од 15 шута. Ендрју Вигинс мечот го заврши со 21 поен.
Феникс славеа во Денвер со 110:100. На Нагетс не им помогнаа ниту 25 поени и 15 скока на Никола Јокиќ. Феникс го предводеа Кевин Дурент и Бредли Бил со по 27 поени.
Филаделфија го победи шампионот Бостон со 118:114. Гостите водеа во текот на целиот натпревар, а клучната серија (12:2) ја направија на почетокот на последниот период.
Макси беше најефикасен со 33 поени и 12 асистенции, Ембиид постигна 27 поени (девет скока), Мартин додаде 23, а Јабусуле и Џорџ уфрлија по 12 поени.
На спротивната страна се истакна Тејтум со 32 поени и 15 скока, а беше следен од Браун со 23 и Дерик Вајт со 21 поен.
Спорт
(Видео) Ирвинг го врати Далас од -28, Минесота сепак победи
Кошаркарите на Минесота го совладаа Далас со 105:99 во еден од петте НБА натпревари закажани како дел од божиќниот специјал во најсилната лига во светот.
Најголема грижа на Далас пред овој меч беше состојбата на Лука Дончиќ, но Словенецот се опорави од повредата на петата (контузија) и го започна мечот, но заработи нова повреда (левата потколеница) и ја напушти играта на две ипол минути до крајот на втората четвртина. До тој момент Дончиќ постигна 14 поени.
Далас во тој момент веќе имаше двоцифрен минус, Минесота ја презема контролата, на полувреме имаа предност од 17 поени. Во третиот период на Рендл, Едвардс и Гоберт им се приклучи и Дивиченцо, Минесота дојде до највисоката предност од 28 поени, а третиот период го заврши со водство 90:68.
Но, со неверојатна поддршка од публиката, кошаркарите на Далас предводени од Кајри Ирвинг, не само што се вратија во натпреварот, туку на 48 секунди до крајот имаа само минус од два поени (101:99), и напад, но Ирвинг промаши тројка.
Потоа на сцена стапи Едвардс, погоди два пати во низа и го постави конечниот резултат.
Ентони Едвардс ја предводеше Минесота до победата со 26 поени, осум скока, пет асистенции, две украдени топки и една блокада. Џулиус Рендл постигна 23 поени, 10 скока и 8 асистенции, додека Руди Гоберт забележа 14 поени, 10 скока и две блокади.
Кај Далас Кајри Ирвинг постигна 39 поени, Лука Дончиќ со 14, Клеј Томпсон 12 и Квентин Грајмс 10 поени.
Спорт
Бобан Илиоски и Милијана Рељиќ најдобри во Македонија во 2024 година
Фото/ makfudbal.mk
Кикбоксерот Бобан Илиоски и таеквондистката Милијана Рељиќ се избрани за најдобри спортисти на Македонија во 2024 година, на манифестацијата во организација на Министерството за спорт.
Таеквондо федерација на Македонија е избрана за најдобра спортска федерација за годината што изминува.
Најуспешен тренер/селектор за 2024 година е предводникот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров.
За млада спортистка на годината е избрана ракометарката Ива Младеновска, додека најдобар млад спортист е кикбоксерот Силвио Мировски.
Најуспешен женски национален тим за 2024 година е ракометната репрезентација, а ракометарите беа избрани за најдобри во машка конкуренција.
За најдобар спортист со инвалидитет е прогласена Оливера Наковска Бикова, спортско стрелаштво.
Посебна награда доби најдобрата ракометна судиска двојка Ѓорѓи Начевски/Славе Николов.