Спорт
Њукасл ќе „работи“ на холандски погон

Холанѓани би требале да го водат Њукасл јунајтед во новата ера, која започна пред три недели, кога клубот доби нови газди. На „Сент Џејмс парк“, сакаат да ги видат спортскиот директор и тренерот на Ајакс, Марк Овермарс и Ерик тен Хаг.
„Заинтересирани се овој проект. Тоа е голем предизвик. Овермарс е во Ајакс 10 години, направи се што можеше за клубот. Наскоро очекувајте конкретни потези од Њукасл и почетокот на преговорите“, пишува холандски „Телеграф“.
Овермарс инсистираше Тен Хаг да го преземе Ајакс во 2017 година. Поранешниот тренер на Утрехт, со Ајакс доминира во холандското првенство и има забележителна улога во Лигата на шампионите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
УЕФА, сепак, нема да дозволи знамиња со „Голема Унгарија“

И покрај тоа што унгарските медиуми објавија дека УЕФА ќе го исполни барањето на Унгарската фудбалска федерација за знамињата на кои е нацртана мапата на „Голема Унгарија“ да не се смета како политички и „расистички“ симбол, УЕФА појасни дека нема да може да се објавува знамето на кое покрај Унгарија се и делови на Романија, Србија, Хрватска, Словачка, Австрија и Унгарија.
Унгарците го сметаат мировниот договор од 1920 година, во кое Унгарија загуби две третини од својата територија, како неправеден, а фудбалската федерација тврдеше дека знамињата со вакви мапи само претставуваат изразување на историски симболи.
По бесната реакција на повеќе федерации, во прв план Романија, УЕФА директно одговори.
„УЕФА не го одобри, ниту ќе го одобри прикажувањето на симболи кои се споменуваат во објавата на Унгарската фудбалска федерација. Сметаме дека се работи за грешка, бидејќи претставување на овие симболи претставува прекршување на дисциплинскиот правилник на УЕФА околу политички и провокативни пораки“, се вели во објавата на УЕФА.
Спорт
Еди Џордан: Корина Шумахер веќе 10 години е „затвореник“

Корина Шумахер, сопругата на Михаел Шумахер, веќе десет години „живее како затвореник“ во обид да ја сочува приватноста и состобјата на нејзиниот сопруг, вели поранешниот шеф на Ф1, Еди Џордан.
Шумахер во декември 2013 година страдаше во несреќа на скијање, добивајќи сериозни повреди на главата по што беше поставен во медицински индуцирана кома. Тој потоа беше преместен во семејниот дом на езерото Женева во Швајцарија во септември 2014, каде што има помош од тим на медицински лица.
Џордан, кој му ја даде првата шанса на Ф1 на легендарниот Германец, лани откри дека има план да го посети Шумахер, но не доби дозвола од семејството.
„Ова е најстрашна ситуација за Мик и Корина. Поминаа речиси 10 години и Корина нема отидено на ниту една забава, на ниту еден свечен ручек, таа е како затвореник бидејќи сите сакаат да знаат што прави Михаел, но тоа не е дозволено“, вели Џордан.
54-годишната Корина јавно не зборува за состојбата на нејзиниот сопруг, иако во документарниот филм од 2022 имаше изјава.
„Михаел е тука. Поинаков, но тој е тука, и ни дава сила. Заедно сме. Сите живееме заедно, правиме терапија, сите можни работи за да му го направиме животот поудобен и да ја почувствува семејната атмосфера“, изјави тогаш Корина.
Минатата година, Корина и нејзината ќерка Џина ја добија државната награда на германската провинција Северна Рајна-Вестфалија. Џина се натпреварува во коњички спорт, додека Мик Шумахер го следеше својот татко во Ф1, возејќи две сезони за Хас Ф1, пред оваа година да биде тест-возач на Мерцедес.
Спорт
Тотенхем го сака Компани за нов менаџер?

Винсен Компани е желбата на Тотенхем за нов менаџер. Како што е познато, Антонио Конте би можел и официјално да добие отказ од Тотенхем во наредните два дена, а сопственикот Даниел Леви веќе бара алтернативи.
Претходно во неколку наврати се споменуваа Маурисио Почетино, па дури и Томас Тухел, а сега во приказната одеднаш влета Компани.
Белгиецот направи вистинско чудо во Чемпионшип, неговиот Барнли сигурно ќе се врати во Премиерлигата, а оваа сезона негува поинаков, напаѓачки фудбал.
Компани има големи амбиции со Барли и не се знае дали е подготвен да го напушти клубот по само една сезона, но понуда од Тотенхем секако е една од оние што не доаѓаат секој ден во животот.
Пеп Гвардиола по средбата меѓу Манчестер Сити и Барнли изминатиот викенд во ФА Купот изјави дека очекува Компани во иднина да стане менаџер на актуелниот англиски шампион.