Спорт
Норис: Ферстапен треба да се занимава со комедија
Ландо Норис, возач на Мекларен во Формула 1 шампионатот, одговори на провокациите упатени од страна на старо-новиот шампион, Макс Ферстапен. Холанѓанецот, во неделата, го освои петтото место на трката во Лас Вегас, на која победи Џорџ Расел од Мерцедес, со што и теоретски ја обезбеди четвртата последовна титула.
Ферстапен, пред неколку дена во разговорс за „Де Телеграф“, рече дека во болидот на Мекларен многу порано би ја обезбедил титулата.
Ландо Норис не можеше и не сакаше да го премолчи ова, порача дека Ферстапен „треба да се занимава со комендија“.
„Треба да прави комедија. Може да каже што сака. Секако дека не го делам неговото мислење, тој е добар возач, но не е искрен. Знам колку е способен возач, сигурен сум дека јас ќе ја освоев титулата доколку тој не возеше болид на Ред Бул. Не верувам во неговите коментари, но ми се допаѓа неговата самодоверба“, рече Норис.
И покрај тоа што Ферстапен ја освои титулата, борба меѓу него и Норис ќе има и во последните две трки. Двата тима заедно со Ферари се борат за титулата кај конструкторите.
Мекларен на врвот има 24 поени пред Ферари и 53 поени пред третопласираниот Ред Бул.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Германецот е вишок во Вест Хем, блиску е до трансфер во Милан
Милан ќе го доведе Никлас Филкруг (32) од Вест Хем во јануарскиот преоден рок, пишува Фабрицио Романо. Трансферот е многу блиску до реализација, а германскиот централен напаѓач е приоритет на „росонерите“.
Поради Милан, Филкруг одби две понуди од Бундеслигата и сега останува клубовите да се договорат за трансферот.
На Милан итно му е потребен централен напаѓач откако Мексиканецот Сантијаго Хименез беше опериран, поради што ќе паузира неколку месеци. Филкруг не игра во лондонскиот клуб и оваа сезона има девет регистрирани настапи, од кои два од првата минута.
За Вест Хем, тој постигна три гола и асистираше двапати во 29 натпревари досега. Во својата кариера, тој играше и за Вердер, Хановер, Нирнберг, Борусија Дортмунд и Гројтер Фирт. Тој има 24 настапи и 14 гола за германската репрезентација.
Според „Трансфермаркт“, тој вреди осум милиони евра.
Спорт
ФИФА за 200 милиони евра го зголеми наградниот фонд на СП
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), објави дека наградниот фонд на Светското првенство во 2026 година ќе изнесува 655 милиони долари (558 милиони евра), што е зголемување од 50 проценти во споредба со последното Светско првенство одржано во 2022 година во Катар.
Титулата светски шампион ја брани Аргентина, која пред три години ја победи Франција во финалето по изведувањето на пенали.
Секоја репрезентација што ќе се пласира на Светското првенство ќе добие 1,5 милиони долари (1,28 милиони евра) за трошоци за подготовка, што значи дека ФИФА ќе им исплати вкупно 727 милиони долари (619 милиони евра) на учесниците на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Кој колку ќе добие:
Шампион – 50 милиони долари (42,6 милиони евра)
Вицешампион – 33 милиони долари (28 милиони евра)
Трето место – 29 милиони долари (24 милиони евра)
Четврто место – 27 милиони долари (23 милиони евра)
Од 5-то до 8-мо место – 19 милиони долари (16 милиони евра)
Од 9-то до 16-то место – 15 милиони долари (13 милиони евра)
Од 17-то до 32-ро место – 11 милиони долари (9 милиони евра)
Од 33-то до 48-мо место – 9 милиони долари (7 милиони евра)
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, истакна дека Светското првенство во 2026 година ќе биде пресвртница во однос на финансискиот придонес кон глобалната фудбалска заедница.
Сите групи на СП:
Група А: Мексико, Јужна Африка, Јужна Кореја, победник плејоф Данска-Македонија, 2. Чешка-Република Ирска
Група Б: Канада, Катар, Швајцарија, победник плејоф Италија-Северна Ирска , Велс- Босна и Херцеговина
Група Ц: Бразил, Мароко, Шкотска, Хаити
Група Д: САД, Австралија, Парагвај, победник пелјоф Турција-Романија, Словачка-Косово
Група Е: Германија, Брегот на Слоновата Коска, Еквадор, Курасао
Група Ф: Холандија, Јапонија, Тунис, победник плејоф Украина-,Шведска Полска-Албанија
Група Г: Белгија, Иран, Египет, Нов Зеланд
Група Х: Шпанија, Уругвај, Саудиска Арабија, Зеленортски острови
Група И: Франција, Сенегал, Норвешка, победник во плејофот во Ирак-Боливија/Суринам
Група Ј: Аргентина, Австрија, Алжир, Јордан
Група К: Португалија, Колумбија, Узбекистан, победник во плејофот ДР Конго-Нова Каледонија/Јамајка
Група Л: Англија, Хрватска, Панама, Гана.
Foto/ Depositphotos
Спорт
Меси нема да остане сам во Интер Мајами
Интер Мајами ја освои титулата во МЛС, а потоа Серхио Бускетс и Џорди Алба официјално ги завршија своите кариери.
Во исто време, иднината на Луис Суарез не беше позната, бидејќи се шпекулираше дека поранешниот голгетер на Барселона би можел да го смени клубот.
Сепак, како што пишува „Атлетик“, уругвајскиот напаѓач наскоро ќе го стави потписот на на новиот договор со Интер од Мајами.
Ова значи дека, Суарез ќе остане со својот голем пријател Лионел Меси, со кого се речиси неразделни уште од времето кога беа заедно во Барселона.
Откако пристигна во Интер, искусниот напаѓач одигра 87 натпревари, постигна 42 гола и додаде 29 асистенции.
Foto/ depositphotos

