Спорт
Норвешка ја декласира Словенија во „малото финале“

Репрезентацијата на Норвешка го освои бронзениот медал на 14 Европско првенство во ракомет. Во „малото финале“, Норвешка со доминантна игра ја победи Словенија со 28:20. Ова е прв недал од европските првенства за Норвешка.
Норвешка собра сили, по синоќешниот шокантен пораз од Хрватска и целиот бес го истурија врз Словенците.
Словенија на овој меч само еднаш имаше предност, 2:1 на самиот почеток, останатиот дел од мечот им припадна на Норвежаните иако Словенците се држеа во првиот дел. Норвешка на полувреме имаше предност од три гола.
Во вториот дел Словенците не може да го испратат ритамот што го наметнаа Норвежаните. Предност растеше до максималните девет гола.

Мечот го обележаа голманите на двете репрезентации Бергеруд (Норвешка) и Ферлин (Словенија) со по 14 интервенции.
Најефикасни кај Норвешка беа Јондал со седум, Бјорнсен со пет, односно Сагосен и Јоханесен со четири гола. Словенија ја предводеа Бомбач со пет и Мацковшек со четири гола.
Големото финале на Европското првенсто ќе се одигра утре помеѓу Хрватска и Шпанија од 16.30 часот.
foto/epa
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хамилтон казнет, го попречувал Ферстапен

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, беше казнет со додавање на три позиции на квалификацискиот пласман, па затоа претстојната трка во Формула 1 за Големата награда на Монако ќе ја започне од седмото место.
Седумкратниот светски шампион беше казнет за попречување на Макс Ферстапен од Ред Бул во текот на квалификациите.
Хамилтон, доби погрешна информација од неговиот инженер, кој го извести преку радио дека Ферстапен, кој беше зад него на патеката во првиот сектор, возел бавен круг, што го натера да забрза кон целта додека Холанѓанецот се приближуваше.
По казната, Хамилтон ќе стартува од седмото место, а Ферстапен се искачи за една позиција – на четвртото, возачот на Рејсинг Булс, Исак Хаџар, на петтото, а Фернандо Алонсо од Астон Мартин на шестото.
Хамилтон изјави за „Скај Спортс“ пред да биде објавена казната дека се држел на страна, но дека по пораката забрзал и сигурно го попречил на Ферстапен.
Ферстапен рече дека тоа не била грешка на Хамилтон, туку грешка на тимот.
Големата награда на Монако се вози попладнево од 15 часот.
Спорт
(Видео) Минесота ја декласира Оклахома

Кошаркарите на Минесота ја декласираа Оклахома (143:101) и го намалија резултатот на 2-1 во финалната серија од Западната конференција на НБА лигата.
Тимбервулвс направија изненадување и им возвратија на Тандерите за првите два убедливи порази во Оклахома.
Најзаслужен за победата на домашниот тим беше Ентони Едвардс, кој постигна 30 поени, девет скока и шест асистенции.
Минесота веќе имаше предност од 20 поени по првата четвртина, па дури и +31 на полувремето, па затоа не е ни чудо што резервите на двата тима добија шанса во последната четвртина.
Џулиус Рендл, заедно со Едвардс, се истакнаа кај победниците со 24 поени, Теренс Шенон, имаше 15, додека Леонард Милер постигна 11 поени.
МВП-от на лигата, Шеј Гилџис-Александер, потфрли како и целиот тим. Тој имаше само 14 поени (4/13 од поле), шест асистенции и два скока.
Само Џејлен Вилијамс со 13, Чет Холмгрен со 10 поени и пет скока и Дилон Џонс со 10 поени беа двоцифрени.
Четвртиот натпревар, исто така во Минесота, е закажан за вторник во 2:30 часот.
Спорт
Одличен меч, драго ми е што успеав! – се огласи Ѓоковиќ по освоената 100-та титула

Тенисерот Новак Ѓоковиќ ги искажа своите впечатоци од финалниот меч на турнирот во Женева по освоената 100-та титула во кариерата.
Новак Ѓоковиќ го победи Хуберт Хуркач со 5:7, 7:6(2), 7:6(2) и повторно покажа зошто е најдобар досега.
„Морав да работам за ова. Имав шанси во првиот сет, направив двојна грешка на сет топка. Мечот можеше да оди и на друга страна. Не знам како направив брејк, можно е и тој да ми го подари. Неколку поени го одлучија победникот, но тоа се случува на вакво ниво. Прекрасна атмосфера, полн стадион, одличен меч, ми е драго што ја освоив стотата титула“, изјави Новак Ѓоковиќ.